Среда, 27 Јануари 2016   
Источната криза и Руско-турската војна (1877 – 1878)

rusko-turska-vojna

Во минатото руската и турската армија повеќе пати ги одмерувале силите на бојното поле. Руско-турската војна која се води од 24 април 1877 до  3 март 1878 година и во која учествуваат доброволци од Македонија има директни импликации врз иднината на Македонија.

Кога кон крајот на 1877 година руската војска се доближува до Цариград,  флотата на Велика Британија се приближува до Дарданелите за да го спречи заземањето на градот. Под притисок на големите сили и претрпените загуби на 31 јануари 1878 година било склучено примирје, а на 3 март бил склучен Санстефанскиот договор според кој Романија, Србија и Црна Гора добиваат целосна независност од Отоманската империја, а Бугарија добива автономија. Незадоволни од зголеменото руско влијание на Балканот, неколку месеци подоцна големите сили прават ревизија на овој договор и го усвојуваат Берлинскиот договор.  

Се започнува во седумдесетите години на XIX век, кога повторно се отвори „источното прашање“, прашање за опстанокот на Отоманската империја. Тоа е време кога во Империјата почнува се посилно да се шири европскиот капитал, што придонесе тоа да се претвори во полуколонија на европските држави. Европското влијание во овој период почнува да се шири и меѓу потчинетите народи во Отоманската империја, особено меѓу потчинатите балкански народи. Со тоа се создадоа основи за пораст на националните ослободителни движења меѓу поробените народи. Сите овие движења во основа имаа иста ослободителна цел. Познатиот енглески историчар Алан Џон Персивал Тејлор (1906 - 1990) смета дека во 1870 година сите балкански Славјани – Бугари, Срби, Македонци, Босанци, Хрвати, Словенци, во научното третирање на националноста се сметаат како еден народ – Јужни Славјани, кои меѓу себе се разликуваат по дијалектот и местото на живеење.

Првите револуционерни сигнали доаѓаат од Босна и Херцеговина, со познатото босанско-херцеговско востание од 1875 година. Тоа ќе доведе до меѓународна криза, таканаречена источна криза која го опфатила периодот од 1875 до 1878 година. Оваа криза уште повеќе се  заострува со априлското востание во Бугарија и Разловечкото востание во Македонија во 1876 година. Истата година започнала и српско-црногорската војна против Турција.

Сето ова беше повод во источната криза да се замешаат големите сили, особено Русија, Британија и Австро-Унгарија, кои на истокот имаа свои интереси, а кои на ова подрачје се испреплетуваа. Во решавањето на источното прашање, секоја од овие сили тргнувала од своите сопствени интереси. Поради таквите околности произлегува и приодот на ослободителните движења на потчинетите балкански народи. Сите тие дејствуваа во зависност од моменталната ситуација, во склад со интересите кои тоа го диктираа, Британија на пример, поаѓајќи од сопствените интереси на Блискиот исток, за да ја има контролата врз патиштата кон Индија, се залагала за територијален интегритет на Турција и била против ширење на руското влијание на ова подрачје.

Од друга страна Австро-Унгарија повеќе се ориентирала кон водење на балканската политика и зафаќање на што е можно поголем дел на балканската територија, отварање на патот према моравско-вардарската долина и продор кон Солун. Ссотојбата која се создаде со источната криза таа ја сметала за погодна за остварување на своите цели.

Ваквата состојба и одговарала и на Русија. Царската руска дипломатија сакала да ги искористи стремежите на Јужните Славјани за ослободување, а од друга страна и симпатиите на руската јавност, особено на славјанофилите. Меѓутоа, зад завесата на „ослободителната мисија“ стоеја интересите на руските владеачки кругови, кои на ова подрачје имаа свои политички и економски интереси. Така Русија станува „најголема препрека за автономијата и слободното соединување на народите и делови на разни народи на просторот меѓу Карпатите и Егејското море. Истата таа царевина под маската на привидно ослободување на тие народи ги криела своите планови за господарење со светот.“

Руската царска политика отсекогаш имала за цел владеење со Дарданелите, односно со Цариград, кој според зборовите на Наполеон преставува „клуч кој сам по себе вреди колку и едно царство, а тој кој го има може да владее со светот.

Овој сон да се владее со Цариград бил ноќна мора за Царска Русија уште за времето на Катарина II. Всушност „Царизмот со векови тежнеел кон освојување на Цариград и владеење со што поголем дел од Азија, при што системски спроведувал соодветна политика и за таа цел ги користел сите противречности и судири меѓу големите држави“.

Во источната криза одредени интереси и претензии имале и ослободените балкански држави како Србија и Грција, но и сеуште неослободената Бугарија. Грција, во склад со својата мегаломанска политика, тежнеела повеќе кон Тесалија и Епир, а подоцна и кон Македонија. Во сите овие потвати не страна не била ниту бугарската елита, која уште во времето кога бугарскиот народ настојувал да се ослободи, јасно ги искажувала своите претензии кон Македонија. Во шеесетите години таа создала здраво јадро во Цариград и Букурешт. Овие бугарски средини, особено во Цариград, биле носечки на големонационалистичките идеи. Рускиот конзул во Битола Јакубовски, во еден свој извештај од 1864 година пишува дека тие биле „со исклучително чуство на бугарско самољубие зголемено до карикатурални размери... “

Во седумдесетите години на XIX  век во овие средини биле изнесени освојувачките планови, а како агентура на овие аспирации послужила Бугарската егзархија формирана 1870 година. Тие сметале дека „Бугарија има потреба за излез на Бело Море“. Меѓутоа, бидејќи оваа елита била разединета и не можела да застане на чело на едно револуционерно движење, таа побарала помош од надвор.

Согледувајќи ја положбата на Турција, односно можноста за нејзино распаѓање некои сили, а во прв ред Русија и Австро-Унгарија, презеле дипломатски иницијативи за евентуална поделба на подрачјата на интересни сфери. Русија за да си создаде што подобри можности да интервенира на Балканот, се обидела во случај на евентуална војна со Турција да добие неутралност од Австро-Унгарија. За таа цел, за време на средбата на рускиот цар и австроунгарскиот император во Рајхштат (Чешка), во јули 1876 година, бил склучен таканарешениот Рајхштатски договор, со кој биле предвидени територијалните аранжмани на двете сили на Балканот.

Во меѓувреме, во врска со извршениот колеж над конзулите во Солун одново дојде до заострување на источната криза. Во Турција биле извршени уставните реформи, а големите сили преку своите амбасадори во Цариград се обиделе кон крајот на 1876 година и почетокот на 1877 година да воведат реформи со надеж дека со нив ќе успеат да ги смират балканските провинции. За таа цел била одржана Цариградската конференција која на Портата и предложила донесување на одлука за формирање на две автономни провинции на Балканот, кои ќе ги опфатат Македонија и Бугарија, а кои би биле под контрола на големите сили. Портата, меѓутоа не го прифатила овој предлог. Бугарската боржуазија пак била живо заинтересирана за одлуките на оваа конференција. Дури бугарските раководители поднеле на конференцијата свој предлог со кој бараат да не се формира две автономни држави, туку само една, во која ќе биде вклучена и Македонија. Тие сметале дека вакво раздвојување не е решение бидејќи во македонскиот дел во иднина би се раширила „сепаратистичка идеја“,со што би се спречила идејата за единствена бугарска држава.

Одбивањето на Портата да ги спроведе во дело одлуките на Цариградската конференција довело до уште поголемо заострување на источната криза и до усогласување на дипломатските инцијативи на Русија и Австро-Унгарија. Така во јануари 1877 година во Будимпешта, меѓу Русија и Австро-Унгарија била склучена тајна конвенција. Во оваа како и Рајхштатската ковенција, се тежнеело за територијални промени во случај да дојде до распад на Турција. Меѓутоа, интересно е тоа што со Рајхштатскиот договор било предвидено создавање независни држави: кнежество Бугарија, Румелија (односно Македонија) и Албанија. Во тајната конвенција било посебно нагласено дека во случај на пропаст на Турција, се исклучува формирање на славјанска или некоја друга голема држава, туку се останува кај предлогот за создавање на автономни држави. Соодветно на тоа, Австро-Унгарија го добила правото да ја окупира Босна и Херцеговина. Инсистирањето на клаузулата на тајната конвенција со која се исклучува формирањето на голема држава е интересен податок, со оглед дека Русија потоа ќе го прекрши со Санстефанскиот договор. Всушност, на овие сили не им било во интерес да се формира ваква заедница. Тоа, од друга страна значи дека руската царска дипломатија со овие конвенции пристапила кон одредени аражмани кон кои морала да се држи, но на кои, меѓутоа, подоцна не им обрнувала внимание.

Со добивањето на согласност од Австро-Унгарија за неутралност, царска Русија добила одврзани раце за заострување на курсот спрема Турција. Тоа и овозможоло во април 1877 година да и објави војна на Турција. Воените дејства траеле речиси десет месеци, а операциите се одвивале претежно на Балканот, а веќе во јануари 1878 година руските сили го завзеле Одрин. Овој продор на руската војска предизвикал страв кај Портата и го вознемирил големите сили, особено Британија. Сите биле вознемирени од можноста Русија да го завземе Цариград и Дарданелите. Од друга страна и руските владеачки кругови биле соочени со алтернатива во врска со завземањето на Цариград. Меѓутоа состојбата на руската војска била многу тешка, а покрај тоа британската флота се доближила до Цариград. Во таа ситуација руската царска влада сметала дека е невозможно понатаму да се водат воените операции. Поради тоа на 31 јануари 1878 година во Одрин било склучено примирје, а на 3 март бил склучен Санстефанскиот договор според кој Романија, Србија и Црна Гора добиваат целосна независност од Отоманската империја, а Бугарија добива автономија. Незадоволни од зголеменото руско влијание на Балканот, неколку месеци подоцна големите сили прават ревизија на овој договор и го усвојуваат Берлинскиот договор

(Извор: д-р Х.- П. „Од минатото на македонскиот народ - Санстефанска Бугарска“, Скопје, 1969, стр. 90-96 д-р Х. А. Санстефанска Бугарска)    

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.