Среда, 10 Февруари 2016   
Источната криза и Руско-турската војна (1877 – 1878) (3)

rusko-turska-vojna

Рускиот државник, генерал и дипломат гроф Николај Павлович Игнатиев (29 I. 1832 – 3 VII. 1908), за време на владеењето на рускиот император Александар II, игра важна улога во определување на руската политика во Азија и на Балканот. Тој е учесник во Руско-турската војна (1877 - 1878) и е креатор  Санстефанскиот мировен договор (19 фебруари/ 3 март 1878), однапред осуден на неуспех. На тоа ќе се спротивстават големите сили, балканските елити, но и македонскиот народ.  Самиот гроф Игнатиев, подоцна ќе изјави: „... Создадов голема Бугарија поради руските интереси на истокот“.

Потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор со кој се формира „голема Бугарија“, предизвика вознемирување во Европа. Дипломатиите на Големите сили (Британија, Австро-Унгарија и др.) се спротивставија на ваквото прекројување на балканските граници. Во дипломатските активности се приклучила и балканската боржуаска елита, која имала свои интереси. Тие испраќале петиции до големите сили, а подоцна и на конгресот каде требаше да се изврши ревизија на Санстефанскиот договор. Балканските боржуазии не испраќала само петиции, туку и испраќале емисари во Македонија за да собираат потписи и со нив да ја докажуваат определеноста на македонскиот народ за една или друга страна.

Во ово период доаѓа и до зголемена активност на македонските кругови. Особено активен бил Димитар Робев од Битола, кој врз основа на турскиот устав од 1876 година бил избран за пратеник во турскиот парламент заедно со Георги Чакаров од Струга. Според дипломатските извештаи, тој водел разговори со грофот Игнатиев кој му рекол дека „Македонија не може да му припадне на ниту еден од трите главни народи на Балканскиот Полуостроф“. Робев сам ја превзел иницијативата да преговара со Србија, со тогашниот претседател Јован Ристиќ.  За него се зборува дека „мечтаел за независна Македонија“. Слични акции превзеле и други македонски емигрантски групи во Србија кои барале создавање на автономна Македонија со христијански гувернер.

Сите овие случувања укажуваат дека и македонската елита имала свој политички програм. Тоа го потврдува и обидот на Робев кој бил претставник на македонската елита и кој како пратеник во турскиот парламент, завземал истакнати функции. Значајни се и акциите на македонските емигрантски групи, кои според своите можности ја изнесуваа својата платформа. Сето ова потврдува дека и македонската елита била живо заинтересирана за ослободување на својот народ, за остварување на политичка самостојност и дека не сакала да биде пион во игрите на останатите сили.

Ваквите акции на Македонците, речиси и да не се споменуваат во историјата на соседите, ниту пак доволно се нагласува реакциите на големите сили. Речиси да не се споменува ни Русија и повлекувањето од идејата за голема Бугарија, како и правењето на нови планови за автономна македонска држава. Особено бугарската историографија, не дава правилни кфалификации за карактерот на Санстефанскиот мировен договор.

Спротивно пак, западноевропската историографија го осудила овој договор кој во прв ред му служел на интересите на руската царска политика. Од друга страна, во руската историографија овој договор е различно оценет. „Всемирнаја историја“ наводи дека договорот не е спроведен. „Малата советска енциклопедија“ неведува дека царска Русија сакала да создаде своја „Задунавска губернија“. „Болшаја советска енциклопедија“ смета дека овој договор создал поволни услови за јакнење на влијанието на Русија на Балканот. „Дипломатскиот словар“ сметал дека овој договор „значително допринел за јакнење на руското влијание на Балканот. Главен негов спроводник била Бугарија.

Карактерот на Санстефанскиот мировен договор и вештачки створената „санстефанска Бугарија“   најдобро го оценил лидерот на бугарското работничко движење Димитар Благоев (14 VI.1856 – 7 V.1924). Овој роден Македонец, од костурското село Загоричани, кој најголем дел од својот живот го поминал во Бугарија, создавањето на „санстефанска Бугарија“ го гледал низ призмата на експанзионистичките интереси на царска Русија на Балканскиот Полуостров. Благоев велел дека под знамето на Русија за „ослободување на христијаните во војната од 1877 – 1878 година се кријат сосема други цели“.

Русија таа платформа ја искористила за да го оствари својот освојувачки план во моментот кога се создале услови за спогодување со останатите империалистичките сили. Благоев смета дека „руско-турската војна го покажа трулежот на царскиот режим на бојното поле и целата неоснованост на царската дипломатија“. Следствено на тоа и создавањето на „санстефанска Бугарија“, според Благоев, била само итра дипломатска игра од страна на Русија“. Со создавање на ваква држава „Русија настојувала да го тргне сомнежот на балканските народи, да ги врзе за себе, и да го вовлече бугарскиот народ во ослободителната мисија на Русија во светот“.

Меѓутоа, толкувањето на Благоев никогаш не било земено во обзир од бугарските историографи, иако самиот гроф Игнатиев, главен актер на Санстефанскиот мировен договор ќе изјави: „... Создадов голема Бугарија поради руските интереси на истокот“.

Токму поради ваквата надворешна политика, царска Русија ќе го претрпи најголемиот неуспех на Берлинскиот конгрес во 1878 година. Принудена со претходните дипломатски разговори да се откаже од низа одредби од Санстефанскиот мировен договор, особено од создавање на голема Бугарија, таа на овој конгрес прифати тој да се ревидира во целост.

Главен потикнувач да се одржи овој конгрес бил Бизмарк, кој настапи како „чесен посредник“. Тој ја „советувал“ Русија да го прифати предлогот за одржување на еден ваков конгрес, а таа всушност била принудена да се сложи со тоа.

Непосредно пред одржување на конгресот во Берлин, Британија превзела иницијатива поради усогласувања на некои аранжмани со Портата и Австро-Унгарија. Ветувајќи и на Портата поддршка во нејзините барања вперени против  Русија, таа на 4 јуни 1878 година склучила со неа тајна ковенција и за возврат го добила островот Крит и го окупирала. И овде дошло до израз дипломатската игра бидејќи империјалистичката трансакција била изведена со многу вештина. Британија на 6 јуни 1878 година заклучила сличен аранжман и со Австро-Унгарија. Двете влади се договориле на конгресот да делуваат единствено и да не дозволат ширење на Бугарија. На тој начин со претходни дипломатски махинации и трансакции било заклучено тоа што на конгресот требало да послужи како основ за дипломатски преговори.

Конгресот бил одржан во Берли и работел месец дена, од 13 јуни до 13 јули 1878 година. Во работата учествуваа преставници на владата, министри за надворешни еаботи или амбасадори ма Русија, Британија, Германија, Австро-унгарија, Франција, Италија, Турција, а сослушани само некои преставници на балканските земји. Конгресот воглавно се задржа на ревизија на Санстефанскиот мировен договор.   

Извор: д-р Х. A.- П. „Од минатото на македонскиот народ - Санстефанска Бугарска“, Скопје, 1969, стр. 104-106 )

Македонска нација

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.