|
|
Христо Узунов |
Иван Здравески (роден во Охрид 22 фебруари 1878 –Цер, Крушево 24 април 1905 ) Мила ми мајко, Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? - Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги. По неуспехот на Илинденското Востание кога многу настрадал и охридскиот крај Христо Узунов останува доследен до своите принципи. „Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Нашата земја се натопи со пепел и крв, и за сѐ знаете, јас сум виновен. Еве ви се предавам, убијте ме, предајте ме, што сакате правете со мене.” Токму во ова себе одречување Христо го покажува својот лик на вистински револуционер и хуманист за што кај народот добива уште поголема доверба . “Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние што ме слушаат, затоа што само искреноста и чистосрдечноста ја издигнале Внатрешната Македонска Организација. Молам особено да ја поздравите мојата љубезна Мајка која што никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков “ Во екот на крвавата борба во село Цер, Кичево кога Христо Узунов е сардисан од сите страни, доаѓа Попот која го повикува да се предаде. “Војводо !!! зборував со Кајмакамот бара да се предадете !! Бесмислено е Војводо Ванчо и Јовче се убиени !!! Бесмислено е .. Војводо !!! .Добро Војдовод, Господ нека е со Вас “ Повикот на Поп за предавање не го разубедува тврдокорниот Узунов борбата продолжува и понатака. Пишува и свое предсмртно писмо. Браќа, Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и три четврти раното, а исто така и четникот Јонче од Дворци (Кичееско), кој беше со Пецо. Мојата архива е распрсната низ целото село. Им ја доверив на три жени, кои не ги познавам. Ванчо исто така ја оставил архивата кај една жена, но не ја знам. Побарајте ја, ќе ја најдете. Причината зошто не ризикуваме да удриме утринава беше во тоа што од 7 - 8 страни ни отворија оган, па мислејќи дека се мнозина, решивме да се бориме, макар и против поголеми сили, кои што ги очекуваме да дојдат. Уверен дека не ќе бидеме спасени, за последен пат Ви испраќам братски поздрави на сите другари и пријатели. Спроти карпата каде што сме сега, го оставив во една дупка на ѕидот моето кесе со четири и пол наполеони, една лира и околу 40 гроша. Тоа се Охридски пари. Мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација и пак тие ќе ја спасат од аномалноста во која е поставена од недобросовесни наши другари. Да гледате колку што е можно побрзо да ги уништите оние досега раководни сили во Организацијата, кои му нанесле штета на делото, како што е Сарафов, а не да се накажуваат само прости работници. Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата св. Организација. Досега намерно со ништо не сум му напакостил на Делото, а ако сте забележале во мене некои грешки, бидете уверени дека тие станале против мојата волја. Молам извинување. Молам особено да ја поздравите мојата љубезна мајка, којашто никогаш не сум ја заборавил, бидејќи таа ме направи ваков. Нека ме извини и таа дека со ништо не се зарадувала од мене. Особено го поздравувам брат ми Ангеле. Го добив неговото последно писмо и останав задоволен. Да оди во истиот пат што ми го соопшти во писмото. Го советувам да не се одделува од мајка ми. Поздравете ги и роднините. За последен пат ќе ви повторам. Бидете искрени и пазете основните закони на Орган.устав. Останувам со братски бакнежи. Х.Д.У... Во тие тешки мигови Узунов заедно со своите соборци се самоубива Сведок на таа сцена е Италијанецот Еторе Лодди. "На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. - Труповите на единаесет млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв... Ја видов Македонија во тој момент - маченица, велика, непобедива! " Узунов “Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила“. “Смртта е последна кога нема Слобода “ |