Среда, 14 Април 2021   
„Се Арчиме за Македонија“ - Павел Шатев 1882 -1951

pavel-satev

„Се борам против меѓународниот и бугарскиот фашизам. Мојата глава ја бараше Турција, српските шовинисти, сега ја барате и вие. Многу години живеев по затвори. Ги познавам речиси сите затвори на Турската Империја, ама не само во таа земја, туку и во Мала Азија и во северна Африка. Зошто? Затоа што многу го сакам мојот народ и сакам и тој да живее човечки и да може да се развива. Ние на Балканот можеме да се спасиме од непријателот и да не ги плаќаме сметките за неговата меѓународна политика единствено ако на Советскиот Сојуз братски му подадеме рака. Тоа е причината зошто јас се борам, а вие ми судите“,Шатев.

Гемиџија

Во 1898 година започнале преговорите помеѓу ТМОРО и Македонскиот таен револуционерен комитет (МТРК) и како резултат од нив дошло до самораспуштање на МТРК, а поголемиот дел од дејците се влеале во Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет, додека Слави Мерџанов, Петар Соколов и Петар Манџуков решиле да дејствуваат самостојно и формирале терористичка група подоцна позната како Гемиџиите. Во 1899 година тие заминале во Цариград со цел да го убијат султанот Абдул Хамид II. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на Отоманската банка во Цариград. Мерџанов го известува Јордан Поп Јорданов - Орцето и овој презел мерки за организирање на слична акција во Солун. Со парите, тие најмуваат куќа веднаш наспроти Банк Отоман и цела година групата копа тунел под земјата што води кон основите на банката.

Во исто време, копањето на цариградскиот тунел одело многу бавно. Набрзо дошло до откривање на каналот како резултат на предавство во почетокот на 1901 година. Помеѓу другите документи кои паднале во рацете на османлиските власти, се наоѓал и опширниот извештај за копањето на цариградскиот канал. Во меѓувреме сите терористи биле уапсени, а потоа депортирани во Бугарија, каде што Слави Мерџанов и Петар Соколов почнале да дискутираат за нови идеи за терористички акции. Тие планирале да го престанат легендарниот Ориент-експрес кај Едрене. За таа цел двајцата формирале чета од десетина луѓе, која успеала да се префрли во Одринско во јули 1901 година. Четниците ставиле големо количество динамит на железничката пруга, но не успеале да го експлодираат возот. По неуспехот четата го киднапирала синот на локaлен турски земјопоседник, но наскоро била опколена. Во борбата повеќето од четниците биле убиени, а заробените живи биле јавно обесени подоцна во центарот на Едрене. Манџуков на чело на чета презел обид да ги ослободи од затворот во Едрене своите другари, како за таа цел тој планирал да земе заложници, но претрпел неуспех. Во исто време, Димитар Мечев се префрлил во Едрене, каде што почнал да копа тунел под австриската пошта, која требало да биде разрушена заедно со Отоманската банка во Солун. Поради недоволниот експлозив гемиџиите сепак одбиле да ја експлодираат Одринската пошта.

Во пролетта 1902 година Гемиџиите (Името Гемиџии си го дадоа  самите на себе, атентарот под тоа име ги именуваа они од кои се имаа  веќе простено од животот со цел или да добијата или да ја извадат Гемијата на сувото на коработ.

)  успеале да обезбедат 300 кг динамит и го довршиле каналот до Отоманската банка во Солун. Иако тие планирале што побргу да ги извршат нападите, Даме Груев им сугерирал да почекаат и да ја синхронизираат нивната акција со претстојното востание (Илинденско востание). За разлика од Груев, Борис Сарафов им дал морална и материјална поддршка на Гемиџиите.

Групата решава атентатите да започнат на 28 април1903 година. Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиотброд, да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот; да се дигне во воздух Отоманската банка, да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата.

Секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција. Во врска со прашањето дали атентаторите треба да загинат при акциите дошло до различни мислења. Поп Јорданов, Кирков и Мечев го застапуваат ставот дека атентаторите треба да го положат својот живот, додека Шатев, Арсов и Бошнаков не се согласуваат со тоа. На крајот е одлучено секој сам да си го направи изборо

Епилог

На 24 мај била донесена смртна пресуда за преживеаните гемиџии Марко Бошнаков, Павел Шатев, Милан Арсов и Георги Богданов. Според судот кој ја донел пресудата, тие дошле во Солун за да ги нападнат државните институции, банките и граѓаните за да се промени формата на владеење со румелиските вилаети.

Треба да се истакне дека гемиџиите биле посебна автономна група или кружок, но нивни главни организатори биле Славе Мерџанов и Петар Соколов, всушност програмата и целите кои биле поставени од страна на МТРК биле реализирани и од страна на гемиџиите.

Гемиџиите, биле млади идеалисти кои сакале да ги положат своите животи за своите татковини Македонија и Одринско, односно сите тие биле дел од македонското, односно македоно-одринското револуционерно движење кое се борело за слобода и човекови права.

Адвокат Иван Здравески

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.