Среда, 21 Декември 2022   
„Се Арчиме за Македонија“

se-arcime-za-makedonija

Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да може македонското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава... Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот...

Прогонство

Павел Шатев Уапсен е и на судскиот процес на 6 јуни 1903 година е осуден на смртна казна. Исчекувајќи го три години извршувањето на смртната казна во солунскиот затвор Еди Куле, на 23 април 1906 година, неочекувано, смртната казна му е заменета со доживотен затвор во Фезан, во Сахара.

Амнестија и дообразување

Во 1908 година, по Младотурската револуција, добива амнестија и повторно доаѓа во Солун. По кусиот престој во Македонија, заминува во Бриж, Белгија каде завршува Магистерски и Докторски Студии по Право , воедно ќе биде и првиот Адвокат а подоцна и Министер за Правда во независна Македонија во состав на тогашна Југославија.

Меѓу македонската емиграција во Бугарија

Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во бугарската војска, а по војната активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.

Во декември 1921 година, на Основачкиот конгрес на Македонската емигрантска федеративна организација е избран за нејзин претседател.

Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година станува професионален разузнавач за СССР.

Игра важна улога во потпишувањето на Мајскиот манифест, а од 1925 година активно учествува во дејствувањето на ВМРО (Обединета). Во 1931 година се враќа во Бугарија.

Во ноември 1941 година е уапсен од бугарската полиција, а во јуни 1942 година на големиот судски процес против комунистите е осуден на 15 години затвор.

Учесник во создавањето на современата македонска држава

По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година се враќа во Македонија и се вклучува во политичкиот живот на македонската република. На 27 октомври 1944 година е кооптиран за делегат на АСНОМ, на Второто заседание на АСНОМ, одржано на 30 декември 1944 година, е избран за член на Президиумот на АСНОМ, а во април 1945 година станува прв министер за правосудство во првата Влада на слободна Македонија.[3] На таа функција останува една и пол година, до изборот на нова влада, на 31 декември 1946 година.

Судир со новите македонски комунистички власти

Шатев влегува во судир со комунистичкото раководство на Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Шатев застанува на страната на советската партија. На 1 октомври 1948 година, заедно со Панко Брашнаров, до ЦК на Советската комунистичка партија упатува доверливо писмо во кое се тврди дека „прашањето за обединување на македонскиот народ уште од самиот почеток се поткопа поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК КПЈ во смисла обединета Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за посебните, специфични услови, ниту за братските соседни земји...“[4]

На 16 јуни 1949 година Шатев е уапсен „како непријател на државата“ и набрзо, на 27 јуни, му е одземен пратеничкиот имунитет. Во истражниот затвор во Скопје е задржан 11 месеци, до мај 1950 година по што е испратен во Битола, во домашен притвор. Лишен е од контакти со надворешни лица и држан е во тешки услови. Набрзо се разболува и, бидејќи не му било дозволено да се лекува, починува во јануари 1951 година.

Властите не дозволуваат да биде погребан во родното Кратово. Закопан е на битолските гробишта, без дозвола на погребот да присуствуваат неговите најблиски.

Петар Карчев, пријател на Шатев и деец на ВМРО (обединета), пишува за него:

Павел Шатев, бидејќи високо чесен човек стана жртва на својата наивност, како во првите моменти од формирањето на сегашната "федеративна" Република Македонија поверува дека во идејата за "македонска нација" не се содржи никаква коварство. Но развојот на работите отвори очите на Павел Шатев - тој со времето сфати дека Македонија повторно е жртва на банда политички аферисти и дека нејзиното "ослободување" е фикција. Колишевски и Влахов беа го продале злочестното македонско население, во своето мнозинството чисто бугарско, на српскиот шовинизам. Павел Шатев нададе загрижувачки вик, но беше фрлен во битолскиот затвор. Тортуриран морално и физички, овој искрен син на Македонија и доблестен борач падна тешко болен и неколку дена откако го пуштија од затвор почина.

"...Однесува за иднината на Македонија. Според едните (сепаратистите) спасението на целокупнa Македонија при достапноста на толку кандидати (Бугари, Срби, Грци и Албанци) беше во автономниот принцип. За нив единственото правилно решение на македонското прашање беше а в т о н о м н а М а к е д о н и ј а  во  г р а н и ц и т е  н а   т у р с к а т а  и м п е р и ја. Според другите Бугарија била доволно силна за да освои целата Македонија, па нема зошто да се зборува за некаква автономија. На истото мислење треба да е била и Егзархијата, бидејќи таа очигледно зеде страната на вторите. Но против автономна Македонија беа не само егзархистите, но уште и Грците и Србите. Последните велеа дека една автономна Македонија ќе отиде таму каде отиде и автономната Источна Румелиjа. Така барем се искажа пред мене еден српски училишен инспектор, како и неколку истакнати Солунски Грци. Принципот за автономна Македонија наогаат во основата на ВМРО, која немалку учество зеде во Солунските борби.

Сега по толку претрпени настани за сите е јасно дека ако во 1912 година наместо дележ на Македонија беше се освоил од сојузниците автономниот принцип, тогаш немаше да бидеме денес сведоци на нејзината разпокинатост, на нејзиното обезликување и бескрајни страдања на македонските бугари."

"... стремежот помеѓу учениците беше вонредно голем. Се разбира, првото и главно занимање на сите беа лекциите пред се, но истовремено љубознателноста не се беше проширила и врз другите пошироки знаења. Во гимназијата имаше специјална за наставниците и учениците библиотека. Таа не беше многу голема, но не недостасуваа сочинениjата на сите бележити руски и бугарски писатели и поети: Л. Каравелов, Ив. Вазов, Хр. Ботjов, Ст. Михајловски и др и др. Во библиотеката се добиваа и првите списанија, издавани во Бугарија, како "Учителски преглед", "Бугарски преглед", "Мисла", "Бугарска збирка" и др. За нив следевме политичкиот и културниот живот на Бугарија."

"И покрај сите контроли и рестрикции, и покрај "литературно-музикалниот" карактер на вечеринките, скоро секогаш, било во програмата или надвор од неа, со импровизирани говори или хуморески се збореше за политичките прашања или историски настани низ животот на бугарскиот народ. Така на пр. се изнесуваа теми: "доаѓането на Турците во Балканскиот полуостров", "Падот на Цариград", "Падот на Трново", "Битката кај Косово поле, Чирмен и др."; "Очерци и епизоди од борбите за формирањето на Егзархијата, низ животот и авантурите на С. Раковски, В. Левски, Бенковски, преземањето на паробродот "Радецки" и минувањето на Дунав од четата на Хр. Ботjов, кои во тоа време беа најпопуларните и интересни и беа сослушувани со жив интерес. Воопшто секоја вечеринка, додека дојдеше редот на следната, беше предмет на разговори и коментари.

Училишните часови продолжуваат, но тие беа црната, прозаичната работа, а коментарите, изучувањето на настани, факти, песни, историски настани од бугарската политичка и понова историја беа најважните теми кои правеа животот по интензивен."

Павел Шатев, "Во Македониjа под ропство"

Адвокат Иван Здравески

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.