|
|
Историјата секогаш излегува на виделина! |
Порталот „Пустец“ на 11 овој месец ќе објави фотографија на која се гледа натпис со македонски јазик на напуштена куќа во Егејскиот дел на Македонија. Под наслов „Историјата и вистината излегуваат на виделина - Македонски историски натпис се појави на напуштена куќа во северна Грција!“, авторот на текстот во даденото објаснување вели: „Во селото Ватокори на 9 километри одалечено од грчко-албанската граница или на 2 километри кај раскрсницата Костур - Лерин, на ѕид од куќа на македонски јазик било напишано „КОНГРЕС НА Н.О.Ф“, но со цел да се прикрие ваквиот факт, грците го измалтариле и стаиле грчки натпис на грчки јазик. Со тек на времето, малтерот испопаѓа и сега на оваа напуштена куќа осамна она што одамна боло напишано на македонски јазик, а ова е уште еден доказ дека во Грција живееле и се уште живееат Македонци.“ Масовно денационализација и асимилација, како и бришење на сите знаци на постоењето на македонскиот народ во Егејска Македонија, грчката држава започнала веднаш по војната во 1913 година. Грците, крајно сурови, ги приморуваа Македонците да ги сменат своите имиња и презимиња, а секое македонско презиме требаше да завршува на ’ис’, ’ос’ или ’пулос’. Истовремено, грчката држава почна вистински поход против славјанската писменост. Славјанските букви и зборови беа отстранувани дури и од надгробните споменици и од црквите. Сите цркви во Егејска Македонија беа прегледани и прекрстени со грчки имиња. Славјанското писмо и сите црковнославјански натписи беа отстранети, а црковни или световните книги на славјански македонски јазик беа уништени. Паралелно со отстранувањето на секаква македонска писменост, остро се прогонуваше и живиот македонски збор. Разни грчки националистички банди крстосуваа низ македонските села и го малтретираа македонското население да зборува само грчки доколку сака да го види утрешниот ден. Грчката националистичка организација Грчко-македонска тупаница ги предупредуваше Македонците дека строго им се забранува да зборуваат на својот мајчин јазик и должни се да зборуваат само грчки секаде и во секое време. Мкедонскиот јазик, кој беше сметан за варварски, недостоен за еден културен граѓанин. беше забранет, омаловажуван и прогонуван. Грците ја забранувале употребата на македонскиот јазик дури и во меѓусебната комуникација меѓу родителите и децата, меѓу селаните, на свадби. седенки или погреби, а беа рушени и илинденски споменици. Најстрашниот напад врз македонскиот јазик беше спроведен за времето на диктаторот Јоанис Метаксас во 1936 година, кога тој ја забрани употребата на македонскиот јазик во секојдневниот живот, како и да е комуникација во семејството дома. Прекршувањето на оваа забрана повлекуваше тешки и сурови физички казни, но и плаќање таканаречен јазичен данок. Во тој период за прекршување на забраната за користење на македонскиот јазик, над 4.500 Македонци беа осудени и испратени на грчките острови. Поради притисокот на Друштвото на народите, грчката влада беше принудена меѓу двете светски војни да преземи одредени мерки за да ја убеди Европа дека Грција, ги почитува одредбите за заштита на правата на малцинствата што произлегуваат од Парискиот мировен договор.Така, во 1925 година во Грција беше отпечатен букварот наречен „Абецедар“. Букварот беше печатен со латински букви на македонски народен јазик, односно на леринско-битолски дијалект. Но, веднаш по публикувањето, букварот беше уништен и никогаш не стигна во рацете на тие за кои што беше наменет. Поради репресивен живот во својата родна земја под грчка окупација, Македонците ги сметаа Грците за многу полош окупатор од Турците: Отука постарите Македонци говореа дека „Турците немаа вера, но имаа исав. Грците немаат ни вера нуту исав“. Сепак, сите обиди на Грците да го скршат духот на македонскиот народ пред Втората светска војна не успеа. Македонците заедно со прогресивните сили на Грција масовно зедоа учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна. Меѓутоа, согледувајќи дека ГКП нема да се држи до договореното, Македонците од Воден, Костур и Лерин го формираат Народноослободителниот фронт (НОФ). На 23 април 1945 година, пред самиот крај на Втората светска војна, од страна на Михаило Керамитчиев, Паскал Митревски, Георги Урдев, Павле Раковски, Минчо Фотев и Атанас Коровешов беше формиран НОФ, кој според првиот устав се стреми за борба против грчките монархофашистички агресори, борба за опстанок на Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Од овој период е и самиот натпис „КОНГРЕС на НОФ, кој по Граѓанската фојна (1946 - 1949) и протерувањето на Македонците е префарбан. Сепак со тек на времето малтерот паднал и на виделина излезе вистината. Написот на македонски јазик на напуштена куќа кој по толку време повторно се појави е доказ дека во Грција живееле и се уште живееат Македонци. извор: http://pustec.com/?p=1797 Македонска нација |