|
|
За Д-р Илија Чулев, интелeктуалец суден за Независна Македонија,прогонуван и жртва на комунистичкиот режим |
Со конституирањето на Комунистичка Југославија во чии рамки влегува и НР Македонија,македонското прашање не било решено,однсно македонскиот народ не ги остварил своите вековни стремежи за Независна Македонска држава, во нејзините етнички граници.Така како израз на разочарувањето од нерешеното македонско прашање и неприфаќањето кај голем дел од Македонците се појавило незадоволство, македонската држвава да биде во склоп на Југославија.Така во Македонија се појавуваат групи и тајни органзиации со предзнкот ВМРО,кои се залагаат за формирање на Незавсина Македонија со демократски акциент на најзиното уредување. Комунистичките власти започнуваат переманентно прогонување,затворање и апсења на сите македонски организации кои се залагале за Независна и обединета Македонија со демократско уредување,членовите на овие организации биле цутот на младата македонска интелегенција.Д-р Илија Чулев е еден од големиот број на македонски патриоти кои биле прогонувани за идеите на ВМРО и кои своите живоите ги оставиле по комунистичките затвори. Д-р Илија Чулев (1908 – 1950) роден е во Кавадарци и бил член на организацијата Демократскиот фронт на Македонија ,,Илинден 1903,,. Тој бил висок интелектуалец. Медицински факултет завршил во Загреб. Многу рано, уште за време на студирањето во Загреб, во 1933 година се вклучил во редовите на ВМРО (Обединета) и учествувал во активностите на партијата чија програмска платформа била: создавање на независна и обединета Македонија во нејзините етно-геогравски граниици, самостојно или како посебна политичка единица во рамките на една поширока Балканска федерација. Тој бил активен и во политичкиот и културниот живот меѓу двете светски војни во неговиот роден град Кавадарци каде и ја ширел идеите на ВМРО(обединета). Во 1938 година, бил избран за пратеник во собранието на Кралството Југославија од листата на Земјоделската партија за Кавадаречка околија. Во своите дискусии во собранието се залагал за подобрување на положбата на македонските селани, за правилно ликвидирање на аграрната реформа, за намалување на експлотацијата која се вршела преку обезвреднување на клучните земјоделски производи кој вирееле на македонското поднебје (тутун, афијон, ориз, грозје и др.), за културен развој на селото итн. Додека престојувал во Белград, матријално ги помагал македонските студенти ( Страхил Гигов, Кирил Миљовски, Ванчо Бурзевски и др.) Исто така, бил симпатизер на МАНАПО поради што во 1941 година бил интерниран во затворот во Ивањица. Откако бил ослободен работел како лекар во Прешево. При крајот на 1944 година бил мобилизиран во македонските воени единици како санитарен лекар. Во текот на 1945 година бил уапсен од комунистичката власт во НР Македонија на два наврати заради неговите демократски убедувања,и неговите заложби за Независна обединета Македонија под закрила на Америка. Д-р Илија Чулев на 20.10.1945 година бил уапсен како раководно лице на организацијата Демократскиот фронт на Македонија ,,Илинден 1903,,. Иследувачите го изложиле на невидено измачување и насилство, но од него не дознале ништо. Организацијата Демократскиот фронт на Македонија,,Илинден 1903,, ја предводеле петмина Македонци од различни краеви на Македонија,а во платформата на самата организација живееле идеите на исконската ВМРО за Незавсина Макеоднија во етничките граници со демократско прозападно уредување.Основачи на Органзиацијата ДФМ-Илинден-1903 биле Д-р Илија Чулев (лекар од Кавадарци),Д-р Димитар Златарев (докторирал правни наукина универзетот во Рим од Охрид),Коста Хрисимов-Смилец (роден во Старчишта, Драма-Егејска Македонија),Стефан Кузманов (економист од Битола) и Коста Динев (економист од Сарачиново, Воден-Егејска Македонија) Оваа организација во која главен предводник бил д-р Илија Чулев создала свои ограноци во Скопје, Битола, Велес, Штип, Охрид и Кавадарци. Тие ја изразувале поврзаноста кон ВМРО-Гоцеделчевска, Организацијата се деклрира дека ги изразува националните интереси и стремежи на целиот македонски народ (од трите дела на Македонија) за национално обединување и смостојна државност со демократски општествен поредок. Д-р Илија Чулев пред истражните органи се држел многу храбро, не можеле да го ,,скршат,,. На сослушувањето во ноември 1945 година, помеѓу другото ќе изјави дека неговата идеологија е демократска, за давање поголеми права на сите народни слоеви во изградувањето на власта и решавањето на економските проблеми, дека демократијата во Македонија треба да изгледа како еден збир на сите конструктивни сили во државата кои што сакаат да помогнат во изградувањето на државата, без разлика на нивната партиска определеност, дека треба да се обединат и треба да бидат заедно сите три дела на Македонија. Потоа при крајот на сослушувањето додал дека, доколку би барале формирање на нова партија, ќе бидфат сватени како рушители на власта и прогонети. Поради тоа се надевале дека големите демократски држави ќе влијат на власта да дозволи секој слободно да си ги икажи своите размислувања за внатрешното уредување на државата и тие лица да не бидат окфалификовани дека сакаат да ја рушат новата власт, туку дека скаат да придонесат за подобро уредување на сите прашања на државата. Судскиот процесот против овој раководител на Демократскиот фронт на Македонија ,,Илинден 1903,, започнал 8 февруари 1946 година. Тој бил обвинет според законот за: дело против македонската национална чест, за изработка на печат на организацијата, подготвување на меморандум кој ќе биде предаден на Советот на Министри за надворешни работи на големите сили, за оцрнување на југословенските власти и сл. За да обвинението биди што поубедливо обвинителот Никола Вражалски измислил дека тој се стремел да создаде илегални, противнародни, терористички организации во Вардарска Македонија кои би се бореле за Незавсина Македонија. Судот е безмилосен. Еден од судените ( Никола Коларов син на стреланиот Методи Коларов член на ВМРО-Возобновена ) се сеќава: ,,На нашето судење не се судеа нашите дела, зашто дела немавме, туку наша идеја, на обвинителната клупа се најде ВМРО... нашата група беше за самостојна, автономна и обединета Македонија под протекторат на Америка и Англија како гарант за нашата самостојност и слобода. Ние немавме никаква помисла за Ванчо Михајлов и никаква помисла за приклучување кон некаква Бугарија,,,ние бевме за идеите на ВМРО за Независна Македонија. Д-р Илија Чулев осуден е од врховниот суд во Скопје на 10 години строг затвор. Овој голем интелектуалец и уште поголем патриот за создавање на независна и обединета Македонија во нејзините етно-геогравски граниици, комунистичката власт не можела психички да го скрши, единствено што му останало е физички да го ликвидира. Поради тоа, Д-р Илија Чулев, бил подложен на невидени и најсурови измачувања. Бил денонокно претепуван и ставен во безвоздушен канцер.Во 1948 година, тој им подлегнал на страотните ѕверски измачувања. Од канцерот го извлекле мртов.Д-р Илија Чулев е само еден од плејадата на македонски патриоти кои беа репресирани и затворани од комунистичките власти прогонувани за самобитноста на македонскиот народ и државност. Користена литература- 1.Лекции од историјата на современта македонска држава(1944-1991) година-проф –др Виолета Ачковска-Скопје 2011., 2.Судени за Македонија-Стојан Ристевски 3.Зборник на политички затвореници-1945-1990,Скопје том втори 4.Репресијата и репресираните во Македонија-проф-др Виолета Ачковска,проф-др Никола Жежов. Пишува –Ѓорги Чекутков-историчар |