|
|
Создавањето на Грција - присилното хеленизирање |
Во 1923 г., по грчко-турската војна за Тракија, потпишан е договор меѓу Турција и Грција за размена на населението по верска основа. Сите православни жители на Турција требало да се иселат во Грција, а сите грчки муслимани требало да се иселат во Турција, без разлика на етничкиот идентитет. Тогаш, во Турција се сели 1/3 од егејските Македонци кои биле исламизирани, а на нивно место доаѓаат Караманите. Караманите се православни Турци кои живееле на територијата на Мала Азија. Тие го фомирале првото турско султанство, Караманија; припаѓаат на турското племе Bozdoğаn, кое припаѓа на народот Оghous, составен дел на турската нација. Караманија постои како независно султанство од 13-15 век, кога Селџуците ги покоруваат, но и покрај тоа најголемиот дел од Караманите си ја задржуваат својата христијанска вера. Караманите биле потчинети на Цариградската Патријаршија, која сите свои поданици настојувала да ги погрчи. Политиката на Патријаршијата била едноставна: секој патријаршиски поданик е Грк. Затоа, Караманите и останатите православни Турци се одвојуваат во посебна турска православна црква од крајот на 19 век. Ефтим Баба, водачот на Турската православна црква жестоко се противел на депортацијата на Караманите во Грција, бидејки тие биле етнички Турци, православни, а не Грци. (Teoman Ergene, İstiklal Harbinde Türk Ortodoksları [Turkish Orthodox During the War of Independence] (Istanbul, 1951), passim. / Macar, op.cit., 84-94 Turkish Orthodox Patriarchate). Околу 850.000 Карамани се преселени воденешна Грција, спротивно на нивната желба да останат во Турција. (December 4, 1922, “The New York Times” Page 16, Col. 3). Турција, како доминантно муслиманска земја сакала да се ослободи од христијаните Турци, а да ги прими балканските муслимани во нивното општество. Грција, секогаш православните Турци ги идентификувала како Грци, иако нивен мајчин јазик бил турскиот.(E.Z.Karal "Osmanli Tarihinde Turk Dili Sorunu", "The Turkish Language Problem in Ottoman History) страна 25.).
Најголемиот дел од овие Карамани(638.253 или 52% од вк. бр. доселеници) се населени во егејска Македонија, за да го неутрализираат македонското население. Тие православни Турци, сега се најголеми Грци и полагаат право дека се "правите" Македонци. Секако, ова го прават делумно како последица на грчката агресивна пропаганда од минатиот век, но и поради стравот да не им се одземат имотите кои припаѓаа на протераните егејски Македонци, а грчката држава им ги подари. Така наречената “Грчка-Македонија“ е измислица, вештачка творба која служи како основа за територијални и историски претензии од грчка страна. Оние вистинските и единствени Македонци се негирани и репресирани за да може Грција да поседува туѓа територија и да краде туѓа историја. Меѓутоа, репресивните асимилациони мерки кои биле користени во минатото за Македонците, ги опфаќале и овие доселеници од Мала Азија. Имено, ним забрането им било патувањето назад во Турција при што им се заканувало одземање на грчкото државјанство доколку тоа го стореле. А со закон било забрането идентификувањето како Турци. (Martin Baldwin-Edwards,"The Asia Minor atrocities and the ‘Exchange of Populations") Во 1925 година, Салванос, шефот на персоналот од десеттата армиска дивизија лоцирана во “Западна Грција“ имал за задача да направи етнолошко истражување на Леринскиот регион кое требало да служи за ориентација при понатамошното раселување на доселениците. Тој запишал дека оние со чиста грчка национална свест за припадност се незначително малцинство, додека славофоното население се дели на три групи: Првата, кај кои преовладува грчкиот сентимент, вторите кај кои преовладувал бугарскиот сентимент и третата група која била индиферентна во однос на националноста и биле заинтересирани само да ги задржат секојдневните животи. Последнава, трета група, нагласил Салванос, го сочинува мнозинскиот дел од целата популација и се декларира како Македонци. Тие сочинувале меѓу една половина и три-четвртини од целата популација во дадено село, додека оние со бугарскиот сентимент не повеќе од една четвртина, а последната, славофона група која го негувала грчкиот сентимент изнесувала само од едно до пет семејства во рамките на дадено село. (Minorities in Greece" by Richard Clogg, 2002, страна 129) Најдобар коментар за завршување на вториот дел од “Создавањето на Грција“, ќе ни послужи митрополитот од Лерин, Августинос Кандиотис кој изјавил: “Доколку стотиците илјади бегалци не беа донесени во Грција, грчката Македонија денеска не би постоела. Бегалците ја создадоа националната хомогеност во нашата земја.“ (Anastasia N. Karakasidou,“Fields of wheat, hills of blood: passages to nationhood in Greek Macedonia1870-1990“, страна 141.) Продолжува... Mihail Barak |