Среда, 25 Мај 2016   
Методија Шаторов Шарло

sarlo

Методија Шаторов е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп од мајка Христина Иванова Шаторова и татко Тасе Шаторов. Уште од мали години, покрај учењето, му помагал на својот татко во неговото дуќанче. Откако го завршил четвртиот клас во прилепското училиште, се запишал во битолската гимназија. Со избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, Шаторов се преселува за учење во призренската школа. Оттаму во Скопје во 1915 година, каде ја завршува училителската школа. Во 1918 година Шаторов емигрира во Бугарија од каде пропагира преку пишани книжевни написи за македонска нација за посебна национална, самобитна на Балканскиот Полуостров. Станува член на социјалистичката партија (потпишан со националност Македонец). Учествува во Септемвриското востание во Бугарија во 1923 година. Една година подоцна бил уапсен и мачен во затворот од каде излегол со нарушено здравје. Во 1925 година станал член на ВМРО - Обединета. Шаторов бил определен да работи меѓу македонските емигрантски маси за созревање на комунистичката организација на Македонците во Бугарија. Според бугарските политички досиеја, бил обележан за опасен комунист. Главата за погубување му била проценета на 4.000 лева. При крајот на 1927/28 година на нелегалната конференција во Берлин, Шаторов се заложил за постоење на македонска организација во Вардарска Македонија. Во 1928 година бил фатен од бугарската полиција и осуден на 11 месеци затвор. Во јули 1929 година бил ослободен, а во 1930 година заминал за Москва во Советскиот Сојуз. Се вработил во интернационалната Коминтерна и ја завршил лениновата школа.

Во 1935 година организирал активирање на ВМРО - Обединета. Бугарските власти ја откриле организацијата. Повеќе членови од раководството биле затворени додека партијата била забранета. Шаторов бил осуден во отсуство на строг затвор и казна во голема сума лева.

Пред Втората светска војна, Шаторов се движел од Париз во Франција до Барселона, Шпанија, каде ги помагал интернационалните републикански бригади во Шпанија. Оттаму се вратил во Советскиот Сојуз во 1939 година. Во 1940 година доаѓа во Прилеп. Избран е за секретар на покраинскиот комитет за Вардарска Македонија. Тоа го натерало да ја смени етикетата на ПК КПЈ во ПК КПМ. Тежнеел ПК КПМ да ја воздигне со ЦК КПМ како рамноправен член со останите ЦК КП на Југославија за да не биде ПК КПМ во сенка на србоцрногорските партии. Словенечките комунисти на чело со Драгутин Јустинчиќ и хрватските комунисти со Аугуст Цесарец, Анте Цилиго предлагале на Македонија да í се признае национален статус и да биде примена за рамноправен член во ЦК КПЈ. Србокомунистите се спротивставиле со ставот дека за Македонија може да се зборува само за политичко и економско прашање, а никако за национално прашање. Ги штителе интересите на своето население во големина од околу 110 илјади жители во Македонија.

Но, секретарот на ПК КПМ, Методија Шаторов Шарло, почнал да го издава пропагадниот материјал на чист македонски јазик, а не како дотогаш на српски. Паролите "ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА", со соодветен текст се објавувале во весникот на КПМ и во Билтен кој излегувал во 1940 година.  

На петтата земска конференција во Загреб во 1940 г. Шаторов бил избран за член на ЦК КПЈ. Бил единствен од Македонија кој го побарал македонското национално прашање на ниво на суверен статус. Потоа барал да се вратат назад сите дојдени колонисти во Македонија и земјата да му се врати на македонскиот селанец. Србоцрногорските комунисти остро се спротивставиле на предлогот. Дошло до судир на србоцрногорските комунисти, Александар Ранковиќ, Драган Павловиќ, Шилја, Милован Ѓилас, Иван Милутиновиќ, Светозар Вукмановиќ - Темпо и други против ставот на Шаторов. Едновремено бил нападнат од Тито, бидејќи се плашел од интернационалниот углед на Шаторов. Го сметал за голем конкурент на позицијата секретар на ЦК КПЈ.

Со нападот на хитлеровата Германија на СССР на 22 јуни 1941 година, Шаторов го мобилизира народот против германскиот и бугарскиот агресор во собирање на оружје и пропаганден материјал во борба со сите народи во Македонија без разлика на верската и националната припадност. Во јули 1941 г. прилепските партизани го извршиле првиот напад на тунелот кај Гостиражни при што е убиен стражарот на тунелот. На 22 август е формиран скопскиот партизански одред. Иако легално избран за секретар, Шаторов бил жестоко напаѓан од србоцрногорските комунисти, поддржани од македонските изроди. Успевал одредено време да ги одбие нападите, но морал да замине од одговорното место, оти Тито го осудил на смрт. Затоа се вратил во Бугарија.

Србоцрногорските комунисти, ако открија толку пропусти во Шаторов, зошто на неговото место за секретар на КПМ не поставија проверени македонски комунисти како Панко Брашнаров, Кочо Рацин и други, туку донесоа проверен Србин или Србоман како Лазар Колишевиќ, покасно викан Колишевски, небаре бил роден во Свети Николе, растен во Крагуевац, а не знаел ниту еден македонски збор. Србоцрногорските комунисти со националистичките идеи не се разликувале од десничарските партии. Тие, по секоја цена, сакале да ги заштитат доселените колонисти во Вардарска Македонија.

Шаторов во Бугарија се вклучил во партизанското движење. Пак станал член на БКП во 1942 година. Бил назначен за командант на третата востаничка оператива за Пазарџик. На 4 септември 1944 година, во борба со владината војска бил подмолно убиен кај местото Милеви скали близу Пазарџик. Убиството не е расветлено, но се претпоставува дека Шаторов е ликвидиран од агентите на Тито и Колишевски, кои стравувале дека со продорот на Црвената армија преку Бугарија и во соработка со Ѓорѓи Димитров, Вардарска Македонија ќе биде откината од Југославија и заедно со Пиринска Македонија ќе се создаде независна македонска држава.

Методија Шаторов загина, но не се откажа од македонскиот национален идентитет.

СПОМЕНИК НА ШАРЛО В ЦЕНТАР

sarlo2

Споменик на контраверзниот прилепчанец Методија Шаторов - Шарло, првиот секретар на ПК на КПМ и член на Коминтерната, ќе биде откриен во центарот на градот на 24 мај. Споменикот во природна големина е дело на прилепскиот акедемски скулптор кој живее и работи во Скопје, Жарко Башески.

Обележјето претставува рехабилитација на неоправданото етикетирање за сопирање на почеткот на вооружениот отпор и востанието од 11 октормври 1941 година и изгонувањето на револуционерот во Бугарија.

Пред неколку дена, на катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, магистерот Соња Николова од Штип ја одбрани докторската дисертација на 350 страници на темата Шарло.

tome-veljanovski
Томе Велјановски - Марулецот
Гетеборг, Шведска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.