|
|
„СПОМЕНИ“ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ |
ДВИЖЕЊЕТО ПРОТИВ ЕГЗАРХИЈАТА СЕ СОВПАДНА СО ПОЈАВАТА НА ТН. “МАКЕДОНСКИ СЕПАРАТИСТИ” ИЗРАЗЕНО ПРЕКУ СПИСАНИЕТО “ЛОЗА”. ОВА РАЗДВИЖУВАЊЕ ГО СМЕТАМ ЗА ПРВ ЧЕКОР НА САМОДЕЈНОСТ ВО ЗЕМЈАТА. ТОА НЕОСЕТНО СЕ ПРЕРОДИ ВО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ (1892 год.)
"Околу 1890 година во сите поважни центри во Македонија се појави едно настроение кај младите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата да загосподари без контрола во црковните и училишните работи во земјата (Македонија, н.б.). Еснафите , што во македонските градови сочинувааа моЌен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младинците. Движењето беше. речиси, стихијно, со не многу определени бара-ња: недоволство воопшто од поставеноста на егзархиските институции. Определеното, до кое што допираше младината, беше тоа општините да минат не во рацете на старците и на духовниците, како до тогаш, а во рацете на младинците. Од директоритње кои беа егзархиски чиновници, се бараше да се потчинат на локалните училиШни настојателства (управи, н.б.). Младинците бараа во општините да влезат млади луѓе, општините да бидат вистински општини, а не претседателите да си вршат се на своја глава, како што беше по егзархискиот устав, според кој општинските членови беа само советници на претседателите. Владиците, општинските претседатели, класните егзархиски учители, спротивставувајЌи и се на оваа струја, на младината и на еснафите, насекаде поведоа борба против нив. Немаше владика и повиден егзархисдки учител, којшто да не беше подложен на навреди и прогонувања од страна на населението. Ова движење се совпадна со појавата на тн. Од некои македонски ‘ сепаратисти’ изразен преку списанието ‘ Лоза’ во Софија, раководено од Поп Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други. Кружокот "Лоза" претендира и денес дека ова движење во Македонија се должело на нивна агитација. Во Солун се појави меЃу учителите во гимназијата и со ова "сепаратистичко" движење. Споменатово раздвижување, што потраја неколку години, го толкувам просто како реакција против долгогодишниот стремеж на Егзархијата да го сосредоточи во свои раце диригирањето на општествениот живот (во Македонија, н.б.), а освен тоа го сметам за прв чекор на самодејност во земјата. Затоа не може ни најмалку да се каже оти оној кружок околу “Лоза” го подигнал тоа движење. Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење. Отпрвин во револуционерното дело неусетно прво и главно учество зедоа истите луѓе што ја водеа борбата против Егзархијата.” Ѓорче Петров, Спомени. Кореспонденција. ред. Љубен Лапе, Култура, Скопје, 1984, стр 48-49; Спомени на Ѓорче Петров, ИНИ, Скопје 1950, стр,19; Спомени на Ѓорчо Петров. Софија 1927, стр.11-12; |