|
|
Персеј, последниот крал на Македонија |
Монументалниот гроб на последниот крал на Македонија се наоѓа по должината на регионалниот пат 578, приближно на 60 км. помеѓу Малјано де Марси (Magliano dei Marsi) и параклисот. Персеј, синот на Филип V (213 п.н.е. - 166 п.н.е.) е последниот крал на Античка Македонија од 179 п.н.е. до 168 п.н.е. Тој за време на своето владеење се обидел да го обнови престижот на македонската монархија против Рим. Свесен за неизбежноста на судир со Рим, тој се обидел да најде сојузници и да формира сојуз со Ахајците, Родос и Селевкидите, иако за време на почетната фаза на неговото владеење тој го обновил договорот со Рим потпишан од страна на неговиот татко Филип V. Персеј го потчинил регионот Долопија, ги одбил нападите на племињата на Тракијците и се обидел да ги зајакне внатрешните позиции со склучување на политички бракови. Поради тоа тој во 178 година ја зема за жена Лаодика ќерката Селеук IV Филопатор од Сирија. Потоа ја дава својата полусестра Апама за жена на Присиј II од Битинија, а подоцна својата ќерка ја дава на тракискиот крал Терес. Освен тоа, Персеј кој бил со отворен ум, за да се здобие со популарност, се одлучил за амнестија за злосторства против македонското круна, ги отповикал прогонствата, ги ослободил затворениците и ги опростил долговите. Со цел на објавување на поголемиот дел од овој настан, Персеј сакал имињата на корисниците на оваа иницијатива да бидат сместени во предниот дел на светилиштата на Аполон во Делфи и Делос. Неговите политички напори наскоро биле наградени кога, во летото 178 година п.н.е. реконструираната Амфиктионската Лига во Делфи покажа наклоност за македонски крал. Всушност, Персеј бил вешт војник како и неговиот татко Филип V, но се разликувал од него по својата учтивост, манири и дипломатијата кон грчките држави. За кратко време станал омилен кај многу непријатели на Рим, па дури и кај Ахајците најголемите противници на Македонија. Персеј примал пратеници од грчките градови од Азија на тајни договори на Самотраки. Персеј ја придобива Грција и Ахајците склучиле договор со него. Сомнежите на Рим против обидот на Персеј да се реконструира античкиот престиж на Македонија, станале посилни од 175 п.н.е., кога, како што ни кажува Ливиј (XLI, 19) делегација од Кралството Дарданија го обвини Персеј дека ги потикнал неодамнешните напади од страна на Сарматите населени кај Бастарните. Инаку, Персеј уште во 182 година зел за жена една принцеза од кнежевската куќа на Бастарните. Оттука Римска делегација, предводена од конзулот Луциј Постумије Албин, била испратена да ги испита обвинувањата, иако Персеј во меѓувреме го испрати емисари да се изјасни за невин пред Римскиот Сенат. Овие движења го мачат и кралот на Пергамон Евмен II кој побарал интервенција од страна на Римјаните. Според извештајот на Тит Ливиј, Сенатот бил предупреден за маневрите на Персеј и на тајна седница одлучил да започне војна. Во есента 172 п.н.е. во Македонија заминува формална римска делегација, а за тоа време во епирските пристаништа се стационирала римската војска. Персеј на римската делегација им одговорил дека договорот од 197 – 196 г. пр.н.е. го смета за раскинат, но дека е подготвен да го обнови, а на пратениците им дал рок од три дена да ја напуштат Македонија. Така отпочнала Третата македонска војна (171 п.н.е. - 168 п.н.е.). Првите години Персеј се борел на три фронта: 1. Против Римјаните кои преку Тесалија се обидуваат да навлезат во Македонија, 2. Против кралот на Пергам и 3. Против Дарданците најголемите непријатели на Македонците. Војната меѓу македонската и римската војска била решена на 22 јуни 168 г.пр.н.е. во битката кај Пидна (Тесалија), во која Римската војска победила, а на бојното поле останаа загинати 20˙000 македонски војници. По оваа битка македонската монархија била укината, Персеј симнат од престолот и регионот поделени во четири автономни републики. Само во 148 година пред Христа, по бунтот, Македонија конечно била намалена на римска провинција. Според сведоштвото на древните историчари (Полибиус, XXXVII 16; Ливиј, XLV 42), римскиот командант, конзулор Емилиј Паул го одвел Персеј во Рим за да го нагласи својот триумфот. Потоа Персеј бил затворен во градот Алба кај Фукенското езеро, каде и починал две години подоцна. Во јуни 2005 година, гробницата на Персеј била откриена по должината на Виа Валерија близу Малјано де Марси (Magliano de Marsi), од експедицијата формирана од страна на делегација од Министерството за наследство и култура и од експедиција на македонски археолози. Монументалниот гроб на Персеј во Алба Фукенс Авецано (Аквила) – Во јуни 2005, една комисија составена од претставници на Министерството за култура, македонскиот амбасадор и македонските интелектуалци, изврши инспекциски надзор, очекуван со години, на монументална гробница на кралот Персеј, последниот крал на Македонците погребан по должината на Виа Валерија близу територијата на Малјано де Марси (Аквила). Управата на Малјана во соработка со општината на Маса ди Албе презела чекори за да се исчисти археолошки скапоцениот камен од грмушки кои го криеа погледот и сериозно ја нарушуваа структурата... Тогашната македонска делегација изрази цврста намера за решавање на многу прашања поврзани за сликата на македонскиот крал. Но, по повеќе од една деценија сеуште има потреба од достојно презентирање на последниот крал на Македонија. |