|
|
Македонскиот трубадур од Охрид |
„Македонија одсекогаш била мајка на генијални песнотворци. Создавањето на Кралимарковиот јуначки еп е непобитно сведоштво за тоа. Епопејата на народен хероизам духовен, политички и воен - која врти величествени слики на Влкашина, Крали Марко, Дебел Новак, Болен Дојчин, Беле од Костур, Филип Маџарин и др., разнесени далеку на север и исток на Балканскиот полуостров е рожба на Македонија, на една природна школа во атмосферата на големите езера од Охрид до Тахино (поранешно езеро на реката Струма).“ - пишува бугарскиот етнограф и фолколорист проф. Христо Вакеларски. Проф. Христо Томов Вакеларски (Момина клисура,15.XII 1896 – Софија, 25. XI 1979) е бугарскиот етнограф и фолколорист, кој специјализирал славјанска етнографија во Варшава(1925 - 1927). Од 1927 до 1940 година е асистент и уредник на Народниот етнографски музеј во Софија, а во текот на Втората светска војна, за време на бугарската окупација од 1941 до 1944 година, бил директор на Народниот музеј во Скопје. По војната, тој е директор на Народниот етнографски музеј во Софија (1945 – 1948), каде работи до 1962 година. Неговите проучувања и студии го прават еден од водечките бугарски етнографи и фолклористи во XX век. Во текот на неговиот престој во Македонија (1941 - 1944) тој се интересира за македонските народни песни и песнотворци. Своите сознанија тој ги изнесува во текстот „За еден трубадур на Македонија“ објавен во „Македонска мисла“ (Македонска мисълкн. 9-10, год. 1, 1946), орган на Македонскиот научен институт од Софија. Во него тој ќе напише: „Ако за еден обичен писател денес се пишува и за најмалите и незначителни во суштина писанија за еден бележит народен пејач заслужува да се пишува и раскажува многу повеќе. Обични писатели денес има толку многу кај секој народ така дури и кај најмалите тие претставуваат цели друштва, цели писателска сојузи. Но даровитите народни песнотворци веќе се вистинска редкост. Дури даровитите народни изведувачи: рецитатори и пејачи - се толку, што можат само на прсти да се избројат. Македонија била секогаш мајка на генијални песнотворци. Создавањето на Кралимарковиот јуначки еп е непобитно сведоштво за тоа. Епопејата на народен хероизам духовен, политички и воен - која врти величествени слики на Влкашина, Крали Марко, Дебел Новак, Болен Дојчин, Беле од Костур, Филип Маџарин и др., разнесени далеку на север и исток на Балканскиот полуостров е рожба на Македонија, на една природна школа во атмосферата на големите езера од Охрид до Тахино (поранешно езеро на реката Струма). Овие верни синови - пости, сепак, како секој вистински народен богопомазаник, не внимаваат за својата личност и уште во својот живот ја ставаат во сенка, а по смртта им се губат целостно. Една проверка низ фолклорните зборници во бугарската, српската и македонската книжевност ќе извади на виделина десетици имиња на необични пејачи од пределите на Македонија. Овие пејачи заслужуваат да бидат истакнати денес пред народот колку за нивна сопствена пофалба, толко и за пофалба преку нив на стотиците нивни безимени претходници и наставниците. Во низата на оние надарени ќе стои без друго баба Дафина од Серес, од која на времето Ст. Веркович запиша 3 песни. Во овој ред ќе стои како особено признание и Охридскиот рапсодист "бај Геле", ... еден од малкумината чувари на старата песна на епска традиција во Македонија. Бај Геле, нарекувам така срдечно од сите во Охрид (или уште "Ге'љо), право име е Вангел, е син на сиромашно охридско семејство. Лишен од детството од вид, тој како млад почнува да проси, во друштво на други постари охридски и прилепски просјаци ("питачи"). Уште како млад пројавува политичка свест и се движи, во согласност со своите можности, во средината на "Илинденци". Дури во некои моменти исполнувал важни задачи во револуционерното движења пред и по 1903 година Тој ги познава сите возачи на Илинденското востание и уште живо ги памети тие веќе давнешни настани. А преку својата гадулка и со големата дарба тој го привлекува по ред населението од Охридско, Битолско, Прилепско. Велешко и многу други краеви со приказните за еден или друг народен борец од Македонија против народните поробители.“ Вакеларски бил заинтересиран за овој славни пејач, бидејќи во 1943 година во Охрид, тој запишал од него над 35 јуначки, историски и револуционерни народни песни. Многу од нив биле лични творби на охридскиот рубадур, а другите - научени од други. Меѓутоа, пожарот на војната му уништил речиси се на бугарскиот научник, вклучувајчи и биографски податоци за него. По една случајност во багажот му останале само три песни кои во својот текст му ги предложува на читателите и на идната народонаука во Македонија. Во тој контекст Вакеларски ќе напише: „Нека ова биде истовремено и мое извинување кон даровитиот старец, за кого се бев нафатил да направам нешто за олеснување на староста негова, но настанати настани веќе во есента 1943 и пролетта 1944 година ми попречија. Да даде Бог да муподари уште здравје, за да се порадва на слободна Македонија, која можеби ќе успее да го награди соодветно.“ На крај, од својот текст ќе пососчи дека „сите песни се запишани за време на нивното изведување т. е. се слушани за време на пеењето. Затоа и акцентот покажува наместа извесни отстапувања од правилото за акцентот на охридскиот говор. Имено, на многу трисрични зборови акцентот паѓа на вториот слог од позади, а не на третата. На овој начин пејачот акцентруваше музички своите зборови“ - пишува Вакеларски. Авторот Хр. Вакеларски на тогашната јавност му ги презентира песните: 1. Димко Могилчето и Шефкет Качакот; 2. "Страхил војвода" од Велгошти и 3. Брат брата не рани, тешко му кој го нема. Во песната „Страхил војвода" от Велгошти на охридскиот трубадур Геле (Гељо), кој е самиот современик и сведок на настаните, ги дава имињата на местата и личностите познати на тогашните постари луѓе, додека зад револуционерното име Страхил војвада се крие поп Ристо од с. Велгошти. Овде ви ја пренесуваме песната изворно, со тогашниот говор, како што е објавена во „Македонска мисла“ во 1946 година. „Страхил войвода" от Велгошти „Страхил войвода" от Велгошти
Стрàхиле, сѝлен вòйводо! Мàйко Стрàхила вéлеше: — Стрàхиле, синку вòйводо, Та що си тòлко зáмислен? Дали ти пỳшка дòпука, Илѝ ти сàбя дòсече, Или ти гòра одмръзна?
Стрàхил нà майка му велит: — Майко ле, стàра мáйко ле, Нè ми е пỳшка дòпукла, Нѝто ми сабя дòсекла, Нито ми гóра òдмръзна, Туку сум лòш сон сòнувал: Лю̀та ме змѝя ỳкасна Ỳкасна мегю óчите, Мегю двете ми цръните!
Майка му сòлзи прóрони И на Стрàхила вèлеше: — Сѝнко Стрàхила вòйводо Нèмой ти сòня да мислиш, Сòнот нé кажвид зà тебе. Кàжвид за та твòя рóднина!
Нòгу врèме не пòмина, Страхѝл òтиде сò чета, Òтиде ф село Кòинско, Бòг да го бѝет чпѝонот, Дека го чпѝон прèдаде, За кѝло жѝто ѝздаде:
Тỳрска ми вóйска прѝстигна, Турци од грàда Öхрида, Мàло-гóлемо стàнаха, Стàнаха сѝчки натамо, Дури ѝ жéните крéнаха, И Кóйнско го сардисаха.
Еден път ỳще имаше, — Да бéгат кои Асàнджура. Е’фтим А’почеф вѝкаше: — Стàни, пóпе, да бегаме, Тỳрска пóтера прѝстигна И ние сме сардѝсани.
Страхил со глас му ѝзвикна: — Нé бегам, брàте Ефтиме, Да не’се смéат турците, Да не’се смеат сó назе, Не го стрàмам комѝтетот! Не бегам, брáте Ефтиме, За да не вѝкат по’назе Проклети наши тѝрани: „Ейте го како що бегат. Що бегат поп от Велгошти? Ако са’кате, бе’гайте, А яс òвде ке зàгинам!”
Фàтиа пỳшки дà пукат И топчѝната да гъ̀рмат; Е’фтим Апочеф здрàф ю̀нак, Пъ̀рвата пушка што тъ̀ргна Трòица джàндари пàднаха. Нòгу тѝрани троши(х)а, Дури пáтрони ѝмаа. Пàтрони му се свършиа, Имаа уще по два’три За последно ги чуваа.
Вече и мрàкот пристигна Страхила го урàниа, Десна ръка му строшиа. По нéго пàнна що пàнна, Пáдна ми Кръсте Вòденичар, Третиот падна що панна, Глѝгор от Вéлгощи пàдна. Ефтим А’поче се бòрит Зà жѝви да не и фатат.
Турците се уплáшиа Сос нóкьта си побегнаха. Стрàхил ми жѝво остава. („Ама рàнет!") Дват убѝти й крéна(х)а Нéгови вéрни дрỳгари На Стрàхила се мòлеа: — Ай, пòпе; да те кренаме Дури е нóкьно врéмето!
Страхил му рéче тóгава: — Дрỳгари верни ми брàкя, Прощáвайте ме отсега Досега си помѝна(х)ме, Добро лòшо — минахме, Язе от овде не идам, Тука сàкам аз дá гинам.
Си отѝдоха другари, Сâмичок Страхил òстана. Дàде Бок нòкьта прéмина, И нѝф се Страхил рáздена. Пò голем пòтер прѝстигна Пред вòйската е ю̀збаши („поручик значи!") Юзбаши со глас вѝкаше: — Прéдай се, бре попà Ристо! Младо да нé си зàгинеш; Тѝ си си éден свéщеник Закòните ти ѝ знаеш: Цàрот тéбе не тé губит, Само нé биди кỳмита.
Страхил тога му извикна: — Дóйди си вáлио, ю̀збаши, Тéбе да ти се прéдавам На дрỳги éмлиет нéмам! („емлиет — доверие ке речет")
Се ѝзлажа юзбàшиа, Си òдит тòй кои Стрàхила. Стрàхил си броит пàтрони: Уще три са останали Во нáгантиот лéворвер. Левóрверот му го тъ̀ргна От кóйнот ю̀збаша свàли, По нèго éден мю̀лазим. Уш éден пáтрон óстана,
Сам вò уста си го търгна. Жѝво нé ми се прéдаде. И се прóслави Страхила, Страхила силен вòйвода, И си прослави Охридско, Охридско — Македòния. Вéчна му пàмет Страхила, Стрàхила юнак народен!
Македонска нација |