Среда, 03 Август 2016   
„Трет востанички округ - Беласица“

На 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.

Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асенов. За денот на востанието било изработено востаничко знаме. Коприната ја купила учителката Милка Ковачева Романова, а знамето било изработено од Рајна Измирлиева, по идејна скица на Мице Измирлиев. Главната база во Кукушко било Арџанското езеро - таму постоеле складови со храна, опрема и колиби за востаниците.

200px-Krastyo_Asenov_Sliven_IMARO
Крсто Асенов

Меѓутоа, кукушките чети биле откриени уште при нивното излегување и морале да водат неколку борби со аскерот. Судири имало кај селото Драгомирци, Крондирци, а Крсто Асенов на 20 јуни 1903 година кај селото Грамадна имал битка во која загинале 13 четници, претежно млади штотуку излезени. Во овој судир загинал и братот на Гоце Делчев, Милан Делчев. По оваа борба четата на Асенов била изложена на нови напади и прогони. Кај Меѓурек дала 12 жртви, а борби таа имала и кај Мутулово, Мурарци и други места.

За да го избегне гонењето четата на Крсто Асенов се сместила кај Арџанското езеро и таму планирала да го дочека денот на востанието. Таму се нашле и четите на Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Ѓоно Бигинин и со тоа се формирала поголема четничка групација од околу 110-115 души. Меѓутоа тие биле откриени и дошле во судир со 3 баталјона од 2200 души, а била донесена и артилерија против комитетите. На 23 јули војската се повлекла. По повлекувањето на војската, Асенов со својата чета заминал за II-от востанички округ - Кожув.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.