Среда, 10 Август 2016   
Бодричи (Македонијани) 4 век п.н.е. - 12-ти век од н.е.

bodrici

Бодричите (Ререги, Рароги) се племе кое припаѓаат на Полабските Славјани, кои во VI век се населиле во источниот дел на долна Елба, помеѓу заливот Висмар на Балтичкото море и Шверинското езеро. Според Егор Иванович Класен, Бодричите биле мистерозно племе кое се населиле на брегот на Балтичкото Море, а некои од нив потоа се преселиле во Илмен и Ловат (Новгородската област) уште во IV век пр. н.е. Тие биле познати како Македонијани (Македонци), кои таму се населиле по распадот на Македонското Царство.

Егор Иванович Класен (1795 - 1862) е наставник и писател, автор на научни и образовни книги и учебни помагала (од архитектура, механика, градинарство, сликарство, итн). Роден е во Германија, а руски државјанин станал во 1836 година. Тој е познат како автор на хипотези за славјанската историја и литература, во кои на Славјаните ги поврзува со голем број на древни култури и системи на пишување. За својата работа бил повеќе пати наградуван, а во 1938 година добил благородничка титула.

Класен е автор на есејот "Нови материјали за античката историја на Славјаните и воопшто на славјано-русите п.н.е." Во нив, тој ја разјаснува теоријата за постоење на претхристијански славјанска литература - т.н .. "Славјански руни") и се обидува да докаже дека Славјаните ја стекнале својата независност, не подоцна од Феничаните, Грците и Римјаните. Исто така, тој се изразува негативно за руско-германските историчари и нивните дела ги смета како неправедни за славјанскиот народ. Во своите дела, кој запдните научници ги оспоруваат, тој ги глорифицира Славјано-Русите, за кои смета дека многу порано пред Римјаните и Грците оставиле свои споменици. Во време на панславизмот, кога сите славјански народи на Балканот  го присвојуваат Александар Македонски, Класен во својата теорија ги вклучува Македонците, кои потоа ги изедначува со Србите и Русите. Во тој контекст тој напишал:

„Бодричи (Ободрити, Оботрити, Обортрити, Рароги, Руги, Руси) се едно од најмистериозните славјански племиња кои живеат во јужниот дел на Балтичкиот регион околу 16 века (од 4-тиот век пред нашата ера до 12 век н.е.). Тие имале свои населби во Новгородскиот регион и се сеќавале на своите корени се до почетокот на 17 век, кога за време на владеењето на Иван Василевич Грозни биле скршени племенски бариери на Славјаните од северна Русија. Авторот на статијата за Бодричите потсетува дека основачот на првата руска династија Рурик бил Бидрич, како и неговиот татко Готслав (што во превод значи: "Бог слави"), суверен кнез на островот Рујан (Руген) и соседниот брег на копното до полуостровот Јитланд. Имаше, исто така, Бодричи (Русами) и одмазднички одреди, кои дојдоа во Новгород со Рурик на повик на Новгородскиот кнез Гостомисл, дедо на Рурик.“

Всушност, Рурик (–879?) бил првиот руски кнез кој се споменува во историските извори. „Хроника“ известува дека во 862 година на просторот меѓу земјите од Западна Двина и Бело Езеро живееле неколку племиња. Тие племиња го повикале Варангијан Рурик да владее и да воспостави ред, правда и одбрана во нивните земји. Според една верзија, Рурик веднаш дошол во Велики Новгород, според друга – прво дошол во градот Ладога, а потоа го изградил Новгород. „Хроника“ споменува дека Рурик ја зел со себе војската и двајцата браќа Синеус и Трувор. Рурик умрел во 879 година. Го оставил малиот син Игор. Рурик е основач на династијата „Руриковичи“. Последен од неа бил Иван IV Грозни.

Поврзувајќи ги славјанските племиња и настаните, а повикувајќи се на индеректни показатали, Класен навлегува длабоко во античкиот период во времето на Александар Македонски и за племето Бодричи вели дека “имале голема славна античка праисторија (пред да се преселат во Балтичкиот регион). Знаејќи за оваа праисторија, за него не постои сомнеж дека „Бодричите одиграле важна улога во формирањето на Сојузот на Балтичко племиња, кои пред нашата ера објавија војна на Рим до смрт.“

Фактот дека славјанското племе Бодричи му дал живот на руската држава добро му е позната на секој образован руски човек. Меѓутоа, малку познато од  каде овој народ е дојден на брегот на Балтикот.


Според Класен, „пред да се пресели на јужниот брег на Балтичкиот регион, Бодричите се именувале како Македонијани (Македонци) и нивното племе го сочинувал костурот на македонското кралство на Александар Македонски. Македонијаните се преселиле во реонот на Кимврискиот полуостров во 320 г п.н.е. - веднаш по распадот на царството на Македонија, со наследени воени вештини од Александар, неговиот грб и нематеријални средства...“

Истакнатиот истражувач на славјанската антика Егор Класен потоа пишува: "По падот на Македонското царство, дел од Македонците, околу 320 години пред нашата ера, се преселиле на  брегот на Балтичкото Море и воспоставиле нови населби наречени Бодричеја. Тие до самиот пад го задржале грбот на Александар Македонски, ликот на Букефал и грифонот, а наскоро еден дел од нив повторно се пресели во Илмен и Ловат ".

Како што е познато, Македонското царство се распадна како резултат на ривалството меѓу генералите на Александар Македонски, а потоа и серијата воени порази од растечката сила во тоа време на младиот предатор - безмилосно суров робовладетелски Рим. „Македонците кои мигрирале од брегот на Јонското Море, на брегот на Балтичкото Море, многу векови ја зачувале омразата кон Римјаните - носители на ... идејата за комплетно поробување на освоените земји и народи. Останатиот дел од Македонците во недостапни планински области на Балканот успеа да го зачува етничка култура и национална идеологија до нашето време под името на Србија. Впрочем, до 17 век современиците не ја знаат разликите меѓу Србите и Русите и со право се однесуваат како кон една националност“ – пишува Класен.

Поврзувањето на Македонците со Србите, Класен веројатно го изведува од племенскиот сојуз на Полабските славјани каде покрај Бодричите, Љутичите се среќаваат и Лужичките Срби или пак поради тогашните тенденции на царска Русија за освојување на Цариград и Дарданелите за што и беа потребни балканските народи.

Како и да е, во статијата  „Бодричи (Македонијани) 4 век п.н.е. - 12-ти век од н.е.“ авторот  говори за Александровата (македонска) идеја за владеење со светот како за Руска идеја, а можеме да го проследиме и следното:

„Државата на Александар Македонски, која се простираше од Средоземното Море и Северна Африка до Централна Азија и Индија, беше идеолошки и воен ривал на величието на Рим и, во исто време, недостижна пример за десетици генерации на римски генерали и цареви. Залудни беа нивните обиди дури и да се пријде на обемот и брзината на освојувањето од страна на Александар Македонски. Неговата империја била изградена на друга, неприфатлива идеолошка основа за Римјаните. Александар беше првиот кој на светот му ја откри нова глобална империјална идеја, Руска идеја. Освојувањата на Александар Македонски, војната на македонското кралство за да се воспостави светска империја, биле толку засрамувачки брзи и успешни, бидејќи беа спроведени врз основа на оваа дотогаш непозната за жестоките начини на античката идеологија, каде населението на сите покорени и поразени земји не се претворија во робови, и како ново прифатени ги имаа истите права со победникот.

Треба да се нагласи дека војните на Александар Македонски е првиот воен судир меѓу две идеи на "Руската" и "Јудајската". "Јудејската идеја за" национална исклучивост тврдела дека во тие години (340-332 gg. П.н.е.) речиси сите народи на светот, се спротивставиле на македонската фаланга. "Руската идеја" со мал број од племето на Македонците создале мир. Резултатот е познат. Сите кои се најдоа на патот на Александровата армија (вклучувајќи ги и досега непобедените Парти, Персијци, Египќани и Индијци) не беа поразени толку многу војнички колку идеолошки. За првпат Руската идеја му ја покажала на светот својата универзалност и непобедливост. Очигледно е дека, Александар Македонски го воспитувал големиот Аристотел, кој може безбедно да се нарече "кум" на Руската идеја.

Славата на Александар одела далеку понапред од неговите војници. И секој војник на спротивната војска (често се принудени регрути) знаел дека во случај на пораз во битката со многуплеменската војска на македонското кралство тој не губи ништо. Во армијата на  "Божествениот Александар" тоа ќе биде примен како равноправен. Тие не биле загрозени со ропството и уништување, како што беше во војните пред Александар и потоа - во римските војни. Тоа е причината зошто стоилјадната војска на Персијците беше поразена од дваесет илјади војници на Александар. Имено, безброј од робовите и народот кој се најде на патот империјалната армија дотрча во неговата војска...

..Можно е да се заклучи дека "Руската царска идеја" за прв пат беше формулирана од мечот на Александар Велики. Така, првата средба на Римјаните со Македонците не била обичен војна на соседните сили. Тоа беше судир меѓу две некомпатибилни глобални идеи: Руските империјални идеја и Јудејските империјална идеја.“

Авторот уочува дека во енциклопедиски референтни книги не може да се најдат руски државни симболи од 10 до 16 век. Според него во овие публикации се наоѓаат многу симболи на заборавени од Бога племиња во Африка и на Амазон, но, руските симболи, под знамето на рускиот народ, под кој ја изгради својата империја, нема да се најдат. Тој смета дека тие намерно се остранети. Сметајќи ги Александровите симболи за Руски авторот на крај ќе забележи:

„Ова не е случајно, драги читатели. За овие знаци: Букефал и грифон, наследен од страна од Александар Македонски и сочуван за нас од страна на нашите предци – Бодричи и Ругами, кнезот на Вандалите, Рурик, Свјатослав Велики и Иван Грозни.... Добро е познато дека пред 14 век Букефал (Еднорог) бил во рацете на нашите кнезови и градовите заедно со грифонот заради стравот на непријателот, кој добро се сеќавал на непобедливиот Александар Македонски. Подоцна грифонот бил заменет со двоглав орел, кој во свето значење е иста како онаа на грифонот... Иван (Грозни) ја објаснува својата наклоност кон Александар Македонски, како негов предок, во писмото до предавникот Курбски.“

Одамна се познати тесните врски на македонскиот со рускиот народ, а статијата „Бодричи (Македонијани) 4 век п.н.е. - 12-ти век од н.е“ не само што ни укажува на нови индиции за движењето на македонскиот народ и за скриената македонска историја, туку и за обидите истата да се присвојува, прекројува или уништува.

niklot
Грб на бодрички кнез Никлот

magnus
Грбот на Александар Македонски (Alexander Magnus)

(извор: http://boyan.narod.ru/books/bessonov/bodrichi.html)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.