|
|
На Илинден востанието пламна по цела Југозападна и Западна Македонија |
Македонското население тргна на повикот на Врховниот штаб, се дигна како еден човек и со нечуен патриотски жар се фрли во ослободителната борба. Непријателот не очелуваше удар, тој беше изненаден. Еве една епизода од борбата за историско Крушево. „Уште на 22 (јули, ст.ст.) во градот слезе Горското начелство, на чело со учителот Никола Карев, социјалист, една благородна фигура – една од најсветлите личности во Крушевското востание. Шеесет души првенци, свикани на собрание, избраа една 6 – члена комисија, по двајца од секоја народност. Нејзе и се довери управувањето на раководениот град. „Привремената влада“ под претседателство на Вангел Дину ја раздели управата на шест ресори.... Управниците заседаваа редовно во големото училиште. Во другото училиште се отвори болница под раководството на д-р Батал. Сарачките и опинчарските работилници фабрикуваа со голема брзина опинци, реденици и каиши. Во леарницата се претопуваа разновидни оловни и калајни предмети, подарувани од населението, а во арсеналот сместен во една приватна куќа, се глачаа излеаните куршуми, се поправаа пушки, револевери и друго. Двете парни мелници деноноќно го мелеа житото носено преку планинските патишта, што беше неопходно за прехраната на населението и востаниците. На бедните фамилии тоа им се раздаваше безплатно... “ И покрај нечуеаната смелост, хероизам, самопожртвуваност и упорност, славната борба на илинденските востаници беше скршена. Нивните недоволни сили, и покрај натчовечките напори, се ицрпија во текот на нерамноправната борба. Тие всушност се покажаа како еден грст храбри луѓе, против стотиците илјади добро вооружени толпи на султанската армија. За размерот на револуционерната борба и воените акции во текот на востанието зборуваат следните бројки: Во целиот Битолски вилает се случиле 150 судирања во кои загинале 746 востаници. Најмногу борби имаше во текот на јули (од 20 до 31 - ст.ст.) – 72, во текот на август – 56, во септември – 18 и во октомври – 4. Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври (ст.ст.) дошло до 36 борби во кои паднале 46 востаници. Во Солунскиот вилает од 16 јуни – 28 октомври (ст.ст.) имало 38 борби, во кои паднале 109 востаници. Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември (ст.ст.) дошло до 15 борби, во кои паднале 93 четници. Во текот на целото востание од 20 јули до 10 октомври (ст.ст.) биле извршени 14 атентати со динамит на територијата на Европска Турција, во текот на целата 1903 година – 21. Во текот на целиот Илинденски период во територијата на Македонија и Одринско биле, значи, имало вкупно 239 борби, во кои паднале 994 востаници. Херојското Илинденско востание удри многу силно врз престижот на султанот, неговата империја, неговите вооружени сили, кои требаше со недели и месеци да војуваат против еден грст смели востаници. Поради тоа султанот и пашите решија да му се одмаздат на мирното население, на старците, жените и децата. Еве што зборуваат бројките: биле изгорени 201 село, запалени 12.440 куќи и убиени и исклани 4.694 души, стотици и илјадници жени обесчестени итн. 30.000 души мораа да побараат азил во Бугарија. Сите жестокости биле извршени пред очите на таканаречена цивилизирана Европа. Големите сили, кој во своја оснава беа против востанието, си ги измија рацете како Пилат, задоволувајќи се со тоа да дозволи овде-онде извесни лицемерни протести до Високата порта. По жестокото задушување на востанието македонскиот народ не падна во очајание. Борбата продолжи понатаму. Македонскиот народ не остапи од принципот на правото за самопределување, од правото на Македонците сами, по сопствена воља да си ја определуваат својата судбина. (извадоци од реферат на В.Поптомов „Работническо дело“, 3.08.1948) Тихомир Каранфилов |