|
|
Претенденти за Македонија (1) |
Македонска нација „Претенденти за Македонија“ е статија превземена од руското списание "Жизнь" (ноември 1899 година), која го носи потписот Дионисиј Григорев, дописник од Софија". Во Бугарија е објавена во 1900 година. Во неа авторот дава интересни подгледи за соседите на Македонија и нивната борбите за да се завладее со Македонија. Во неколку продолжение овде ќе ви ги презентираме неговите согледувања: „Без никакво претерување може да се каже дека во цeл свет нема друга земја, поради која се воделе толку расправии, да се судираат толку разновидни интереси, да се случувала таква ужасна борба, како за Македонија!
Срби, Бугари, Грци и Романци велат дека Македонија е населена со нивни "браќа; Грците сметаат преку Македонија да си отворат пат за Цариград - старата престолнина на Византија, каде што и до сега 1/2 од населението се Грци; Србите, стиснати меѓу планини и Дунав, сакаат да отворат пат кон морето: а Бугарите сметаат дека е многу убаво да имаат излез не само на Црното, но и на Мраморно, Егејско и Јадранското море.. Ако дури овие мали и слаби земји имаат такви силни апетити, тогаш што да се каже за големата ... Австрија? Сега одкако таа ги изгуби провинциите во Италија и влијанието врз малите германски држави, единствено место за ширење на нејзината територија останува Балканскиот Полуостров. Петтата претендентка - Романија - е одвоена од Македонија и затоа не може да се надева дека директно ќе владее во оваа земја: но штом и се признаат нејзините права над Македонија, таа секогаш може да ги разменува со остапки, што ќе и се направат во друг правец. Значи, иако странска територија ги дели од Македонија, Романците водат таму активна пропаганда, официјално поддржана од романската влада. Последна вест во тој однос е отварањето на романско трговско училиште во Солун... Сите тие околности пренесуваат една чудна физиономија на македонското движење. Македонија страда под тешкиот турски јарем небаре за уривањето на тој јарем треба да бидат насочени сите напори на Македонците, но во реалноста сите тие напори се насочени кон меѓусебна борба, во која Турција сосема неочекувано се јавува како Тре-тејски суд. Секако дека турската влада е многу задоволна од овој пресврт на работата, при што секој од завојуваните страни вели:, .Подобро Македонија да остане турска отколку да падне во рацете на нашите противници; додека Македонија се наоѓа во рацете на Турците ние не ја губиме надежта дека еден прекрасен ден таа ќе стане наша". Се разбира дека при такво расположение на умовите во политиката на турската влада многу користи. Кога ќе забележи дека на некое место се засилува агитацијата на Бугарите, тоа им попушта малку Грците и Србите и ја олеснува нивната борба против Бугарите; и наопаку. Пред три години, кога и даваше право на бугарската влада да држи трговски агенти во Македонија, турската влада забележуваше: "Зошто ви се агенти во Македонија, - вие и без тоа сте силни таму; подобри пратете на друго место, на пример во Призрен", а Призрен е град, каде што воопшто нема Бугари; тој е дел од т.н. Стара Србија и е населен со Албанци. Денешното политичко движење во Македонија почна неодамна. При Стамболов, значи до 1894-95 година, целото движење во Македонија се ограничени со културна, просветна работа: со отварњето на цркви и училишта. По паѓањето на Стамболов и промената на политичкиот режим во Бугарија тукашната бројна македонска емиграција го подигна гласот да ги бара ветените од берлинскиот конгрес права за Македонија. Ерменското движење и Критското востание уште повеќе ги оживеа надежите на Македонците. Но, повторуваме, во денешно време под македонско движење треба да се разбира не борбата против турското владеење, која всушност е многу слаба, релативно со борбата меѓу националностите за насочување на имено таа меѓусебна борба која ги голта сега сите сили и сета енергија на македонската интелигенција, сочинува она, што се нарекува македонско движење. Во оваа општа борба особено остри се судирите меѓу Срби и Бугари. Жестината меѓу овие два елементи се развило до тој степен, што не се запира и пред убиства. До 1877-78 година, до последната руско-турска војна, Србите не само што не немаа никакви претензии за Македонија, но директно ја признаваа како бугарска провинција со многу акти кои би можеле да дадеме тука; тие дури ветуваа да и помагаат на Бугарија за ослободувањето на општата бугарска татковина. Но, кога Босна и Херцеговина преминаа кон Австрија, во Србија се забележа нов тек – стремеж со Македонија да се награди за овие загуби; и кога во 1885 година јужна Бугарија се соедини со северна и младото кнежевство стана два пати поголемо и посилно од старото Кралство, завладувањето со Македонија стана за Србите прашање на живот и смрт. Ако Бугарите успеав да стават рака на Македонија, тие ќе станат владеечко племе на Балканскиот полуостров - за голема штета на Србите и Грците, кои дури соединети пак ќе бидат послаби од Бугарите. Милан ја презема познатата српско-бугарска војна, токму за да ја врати рамнотежата на Балканскиот полуостров и иако Србите претрпеа пораз, тие не ја напуштија пропагандата во Македонија. Напротив, од тогаш оваа пропаганда почна да станува жива, бидејќи поразот уште појасно им покажа на Србите, колку Бугарија е опасна за нив. Напорите на Србите се движеа кон тоа: од една страна - да создаваат посебна, специјална литература која треба да им докажува на Македонците дека тие се Срби, а од друга - да добијат од турската влада дозвола да отвараат српски училишта во Македонија. Од своја страна, Бугарите гледаа да не им отстапат на Србите во пропагандата. Во оваа меѓусебна борба, како што рековме, зеде нај безобразен карактер. Пред сè, јазикот на печатот и на специјалната литература по ова прашање е не само крајно остар, не едноставно недостоен. Двајца скарани пајтоџии би се засрамиле да се пцујат така, како се- -псујат српските и бугарските новинари.“ (извор: од "Д. Григорeв" (Г. Бакалов), Варна, 1900, 30 стр. - http://macedonia-history.blogspot.mk/2006/11/blog-post_09.html) |