Среда, 07 Септември 2016   
Борбите за македонскиот престол

makedonski-vladeteliВо периодот по убиството на Архелај до владеењето на Филип II, во Македонија шест години се водат династички борби кои ја ослабуваат моќта на македонската држава. Првите три години владее Аероп II (ок. 396–393) како регент на малолетниот Орест, син на Пердика II. Во овој, релативно мирен период за Македонија, Аероп воспоставува внатрешна стабилност со поддршка од македонските благородници.

По неговата смрт, престолот го наследува неговиот син Павсаниј. Според ковањето на монетите од 394/393 п.н.е., Павсаниј извесно време владее со Аминта II, наречен Малиот, а по една година на власт доаѓа Аминта III, синот на Аридај.
Аминта III (393/392–370/369) се жени со Евридика (ќерката на Сира, благородник од Пелагонија), со која има три деца, идните македонски цареви: Александар II, Пердика III и Филип II.

Во овој период западната граница на Македонија е на удар на илирските племиња кои, под водство на Бардилис, навлегуваат и ги ограбуваат горномакедонските области. Македонските владетели имаат постојани врски со тесалските аристократи и воено им помагаат со намера да ја прошират својата територија.

Така, во еден период, Аминта успева голем дел од северна Тесалија да постави под свој протекторат, а кога тиранинот Јасон од Фера ја освојува Тесалија, Аминта со него склучува политички договор. Во ова време Аминта склучува воен и економски сојуз со Халкидичкиот сојуз на педесет години, но договорот набрзо е раскинат затоа што Халкидичкиот сојуз не само што не иж помага на Македонија кога е нападната од Илирите, туку и ја напаѓа, па дури и навлегува во Пела.
Аминта бара помош од спартанските хоплити, кои го напаѓаат Олинт (382 г. п.н.е.), зашто овој најмоќен халкидички град влегува во сојуз со Теба и со Атина и претставува опасност не само за Македонија, туку и за Спарта. Спартанците, заедно со коњаниците на Аминта и на Дерда од Елимеја војуваат сеж до 379 г. п.н.е., кога Олинт се предава; според мислењето на Исократ, спартанците не водат сметка за панхеленските интереси, туку војуваат и гинат (загинува спартанскиот басилевс и неговиот брат) во полза на македонскиот владетели.

Со обновување на Атинскиот поморски сојуз, Македонија станува главен снабдувач на дрвен материјал за бродоградба, што е причина Атина и Македонија повторно да влезат во сојуз, пред сеж да склучат трговски договор.
Македонскиот владетел зема учество на општиот собир свикан во Спарта (371 г. п.н.е.) каде што го признава правото на Атина да владее со Амфипол.По смртта на Аминта ИИИ, македонскиот престол го наследува дваесетгодишниот Александар ИИ, најстариот од трите сина на Аминта и на Евридика. Александар продолжува да води војна во Тесалија и ги освојува градовите Лариса и Кранон. Политички пресврт настанува кога Теба на чело со Пелопида ги истиснува македонските војски од Тесалија.

По смртта на Александар II, македонскиот престол го освојува Птолемај од Алор и кој, веројатно, имал поддршка и од Евридика. Како гаранција за воениот сојуз, Теба зема триесетина заложници од Македонија, меѓу кои е и Филип ИИ, најмалиот син на Аминта III. Идниот голем цар Филип II Македонски во Теба поминува три години, тука добива хеленско образование и се обучува во славните тебански воените вештини и стратегии.Птолемај од Алор, како старател на Пердика и на Филип, владее сеж до 365 г. п.н.е., кога на власт доаѓа Пердика ИИИ, кој го враќа Филип од заложништво. Новиот владетел воспоставува добри односи со Теба, за што е прогласен за проксен и евергет (пријател и добродетел). Пердика има добри односи и со Атина, а учествувал и во воени дејства на страната на Атина за повторно освојување на Амфипол, Потидаја и други градови на Халкидик. По промената на политичките прилики, Пердика III се свртува против Атина и во 359 г. п.н.е. го освојува Амфипол.

Во исто време Илирите, предводени од стариот војсководител Бардилиј, напаѓаат на Орестида и Пердика загинува во битка со четири илјади македонски војници (359 г. п.н.е.). Во овие кризни моменти за македонската држава, Македонското собрание за нов македонски цар го прогласува Филип II, најмалиот син на Аминта III.

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Уредник: Проф. Д-рТодор Чепреганов

Автори:

проф. д-р Анета Шукарова

проф. д-р Митко Б. Панов

проф. д-р Драги Ѓоргиев

проф. д-р Крсте Битовски

акад. Иван Катарџиев

проф. д-р Ванче Стојчев

проф. д-р Новица Велјановски

проф. д-р Тодор Чепреганов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.