|
|
Претенденти за Македонија (4) |
Македонска нација „Еве како сега стои прашањето само по себе, без интервенција на европските земји: Грција и Србија се склони кон спогодба, но тие предлагаат да се подели Македонија; особено Србија инсистира на таа поделба. Тие и нудат на Бугарија половина на Македонија источно од Вардар, а западната половина сакаат да ја зачуваат за себе. Солун треба да остане неутрален. Бугарија не се согласува на таква поделба, бидејќи се надева дека ќе ја добие цела Македонија. Македонците, исто така се против раздробувањето на земјата на парчиња. Но неутрализиранието на македонското прашање, како што го разбираат сепаратистите исто не наидува на сочувство во Бугарија. Впрочем, и Србите се против таквата поделба: и едните и другите сакаат да владеат со Македонија, а не да им ја препуштат на Македонците. Но ако самото македонско население искаже волјата во таа смисла, - "добронамерници" нема што друго да прават освен да се помират пред таа волја.“ – пишува Дионисиј Григорев во својата статија „Претендентите за Македонија“ Во ова последното продолжение на статијата „Претендентите за Македонија“, авторот Д. Григорев зборува за интересот на Русија да го зачува постоечкиот статус на Балканскиот Полуостров, за манипулирањето со балканските државички и нивните желби да ја поделат или завладеат целосно Македонија, како и за стремежот на разните македонски струења за разрешување на македонското прашање. Анализиријаќи ја состојбата околу Македонија и односот на македонскиот народ, тој за разрешување на македонското прашање ќе напише: „Сепаратистите го сметаат своето решение не само за праведно и разумно, но и за единствено можно. Стремежот на националистите не се само незаконски, но и неостварливи. И навистина: зар националистите мислат дека Србија и Грција и воопшто Европа ќе дозволат присоединување на Македонија кон Бугарија? Сепаратистите смета дека воопшто не е во интерес на Русија да се даде Македонија на Бугарија. Русија не сака дури и автономија за Македонија. Таа сака да го држи прашањето отворено, бидејќи тоа е последнята нејзина карта во играта на Балканот. Русија знае дека Бугарија ќе оди по неа - и тоа пак не постојано и не целосно - само додека Русија има во своите раце нешто што може да се даде на Бугарите .. Покрај тоа, појавувањето на Балканскиот полуостров на една силна воена држава која ќе биде европски ариегард меѓу Цариград и Прут, исто така, не е воопшто во интересите на Русија. Сепаратистите одат уште но понатаму. Тие уверуваат не Русија побрзо ќе се согласи да се даде Македонија на Австрија, од колку на Бугарија, И сепаратистите се стремат да кренат востание во Македонија, но тие предлагаг првенствено да се принесе центарот на агитацијата во самата земја, каде треба да се започне широка политичка пропаганда, основана врз идејата на сепаратизмот. Чудно нешто е што во тоа време, кога по македонското прашање се води таква борба, самите Македонци остануваат пасивни. Суштествувањето на толку, Срби, Грци, Бугари, Романци, Австријци - сосема го деморализира Македонецот кој мирно шпекулира со заинтересираните симпатии на различните "брача". Има примери кога доста познати македонски дејци во Белград се нарекуваат Срби. А во Софија - Бугари. Ако масата на населението, кажано воопшто, ги симпатизира Бугарите, причината не лежи во близината на јазикот. Таква блискост има и меѓу српскиот и бугарскиот јазик.Суштината е во некои историски факти. Прво, извесна солидарност меѓу овие два народа се развила уште под турското ропство, кога Македонците и Бугарите од сегашното кнежевство водеа заедничка општа борба против грчкиот патријарх. А уште повеќе симпатии во Македонија си освои Бугарија по војната, кога недостигот на чиновници ја натераа да ги прима во служба Македонците: една третина од сите бугарски чиновници се Македонци. Во бугарската војска има повеќе од триста офицери-Македонци. Ако Србија беше по-гостопримлива кон Македонците, нивните симпатии секако ќе се свртеа кон Белград. Покрај тоа, секоја година од Македонија излегуваат до 80.000 работници, кои се распрснуваат низ целиот полуостров и бараат работа .. Огромно мнозинство од нив ја наоѓаат во Бугарија. Секако дека причината за симпатиите на Македонците кон Бугарите треба да се бара во тие реални односи, а не во етнографските заедници. Етнографски разликата помеѓу Србинот и Бугаринот, несомнено е многу помала, отколку меѓу еден Бретонец или Провансалец и еден селанец од Елзас. Последните можат да се разберат едни со други, само како зборуваат на литературен француски јазик, а Србинот и Бугаринот слободно се разбираат без никаква речници. .... Прекратувањето на несогласувањата меѓу балканските држави е несомнено во интерес на Македонците и на нивното по-скорешно ослободување од турското владеење. Тоа: решение би ги прекинало и земјоделските кризи со Македонија. Оваа богата по природните услови земја е совршено осиромашена од лошата, турска администрација. Во текот на последните 20 години трговијата на Македонија се намалувала, наместо да се зголемува. Во 1870-74 година по податоците на францускиот консулат во Солун, годишниот увоз и извоз достигнувал до 56 милиони лева,. а сега е намален до 50 милиони. Народниот труд во Македонија безбожно се експлоатира од тие т.н. чифликчии во чии раце се наоѓа поголем дел од земјата. Богаташите поседуваат цели села. На пример во Битолскиот вилает од 125 села - 77 припаѓаат на чифликчиите, односно последните се сопственици на целата земја ,, обработувана од селаните, - во 28 села господствува ситната сопственост, а во 80 - има и ситни, и крупни сопственици. Ни останува само да кажеме неколку зборови за третото движење, за претставниците каде што е и самиот "Врховен македонски комитет" и неговиот орган весникот "Реформи", кој излегува на француски и бугарски јазик. Ова движење може да се нарече револуционерно. Врховниот комитет се стреми да го пренесе прашањето на чисто-политичка почва, да предизвика интервенција на Европа со набрзина организирано востание и да се добие автономија. "Периодот на културна работа со отворањето на училишта во цркви во Македонија се заврши, - велат претставниците на оваа движење, - и дојде периодот на револуционерна активност" .. Врховниот македонски комитет не ги крие своите бугарски симпатии и протестира против обвинувањата за сепаратазам со кои го обвинуваат националистичките органи, но тој сака побрзо до добие позитивно решение и затоа предлага да се напушти борбата со Србите и да се насочат сите напори против Турците. Врховниот македонски комитет смета дека Македонците многу очекуваат од надвор. Тоа ги деморализирало. Пред сè тие треба да потпрат на сопствените сили. Русија, од која многу се очекува, нема никаков интерес да го поддржи нивното дело. Напротив, руските: конзули, јавно ги поддржуваат претензиите на Србија... Русија наоѓа за погодно да ги држи балканските држави во таква рамнотежа, при што силите на едните, да се неутрализираат од непријателските сила на другите и така рацете на сите да им бидат врзани. Уверувањата на бугарските русофили дека Русија не напуштила, бидејќи сме се обратиле кон Австрија, се неосновани: Русија не остави пред ние да ја промениме надворешната политика. Таа продолжува да се однесува непријателски кон нас и, сега, кога ние се свртевме кон неа и кога ја послушавме и не му помогнавме на Грците против Турците. Напротив, Србите водат политика непријателска на Русија, бидејќи денеска таму управува кралот Милан. Така што очекувањата за промена на руската политика треба да се бара на друго место. Весникот "Реформи – ја наоѓа оваа причина во желбата на Русија да создаде на Балканскиот Полуостров една голема српска држава под династија на црногорскиот кнезови, кои ќе го препречат патот на Австрија во нејзиното движење напред. Оваа идеја се споделува и од други македонски органи, како на пример: од весникот Борба". Најпосле, македонскиот комитет не верува дека Русија ќе и помогне на Македонците на Балканскиот Полуоетров уште и за тоа дека таа е воопшто против секаква револуционерна активност. Прикажаните погоре основни идеи на Македонскиот врховен комитет укажуваат веќе дека во раководните негови елементи станале големи промени. Пред две години тој јазик би бил невозможен, тие идеи би се гледале како безумни. Тогаш на врвот стоеше русофилскиот елемент, а сега него полека го истиснуваат порадикални елементи. Да не заборавиме дека весникот "Реформи" излегува и на француски јазик и дека неговите статии се назначени и за европското општество, чија симпатија е многу значајна за Македонците .. Впрочем, в. "Реформи" се држи непријателски не само кон Русија, но и кон бугарската егзархија, која до сега секогаш се водела за носителка на бугарските национална идеали. Повеќе од 25 години, т. е. од како бугарските револуционери го подготвуваа од Романија бугарското востание, - ние не сме слушнале таков остар јазик кон бугарското духовништво во Турција. Еве три главни струи (движења – н.з.) кои се изродиле по повод македонското прашање. Се прашувам, какви се нивните шанси за успех? Дали има надеж дека стремежот на сепаратистите ќе добие согласност од другите балкански држави – и ќе се крунисано со успех? Тоа од корен би ја променило не само политиката на балканските држави, но и воопшто би дала сосема друга физиономија во однос на сите европски земји кон источниот прашање. Еве како сега стои прашањето само по себе, без интервенција на европските земји: Грција и Србија се склони кон спогодба, но тие предлагаат да се подели Македонија; особено Србија инсистира на таа поделба. Тие и нудат на Бугарија половина на Македонија источно од Вардар, а западната половина сакаат да ја зачуваат за себе. Солун треба да остане неутрален. Бугарија не се согласува на таква поделба, бидејќи се надева дека ќе ја добие цела Македонија. Македонците, исто така се против раздробувањето на земјата на парчиња. Но неутрализиранието на македонското прашање, како што го разбираат сепаратистите исто не наидува на сочувство во Бугарија. Впрочем, и Србите се против таквата поделба: и едните и другите сакаат да владеат со Македонија, а не да им ја препуштат на Македонците. Но ако самото македонско население искаже волјата во таа смисла, - "добронамерници" нема што друго да прават освен да се помират пред таа волја.“ – вели на крај Дионисиј Григорев. „Претенденти за Македонија“ е статија превземена од руското списание "Жизнь" (ноември 1899 година), која го носи потписот Дионисиј Григорев, дописник од Софија". Во Бугарија е објавена во 1900 година. (извор: од "Д. Григорeв" (Г. Бакалов), Варна, 1900, 30 стр. - http://macedonia-history.blogspot.mk/2006/11/blog-post_09.html)
|