Среда, 20 Септември 2023   
Учество на Македонците во Романското востание

Македонска нација

romanskoto-vostanie

Почетокот на XIX век за поробените балкански народи означува и почеток на националните борби за ослободување од долговечната доминација на одманлиската држава. Првото српско востание од 1804 година во тој поглед преставуваат предвесник. По него во 1821 година избувнува грчкото востание. И во двете востанија македонскиот народ дал свој допринос. Освен во Србија и Грција, македонските печалбари во Влашко и Молдавија, во 1821 година  учествувале во востанието предводено од Тудор Владимиреску.

Меѓу учесниците во националните борби за ослободување на Романија во првата половина на XIX век, браќата Димитар и Павел Стојанови Минчови, познати како Македонски биле меѓу најблиските војводи на водачот на востанието Тудор Владимиреску. Тие биле синови на војводата Стојан (Стефан) Минчо, кој во XVIII век, со семејството од Македонија емигрирал преку Дунав. Синовите на Стојан воспитани во револуционерен дух, подоцна зеле активно учество како доброволци во Руско-турската војна 1806 – 1812 година. За своите заслуги во оваа војна Димитар и Павел Македонски биле одликувани за храброст, а Димитар произведен е во поручник. По војната тие се поставени на високи позиции во Влашко и Молдавија.

Меѓутоа, со Влашка и Молдавија сеуште владееле фанариотите (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), кои биле зависни од султанот и управувањето на дунавските кнежества го гледале за лично збогатување. Корупцијата, грабежите и интригите биле секојдневие, поради што фанариотите го предизвикале незадоволството и омразата на сите слоево во романското општество. Покрај фанариотите, селското население било угнетувано и од феудалните бољари. Меѓу фанариотите и бољарите постоеле големи несогласувања.

Во 1821 година избувнало востание во Влашко на чело Тудор Владимиреску, бољарин и учесник во Руско-турската војна (1806 - 1812). Кон востанието се вклучиле главно селско население и бројните печалбари. До март 1821 година, нивните сили изнесувале до 60.000 востаници.  Димитар и Павел Македонски како и многу Македонци и други печалбари земаат активно учество во востанието. Тие биле меѓу најблиските војводи на водачот на востанието Тудор Владимиреску.

Меѓутоа, кога започнал нападот на Букурешт, востанатите селани ги нападнале и бољарските имоти, а Владимиреску неуспешно се обидувал да воведе ред и своите борби да ги насочи единствено кон фанариотите.

Во април 1821 година востаниците предводени од Владимиреску влегле во Букурешт. Во исто време од Молдавија се движеле силите на Александар Ипсиланти, водачот на Филики етерија, тајна грчка организација за борба против османлиите.  

Османлиските власти барале од востаниците на Владимиреску или да се воздржат од борби или да станат сојузници на османлиските сили против етеристите на Испиланти. Во меѓувреме, меѓу Владимиреску и Ипсиланти доаѓа до несогласување и целиот хаос завршил со убиство на Владимиреску, распаѓање на неговата армија и разгром на етеристите.

Османлиската Империја успеала да го задуши востанието, а бил ставен и крај на фанариотското господарство во двете кнежества. По крајот на востанието Русија започнала голем притисок за повлекување на османлиските сили во кое и успеала, а самите фанариоти биле исклучени од сите граѓански и црковни служби и биле заменети со романски.

Димитар и Павле Македонски учествуваат во борбите до крајот на востанието и се меѓу последните кои се повлекле од Влашко. Во овие бурни настани учествува и капетан Иванчо од Битола, како и многу други Македонци.

Во својата Автобиографија Марко Цепенков раскажува за учеството на Македонците и другите јабанџии (странци) во романското востание.  Според кажувањата  на татко му Коста и чичко му Никола кои биле печалбари во Влашко, Цепенков ќе напише:       

„ …От коа поседе дома (татко на М. Цепенков - н.з.), пак му се кошна во Влашко со Никола и тамо беше го начекале времето да спечалат пари. Во тоа време имало некој Слуџар Тодор (Тудор Владимиреску - н.з.) што го викале, и тој (ги) накренал сите јабанџии (најпоeќе Маќедонци) против бојарите, со еден дарежлив ферман ѓоа од Русија беше му даден.

Коа беше се надигнале јабанџии дваесе и шест илјади, му легнале да и пленуваат бојарите, до што му нашле по куќите – се му плениле, дури втасала турска војска и се распрснале востаниците.

Бегајќи татко со 30-40 другари од Влашко за Немачко (Австрија, н.з.), сите беше и истепала потерата, само шест души беше останале, со нив татко ми и стрико ми;  татко ми лесно ранет во плешките оспреди..“

Од еден список на пребегани востаници во Русија се гледа дека меѓу пребеганите востаници и таму имало Македонци (Н. Тодоров- В. Трајков, „Бугари учесници во борбите за ослободување на Грција, Софија 1971, стр. 936 - 948)

Инаку, во 1829 година, Димитар и Павле Македонски учествуваат и во новата војна меѓу Руската и Османлиската Империја. Тие раководат со одред од околу 150 борци, главно од Кишињев, кои дејствуваат околу Оршова и Калафат. Војната завршила со потпишување на договорот од Едрене во 1829 година, според кој двете дунавски кнежества добиле автономија, Портата се откажала од правото за доставување на стоки и храни од кнежествата, двете кнежества добиле право на сопствени сили, султанот бил лишен од правото на монопол во врска со надворешната политика како резултат на кое двете кнежества добиле пристап до европскиот пазар. Во 1840 година Димитар Македонски е дел од создадената револуционерна организација Справедливост и братсво, а во 1848 година учествува во револуцијата.

Во земјата станало јасно дека револуцијата може да биде задушена единствено со странска интервенција. Така на 19 јули 1848 година османлиските и руските сили навлегле на дунавска територија и без поголеми дејствија ја уништиле револуцијата. Влашка и Молдавија биле окупирани од османлиските и руските војски. Окупацијата продолжила до 1851 година, а според договорот од 1849 наместо кнез, во Влашка и Молдавија биле поставени администратори од двете земји. Освен тоа бил основан и Диван од болјари чии решенија директно биле потчинети на рускиот и турскиот двор и тоа преку претставители на двете империи во Букурешт. Во времето на Кримската војна двете кнежества биле окупирани од Русија, а во 1854 година од јужните делови на земјата навлегле османлиските сили на Омер Паша, но како резултат од постигнатиот договор меѓу Англија, Франција и Портата, двете кнежества биле дадени на Австрија. Во 1861 г. во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежества под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.