Среда, 08 Мај 2024   
БАДЕНТЕРОВАТА КОМИСИЈА ОЦЕНИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ, А ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВНИЦИ ЈА ОСТАВИЈА ДА ЧЕКА

badinter

(Јануари 1992 год.)

"Европската Заедница формирше и посебна комисија на чело со тогашниот претседател на Уставниот суд на Франција, Робер Бадинтер, да ги испита околностите кај секоја од републиките и да утврди дали кај секоја од нив постојат потребните правни акти за да може да и се признае правото на независност.

Таа комисија, проучувајќи го нашиот случај, а имајќи ги предвид приговорите на членката на ЕЗ - Република Грција, побара од нас да донесеме два амандмана со кои ќе ги промениме двата члена на Уставот, оние што се однесуваа на границите и на деловите на македонскиот народ кој живеат како национално малцинство во соседните земји. Ние ги прифативме тие услови и, по забрзана постапка, на 6 јануари 1992 година... ги донесовме двата амандмана со кои го изменивме Уставот.

Споменатата Бадинтерова комисија потоа оцени дека, од правен аспект, од четирите републики што побараа меѓународно признание, само Словенија и Македонија ги исполнуваат сите потребни услови, а на Хрватска и на Босна и Херцеговина им препорачаа да...изведат рефендум за независност, доколку сакаат да добијат меѓународно призна-вање.

Својот извештај комисијата го достави до Европскиот совет на Европската Заедница, која се оглуши на извештајот на Комисијата што самиот ја избра и во средината на јануари реши да ги признае Словенија и Хрватска како независни држави, а Босна и Херцеговина и Македонија ги остави да чекаат подобри времеиња.

ЕУ до сега не успева да изнајде решение за соспствените проблеми, а не да решава нови.

Тргнувајќи од меѓуетничките односи, ако Македонија релативно успешно, врз основа на стекнатото искуство низ историјата, ги надминува сите меѓуетнички и меѓурелигиски проблеми, тогаш Македонија треба да и` биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми.

Значи, европските државници ги затворија очите пред објективноста на извештајот на Бадинтеровата комисија, која им тврдеше дека нема правни пречки Македонија да биде меѓународно призната и ја оставија 32 години да чека..."

 

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.