|
|
Џејмс Баучер во посета на Смилево по андарскиот колеж во 1906 |
Џејмс Баучер (James D. Bourchier - 18. XII 1850, Браф, област Лимерик, Ирска – 30. XII 1920, Софија, Бугарија) е ирски новинар, публицист и исгакнат политички активист. Долги години работел како балкански коресподент за британскиот весник „Тајмс“. Живеел во Софија меѓу 1892 и 1915 година и бил голем пријател на Македонија уште од 1903 година. Својата промакедонска дејност ја продолжил и по Илинденското востание. Со своите написи во британскиот печат предизвикува симпатии кон македонскиот народ. Ирскиот новинар за време на Париската мировна конференција се залагал за правилно решавање на македонското прашање и формирање на автономна Македонија. Тој ќе забележи дека: „Населението на Македонија не е ниту бугарско, ниту српско, ниту пак грчко, и затоа Македонците треба да имаат своја држава и самите да си владеат. Меѓутоа на Париската конференција владее конспиративна тишина по македонското прашање и има недостиг од правда. Во Париз ... не допира крикот ниту плачот на ова несреќно подрачје“. Баучер ја напушта Бугарија по нејзиното влегување во Првата светска војна и работи како новинар во Русија, пред да се врати во Лондон. Во 1918 година се пензионира и се преселува во Софија. Слободното време кое го поминува во неговата куќа во Килкени, Лондон и Софија го користи за пишување, особено на мемоарите и неколку статии за иднината на Балканот. На 30 декември 1920 година Баучер умира во Софија. По повод Денот на Македонија, просветниот деец Козма Георгиев, кој е роден во селото Смилево и е син на македонскиот револуционер и војвода Георги Чуранов, во чија куќа е одржан Смилевскиот конгрес во 1903 година, во 1931 година ќе објави сторија за посетата на Баучер на Смилево во 1906 година во единствениот јубилеен број на весникот „Устрем“ од 1 мај 1931 година во Бургас (стр. 13). Инаку во статијата „Баучер во Смилево (спомен)“, објавена во Издание на македонските организации – Бургас, како што стои во подзаглавието на весникот „Устрем“ кој орган на македонските бегалци и ги застапува македонските позиции, Георгиев ја опишува посетата на Баучер на Смилево, по колежот во селото кој го извршила андарска група. За симпатиите кон Македонците и за значењето на написите на Баучер за македонското прашање, Козма Георгиев ќе го забележи следното: „Смилево, родното место на Дамјан Груев, главниот место на Илинденското востание во 1903 година, беше многу убаво село, со 400 убави, светли и просторни куќи, амфитеатрално наредени, групирани во три маали, со црква, со одлично уредено првокласно училиште и со пет учителски сили. Сегашно Смилево е како лицето на човек кој многу страдал, многу страдал. Тоа огрдело, а таму каде некогаш имаше куќи и вриеше во нивниот живот радост и надеж, таму сега е обраснато со трева и плевел. Некогашното Смилево не е сегашното и не може да биде, зошто од тогаш до сега Македонија бел ден не видела и не се одморила од постојаните беди, за да почне наново да цвета. Тоа е разнебитено, зошто два огнени виора му поминаа над главата и го опустошија. Во 1903 година, за време на Илинденското востание го опустошија Турците „до нога“, а во август 1906 година, кога собираше сили за одмор по нанесените лути рани, пред неговите тажни остатоци, пред неговиот маченички образ, се јави одеднаш една грчко-турска банда и го нападна. Убија 12 смилевчани и опожарија 25 од ново изградените куќи. Недела беше тогаш, а на другиот ден, понеделник, Баучер, заедно со тројца англиски новинари се одзва на село Смилево и застана пред уште неистинатите трупови на касапски исечените 12 души, од кои петмина убиени на едно место – во селската крчма. Ридаа жените, плачеа децата. Тажна беше глетката. Баучер просолзи. Сите видоа како, кога јадри солзи ги навлажнија неговите образи – солзи на сочуство и проклетство. Тоа се случи со Баучер, син на еден кален во самодоверба народ , мил покојник за секое македонско срце!... Нека нашите и странците знаат, дека неговите тогашни солзи се и сега проклество за истите кои го продолжуваат делото на тогашните разбојници. Баучер дојде од Битола, каде што беше дојден од Лондон, за да види со свои очи што се прави со македонскиот (народ) соединетите сили на Цариград, Атина и Белград – сили на мракот против светлината; на тиранијата против слободата!. Тој доаѓаше тогаш кај нас, како пратеник на европскиот печат, кој преку него сакаше да слушне вистината за новите пустошења и колежи направени во нашата земја, сега веќе под знамето на крстот. Светот ја слушна таа вистина – Баучер, апостолот на македонската правда пред светот, во весникот „Тајмс“, живо го опиша виденото и слушнато во село Смилево и остро ја укори андартската акција, која ја гореше и окрвавуваше Македонија под јавна заштита на Турците. Многу крв беше истекло од раните која револуционерна Македонија ги доби во јуначките илинденски борби. Премалена беше нејзината снага од умор и напрегнување, кога упаднаа од Атина и Белград чети за да го истребат секој кој го носеше името (македонски – н.з.) борец. Беснееше по нашата земја страшниот андартски бандитизам, мизерен по побуди, идеја и цел; неселективен при избор на жртви и средства за борба против оние кои се бореа за право и татковина. Баучер го анкетира злото на таа чума, која во Загоричани уби богомолци, во Зеленичево сватбари, а во Смилево – празничари, виде и слушна за сите зла направени од таа чума, која ги убиваше блиските на оние кои како нив едно време се мачеа да го скршат султанскиот јарем. Баучер сретна кај нас многу тага, многу ридање и разбра многу тежини. Кликна срцето на големиот човек, почуствува желба и ... одрони солзи на укор против сите судбоносци во светот, кои трпат касапи и касапници над правото и совеста на еден народ – Македонскиот народ! Сред полите на светата обител почива тој кој секогаш ќе е жив за Македонецот! Поклон! “ Џејмс Баучер, големиот пријател на Македонците, кој умира во Софија во 1920 година, по негова желба бил погребан во близина на Рилскиот манастир. Македонска нација |