Среда, 25 Септември 2024   
Македонскиот јазол (прв дел)

Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз - Изненадувачки турски документ

Македонскиот јазолМакедонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерите на Балканскиот сојуз (1878 - 1914)" од Ханс-Лотар Штепан, првиот германски амбасадор во Македонија. Станува збор за необјавени документи, главно од Архивот на Министерството за надворешни работи на Германија, кои говорат за геостратегиската и геополитичката положба на Македонија во преодот од деветнаесеттиот кон дваесеттиот век. Македонскиот Јазол е книга од германскиот амбасадор во Македонија, Др. Ханс Лотар Штефан кој ги користел сите државни архиви на Германија од 19 век до 1913 година.

Сите архивирани документи од германскиот рајх од 19 век потврдуваат дека постои засебен Македонски народ, а никако македоно-бугарски, македоно-српски или македоно-грчки народ.

Еден извештај во декември 1909 год. беше повод царскиот дипломатски пратеник во Србија да му испрати на Министерството за надворешни работи текст со инструкција "кој бугарската влада во 1900 год. го испрати на својот тогашен претставник во Белград во врска со поделбата на сфери на влијание во Македонија, предложена од страна на Србија" и како што пишува понатаму господин Фон Рајхенау, "од која една копија ми беше достапна во тоа време." -1900 г.

.....Oва е еден од ретките случаи во сите испитани документи, во кои Македонскиот народ не е претставен само како жртва на агресивните соседи, како што и било вообичаено, туку и како предмет на трговија.

Во документот на бугарската влада до нејзиниот претставник во Белград се вели:

"Имаме неспорни докази, а и случувањата во последниве години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанското население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сфаќа многу непријателски.

Нивната желба оди до таму, да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство.

Секаков обид за било каква поделба кај Македонското население би прeдизвикало огромно незадоволство и во оваа братска земја би причинил еден таков раздор и нeединство, што би можело да изврши многу штетно влијание не само врз тамошното население, туку и врз мирот и редот како во Бугарија, така и во Србија.

Кога пред неколку години, за првпат, беше отворено прашањето на "сфери на влијание", од страна на населението во Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести по однос на ова прашање. Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјасни дека никогаш не сака да се стави ниту под старателството на Бугарија, ниту пак, под она на Србија.

Идејата за сепарација и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна, што во многу места во Македонија почна да се оспорува постоењето на било какви племенски сродства или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави."

"....Во тоа време Бугарија донесе фундаментално различна одлука од другате балкански земји, кои се бореа за окончување на своите страдања: борбата за ослободување не ја започнаа против Османлиското царство, туку во рамките на православната црква.

Исходот беше што Султанот, под притисок од Русија - бугарските молби сами не беа доволни - во 1870 год. одобри создавање Егзархија независна од Грчката православна црква: "уникатен случај во историјата".

Српскиот пратепик во Санкт Петербург, Д.Поповиќ, во неговото доверливо писмо од 8.12.1913 година (Р 20728-2, лист 116) - значи кусо по примирјето во Првата балканска војна - се осврнува на последиците од овој "несекојдневен настан", пренесувајќи ги забелешките на бугарскиот генерал Димитриев, кој овој ги искажал во еден разговор со него:

"Бугарија ... со создавањето политички ситуации (Егзархијата итн.) пушти корења ... (во делови од Македонија)".

"Временскиот период од 40 и повеќе години беше доволен за Бугарија да изврши влијание врз расположението кај народот..."

Навистина дрско, побугарчувањето да се опише како "влијание врз расположение-
то". Тоа не беше проблем: со претставниците на посрбувањето (кое во една прилика од една француска професорка беше дефинирано како "брутално посрбување"), барем во оваа смисла ова беше билатерална акција.

За грчкиот патријархат, скратениот прилив на пари (поради Егзархијата) од високите даноци на Бугарите веројатно претставуваше уште поопиплива загуба од осетното намалување на бројот на верниците. Напнатоста која заради тоа се јави помеѓу двете цркви достигна кулминација кога две години подоцна, откако конечно се појави писмениот указ на султанот ("ферман"), грчкиот патријарх донесе одлука со тешки последици и ја прогласи Бугарската егзархија за шизматска. Од оваа интерна борба султанот само профитираше; вакви кавги имаше секојпат кога султанот ќе одлучеше да им додели нов седишта на епископии на Бугарите.

Амбасадорот Фон Заурма (von Saurma) во Константинопол години подоцна пренесе
една појаснувачка изјава на султанот.

"Султанот беше на мислење,... дека грчкиот патријархат не сака да се откаже од паричните предности кои ги загуби со основањето на бугарските епископии."


(продолжува...)

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.