Среда, 05 Октомври 2016   
Уништувањето на Охридската патријаршија

ivan-snegarovИван Снегаров (Охрид, 12. Х 1883 – Софија, 1. III 1971) е истакнат славист, историчар, универзитетски професор и бугарски академик со потекло од Македонија. Член е на Македонската револуционерна организација, а бил и редактор на весникот „Автономна Македонија“, орган на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугарија. Тој е  еден од основачите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923) и е соработник на органот „Македонски преглед“ (1924 - 1943). Неговиот капитален труд е Историјата на „Охридската архиепископија“ (1924).

Иако по потекло Македонец, Иван Јонче Снегаров како воспитаник на Егзархијата во своите дела кои се однесуваат на Македонија,  говори за бугарскиот карактер на македонскиот народ и црква. Сепак, врз основа на истражувањата за историјата на Охридската архиепископија, тој во своите написи се залага за политичка и духовна самостојност на Македонија. Така за значењето на Охридската ариепископија тој ќе каже: „Историјата на Охридската црква е историја на осумвековна духовна независност, би рекол на духовна сувереноста на Македонија... Охридската архиепископија – патријаршија поседувала законодавна, извршна и судска власт. Таа имала морален авторите пред кој се поклонувале (со ретки исклучоци) сите нејзини членови, затоа што тие верувале, дека таа е патот, којшто ги води и кон земна благосостојба и кон најважното – небесно, идеално суштествување“.

Снегаров ја поткрепува борбата на македонскиот народ за самостојна и независна држава. Врз основа на духовната, законодавната, извршната и судската власт која ја имала Охридската архиепископија се до нејзиното неканонско укинување во 1767 г. тој заклучува: „Автономистичкиот дух на Македонија не е нов, туку е рожба на нејзиниот историски живот. Тој бил развиван од автокефалната Охридска црква. Историјата на последната не уверува: 1) дека Македонија има право и е способна и за политичка самостојност исто како што можела да постои 8 векови како независна духовна организација; 2) дека, како што во старо време била основа за духовно обединување на балканските народи, така таа и сега може да се претвори од јаболко на меѓубалкански раздори во алка на општобалканско братство.“

По повод возобновувањето на Македонската православна црква по Втората светска војна, тој во својата статија „Возобновување на Охридската архиепископија“ („Македонска мисъл“ кн. 7-8, год. 1, 1946) пишува: „Вoстановyвањето на Охридската архиепископија треба да предизвика радост во сите православни Цркви, зашто со тоа се востановува потиснуваното право за црковно самоуправување и се дејствува во насока на спречување на раздорите меѓу балканските едноверни народи. Затоа да посакаме, Српската православна црква, како и нејзините блиски сестри — Бугарската и Цариградска црква да погледнат благонаклоно и христољубиво на новосоздадената Македонска православна црква и да ја земат, како постари сестри, под своја закрила, за да се зацврсти, благоустрои и служи како верен член на Вселенската црква.“

Сепак, укажувањето на овој научник до ден денес не испочитувано од блиските православни цркви. МПЦ –ОА сеуште се соочува со непризнавање, иако Охридската архиепископија е неканонско укината во 1767 година. За уништувањето на Охридската патријаршија, Иван Снегаров предава како редовен доцент при катедрата по црковна историја во Богословскиот факултет и специјално за списанието "Македонски прегледъ" тој го проширува истражувањето. Тука во неколку продолжениа ви го пренесеме неговиот напис објавен Македонски Прегледъ (Година II, книга 3, София, 1926 г)

Уништувањето на Охридската патријаршија и влијанието на елинизмот ...

“Охридската архиепископија (или патријаршија, како се викала кај цар Самуила и во последно време), основана врз апостолската дејност на првиот ... епископ Климента... била канонско испоставена. Поради тоа византиските императори, бугарските и српските цареви, како и турските султани не посегале на нејзината автокефалност. Цариградската патријаршија, сепак, не можеше да се помири ко нејзиното постоење. Наспроти 35 - тото апостолско правило кое експлицитно забранува еден епископ да навлегуваме во пределите на друга епархија, таа користеше кога потајно, кога јавно, секој погоден момент за уништување на оваа ... црква. Во овој поглед цариграградскиот патријарси секогаш ги следеа византиските императори кои упорно се стремеа да ја ослабат и уништат (македонската) држава.

Охридската архиепископија секогаш наоѓала во себе сили да ги одбие стремежите на Цариградската патријаршија, но нејзината одбранбена борба станувала многу тешка, кога двете цркви се наоѓале во една и истата држава - Византија или Турција (во таква ситуација тие биле повеќе од седум века), бидејќи охридскиот архиепископ бил далеку од централната државна власт која цариградскиот патриарх често се обидувал да го искористи за продолжување на својата диоцеза на запад. Во одбрана нашата Архиепископија се стремела да ги задржи етнографските граници ..., бидејќи во секое време - при грчки или славјанскиот висок клир - таа е свесна дека главната основа на нејзиното битие е .... народноста на нејзиното паство. Исто така таа се бори да го задржи уште и духовната независност на својата диоцеза..., како и спомените за првите ... просветители - Св. Седмочисленици. Од крајот на XVII в. веќе се зачестени обидите на Цариградската патријаршија за ослабување на оваа црква. Тоа било во врска со фактот дека во тоа време Фенер преку вишите чиновници-Грци во Високата Порта се стекнале со голема доверба пред султанот и нивното влијание премногу се засилило во областите на источните патријаршии, исто и во Молдавија и Влашко кои цел век биле управувани од фанариоти назначени како бегови или кнезови директно од султанот. Повод дала молбата на неколку епархиските архиереи од Охридската диоцеза до неа против архиепископот Теофан, кој се качил на охридскиот престол со турска помош. Охридските архиереи се обратиле кон цариградскиот патриарх, по секој веројатност, бидејќи Теофан бил поддржуван од некои престолни паши, против чие влијание, оддалечени од главниот град, тие не биле во можност да се борат. Со помесен собор во Цариград во 1676 година патриархот го сменил Теофил и поставил на негово место свој човек - софискиот митрополит Мелетија. Со тоа бил направен Првиот престап за отворање пат на фенерското влијание во Македонија. Во Охридската диацеза почнала постепено да се засилува борбата меѓу фанариотските натрапници и домашните архиереи. Борбата вовлекла и мирјани. Формирани се две партии: автохтонска и фанариотска. Првата се движела од локален патриотизам и сакала во вишиот клир на епархијата да не се допуштат туѓи ἀλλοδαποί клирици, односно. од друга помесна црква, a само домородци. Втората партија пак била зафатена од елиноманија и култ кон Фенер како главен културен и духовен грчки центар и подпомагала разни цариградски клирици, останати без служба, насилно да се качат на архиепископскиот престол.

Оваа борба, која премногу ја истоштувала архиепископијата, била причина за брза смена на архиепископите кон крајот на XVII век и првите две десетолетиа на XVIII в.

Откако избегале од туѓинецот Григориј Новопатраски, чие двегодишно управување било "безаконо" (παρανόμως) и "разбојништво" (λησταρχίας), во 1693 година во месец август автохтонистите го избрале за архиепископ својот сомисленик велеградскиот митрополит Игнатиј. Сега Цариградската патријаршија отворила јавна борба. Со окружно до сите поместни цркви од 1693 година под наслов "Περὶ τῶν ἐν τῶ ἱραρχικῷ τῆς καθολικῆς καὶ Ἀποστολικῆς ἐκκλησίας τάγματι πατριαρχῶν" патријархот Калиник II докажува дека само петмина се легални патријарси - четири источни и московскиот и се заканува со соборна казна, ако некој од охридските, кипарските, иверските и ипекските архиепископи се титулира патриарх, и со анатема кон секого кој би ги нарекол со тоа име.

Заканата на патраијархот Калиник никако не влијаела во Охрид, каде архиепископите продолжувале да се нарекуваат и биле нарекувани патријарси.

Поради повторното наметнување на Григория Новопатраски во 1695 г., автохтонистите веднаш свикале црковнонароден собор, кој заклучил, дека апостолскиот престол ризикува да падне, ако не се спречат поставувањата на туѓи архиереи и еднодушно го остраниле натрапникот Григориј од архиерејскиот чин.

Освен преку засилување на своето влијание во Охридскиот диацеза, Цариградската патријаршија се обидувала да ја ослаби и преку одземање на нејзини места. Мелничкиот митрополит прави напори да го приклучи Петричкиот кадилак од Струмичко епархија, Верискиот го одзел градот Негуш од Воденската епархија, Велскиот (во северниот Епир) - две села од Костурската епархија. Во 1703 година охридскиот архиепископ Игнатиј протестирал пред патријархот, но во одговор на тоа Дионисиј од Хиос, еден од најпознатите порочни фанариотски кандидати, му го одзел престолот. Симнат, тој во 1709 година пак го завзел охридскиот престол, за да го отстапи во 1714 година на друг фанариотски клирик Филотеј кој со своите беззаконија ги надминал сите свои претходници. На 6 јули 1718 година, архиерејскиот собор го разрешил Филотеј и го прогонил, a на негово место го избрал енергичниот и мудар корчански митрополит Јоасаф од Москополе, кому сите архиереи му дале писмено ветување да живеат со него "со една душа и едно срце" и да содејствуваат во словото, и делото и со материјалните средства. Во тој многу критичен момент, оваа архиерејска согласност ја спасила архиепископијата од распаѓање. Автохтонската партија земала превласт и се сплотило свештенството и народот за борба против фанариотите. Бидејќи прогонетиот Филотеј не стоел мирен, на 4 февруари 1719 година архиепископот Јоасаф свикал во Корча голем цркoвно-нaрoден собор кој го лишил Филотеј од секаков духовен чин и го објавил за прост монах, како и закана со исклучување од црквата секој кој би влегол во општење со него. Филотеј веќе не се вратил во Охрид. За искоренување на фанариотското влијание во епархијата, архиепископот Јоасаф и Синодот издале порака до свештенството и народот од 21 февруари 1719 година, во кое го истакнуваат големото зло, нанесено на Охридската црква од туѓите клирици, неопходноста од целосна единство меѓу клирот и народот за прицврстување на "светијшиот и апостолски престол на Прва Јустинијана ...", како и проклество за секој кој би содејствувал некому за да се качи на овој престол насилно и незаконито.

Фенерските приврзаници биле сосема поразени. По целата диоцеза настапило целосно спокојство, кое траеше до смртта на познатиот архиепископ Јоасаф (1745 година). Во неможност веќе да води отворена борба, Фенер се обидел да и нанесе удар со интриги. Во 1737 година Иван Ипсиланти, влијателен турски службеник работел против охридскиот и ипекскиот архиепископ. Тој ја убедувал Големата Порта да ги потчини епархиите на цариградскиот патриарх бидејќи се наоѓале во тајни односи со Австрија и подготвувале востанија. Султанот сепак не му верувал и се сомневал дека сам Ипсиланги е австриски агент, за што гo казнил со смрт.

Архиепископот Јоасаф немал достојни заменици. По неговата смрт фанариотската партија пак почнала да дејствува дури многу поенергично, особено во јужните епархии. Зачестените случаи на отворено мешање на цариградскиот патриарх во споровите меѓу христијаните и  пастирите од тие епархии, како на пример: меѓу жителите на градот Сачишта со стариот автохтонист сисанијскиот проедр Зосима, меѓу истите и охридскиот свештеноиконом Триантафил (1747 година), меѓу жителите на костурското село Кономлади и парохискиот свещеник Коцо (1754 година).

Од 1757 година патриархот почнал да се меша и во изборите за епархиските архиереи во Охридскиот диацеза. Неколку такви избори не се случиле во Охрид и од охридскиот Синод, како што било легално за една автокефална црква, туку во Цариград и од патријаршиски архиереи со дозвола на патријархот (προτροπῂ καὶ ἀδειᾳ τῆς αὺτοῦ Παναγιότητος), иако за форма се додаваше во изборните акти: "и со знаење и овластување на охридскиот архиеписксп" (γνώμῃ τε καὶ ἀξιώσει τοῦ καθολικοῦ κυριάρχου τῆς ἐπαρχίας ταύτης μακαριχτατάτου Ἀρχιεπισκόπου Ἀχριδῶν). Се постигна ова - Патријаршијата преку своите приврзаници  дејствуваше за сменување на нејзините непријателски митрополити. Така, во 1760 година таа успеа да го острани борецот за автохтоноста на охридскиот клир и верен пријател на архиепископот Јоасаф Костурско митрополит Хрисант и го замени со својот приврзеник Евтимиј. A во месец мај 1763 година, по смртта на охридскиот архиепископот. Јеремија, цариградскиот патриарх Јоаникиј III се обидел да го наложи на охридскиот престол својот велик протосингел Ананиј, но, сепак не успеал. Штом Ананиј се јавил во Охрид, клирот и народот го избркале преку турската власт и го избрале за архиепископ битолскиот митрополит Арсениј.

Прогонот на Ананиј бил последен отпор на автохтонската партија. Во 1764 година новиот цариградски патријарх Самуил Ханџера повторно го поставил на Костурската катедра соборениот од автохтонистите Евтимиј кој му станал главен агент.

Забелешка - 28-то правило на IV Вселенски собор (451) точно ја определил областа на цариградската патриарх. Таа се совпаѓа со Тракиската диоцеза на Римската империја и се состоела од провинциите: 1) Европа, 2) Тракија, 3) Родопи, 4) Хемус, 5) Долна Мизија и Мала Скитија (сегашна Добруџа), односно источната половина на Балканскиот Полуостров. Другата половина која ја сочинува илирската префектура со два епархијата Македонија и Дакија, била под ведомство на римскиот папа, кој ја управувал преку намесник првен во Сирмијум, потоа - по уништувањето на овој град - во Солун, a при Јустинијан Велики таа била управувана од автономниот архиепископ на Прва Јустинијана. ... (Наследничката на Јустинијана прима - Охридка архиепископија) била канонска величина и формално, бидејќи Византија официјално ја признала за таква и по суштина, бидејќи била создадена врз основа на Проглас од христијанството за слобода на личноста и народноста, изразена во Христовата порака до апостолите да го проповедаат евангелието на сите народи; ....

Продолжува

(извор: Македонски Прегледъ Година II, книга 3, София, 1926)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.