Среда, 18 Јануари 2023   
ПРЕЖИВЕАНИТЕ БОРЦИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА: ДИМИТАР КОСТАДИНОВ ПЕТРОВСКИ

dimitar-kostadinov-240“Кога го нападнавме Лерин командантот на артилерците беше Грк и  требаше ним да им даде наредба да пукаат, а тој со сите документи побегна и & се предаде на грчката војска”, вели Димитар Костадинов Петровски.

Димитар Костадинов Петровски е роден на 29 ноември 1929 година во село Бабчор. Прво учествувал во младинската организација ЕПОН, а од 1945 до 1949 година бил учесник во ДАГ. Дел од податоците за неговиот подвиг ни ги соопшти самиот, но поради влошената здравствена состојба, користиме и некои веќе објавени податоци за него.

БОРБИТЕ ГИ ИЗГУБИВМЕ ПОРАДИ ПРЕДАВСТВО

“Кога го нападнавме Лерин командантот на артилерците беше Грк и  требаше ним да им даде наредба да пукаат, а тој со сите документи побегна и и' се предаде на грчката војска”, вели Димитар Костадинов Петровски.

dimitar-kostadinov

Димитар Костадинов Петровски е роден на 29 ноември 1929 година во село Бабчор. Прво учествувал во младинската организација ЕПОН, а од 1945 до 1949 година бил учесник во ДАГ. Дел од податоците за неговиот подвиг ни ги соопшти самиот, но поради влошената здравствена состојба, користиме и некои веќе објавени податоци за него.

На 16 август 1946 година во Бабчор дошла монархофашистичката војска, која 160 луѓе затворила во селското училиште. По големото малтретирање луѓето се онесвестиле од тепањето. Петровски, кој имал околу 18 години, успеал да се спаси така што побарал да оди да им донесе вода на онесвестените. Го придружувал грчки војник, но нашиот соговорник успеал да му побегне преку урнатиот ѕид од полското веце. Заминал во планините, каде се криел неколку дена, а потоа некои од соседното село му воспоставиле врска со партизаните. Дел од затворениците однеле во затворот во Кожани-Костур, а некои ги испратиле на островите. При напуштањето на Бабчор монархофашистите ја запалиле куќата на Петровски зашто и татко му бил партизан, а и тој им побегнал. Нивната куќа била првата изгорена куќа во Бапчор. Петровски учествувал во многу битки на Вичо, Грамос, Малимади, Сорвик, Негуш, Лерин итн. На почетокот имале големи успеси на бојното поле или, како што тој потенцира, нивните диверзанти правеле чуда, влегувале во позадината на непријателската војска и ненадејно ги напаѓале. Така било во текот на 1946-1947 година, кога всушност биле создадени и слободни територии, на кои биле оформени школи на македонски јазик, а имало и други активности. Меѓутоа, по 1948 година, поради предавниците кои биле во партизанските редови, состојбата на боиштето се променила во корист на фашистите.

“Тоа - објаснува Петровски - секако се должи на замената на македонскиот команден кадар со грчки. Во нашите единици имаше грчки комунисти, предавници кои нашите борбени намери им ги издаваа на монархофашистите пред да ги реализираме”.

Раскажува и за борбите во Горно и во Долно Котори, но и за своето ранување. По наредбата од 10 декември 1946 година тројца луѓе требало да заминат во село Лацен-Леринско. На патот паднале во монархофашистичка заседа, а само тој останал жив, но бил ранет во ногата.

“Ме однесоа во болницата 'Елени Димитриу', ме преврзаа, а потоа право во полиција. Ме затворија во затворот 'Толи Ано'. На 10 јануари 1947 година требаше да ме судат, но во меѓувреме дознав дека ќе ме стрелаат, па решив да бегам. Ја искористив можноста вечерта кога н# однесоа на шетање. Влегов во полициската соба, која беше празна, со нога ја дупнав мрежата од прозорецот и се дадов во бегство. Се движев низ Лерин, пешачев цела ноќ, а пред разденување дојдов до селото Крпешино”, се сеќава Петровски.

Оттаму со помош на крпешинските овчари, а потоа и со овчарите од Бабчор ги воспоставил контактите со соборците. На планината Грамос ја завршил офицерската школа “Петра Мука” и добил чин командир на вод. Учествувал во борбите за Нечово, Коница и во месноста Монахитис.

“Нашиот баталјон - дополнува Петровски - беше во 14. полк, ги држевме месностите Орлија и Ордија. На 14 јуни 1948 г. почна офанзивата на грчката фашистичка армија. На Орлија ме ранија во левата нога и заминав во болницата во Корча. Таму немаше место и со другите ранети ме однесоа на тогашната југословенска граница кај Свети Наум. Оттаму н# натоварија во автомобили и н# однесоа во болницата 'Катланово', каде останав два ипол месеци. На почетокот на септември н# вратија во Егејска Македонија”.

Раскажува и за формирањето на 10. девизија, но и за одењето во градот Негуш на 28 декември 1948 година.

“На Вичо имаше многу снег, цел ден водевме борба со грчката фашистичка војска, тие напаѓаа со пешадија, артилерија, тенкови и авиони. Нашата колона се движеше во правец на Кајмакчалан. Цела ноќ патувавме, а утредента пристигнавме во село Круцелево, Воденско. Таму се одморивме,  другата вечер како дел од 14. полк тргнавме за Воден, а 18. полк отиде за Негуш. Тој имаше успех во борбата, но тоа не беше случај со 14. полк, ние имавме многу жртви. Другиот ден отстапивме, а воениот суд на смрт го осуди  полковникот Ѓорѓијадис, кој беше стрелан. Сите наши формации се најдоа во селата Круцелево, Саракиново, Тресино, а потоа во градот Арадеа (Суручко). Во овие борби, исто така, немавме многу успеси и се вративме во селата од каде што тргнавме. Таму се реорганизиравме, го нападнавме Негуш и успеавме да го заземеме. По пет-шест дена отстапивме на Вичо”, потенцира соговорникот.

Таму направиле реорганизација и во февруари 1949 година тргнале да го нападнат Лерин. Според кажувањата на Петровски, планот бил два дена порано да го нападнат Лерин, но во тоа ги оневозможила КПГ. Поради различниот распоред на единиците кои требало да учествуваат во битката, а бил даден од Захаријадис, борбата била изгубена. Борби воделе и на други места во Соровик, но и таму немале успех.

“Пред да отстапиме од Вичо фашистичката армија од Лерин пристигна во Трсје и Статица. Вториот баталјон на 14. полк го забележа нивното движење и побара дозвола да ги нападне. Од ЦКГ ни јавија да не ги напаѓаме, туку да ги пуштиме да дојдат поблиску. Тие, пак, се упатија кон планината Лисец, а од селата Габреш, Дреновина, Баздивишта, Црнолишта доаѓаа колони и колони од грчката армија. На две места на планината Бигла имаше по шест топови, толку и на планината Рундел, а тешки топови имаше во Бесвина, кои можеа да ги гаѓаат Костур и Лерин. Топовите не испукаа ниту една граната, тие беа под команда на ЦКГ. Авионите на грчката држава постојано ги бомбардираа нашите села. Кога го нападнавме Лерин командант на артилерците беше Грк, кој требаше да им даде наредба да пукаат, но со сите документи тој побегна и &  се предаде на грчката војска”, објаснува Петровски.

Во август 1949 година ги доживеале најтешките порази од грчката армија, која била помагана од Англичаните и од американската авијација. Сакале да се повлечат кон југословенската граница, но нејзината армија тоа не им го дозволила, па затоа тргнале кон албанската граница, а кон нив се доближувале и монархофашистите.

“Се упативме кон Рабското поле, многу народ се движеше кон мостот на Перово, кој се наоѓа меѓу двете езера. Авијацијата жестоко напаѓаше. Успеавме да ги минеме мостот и од страната на Аил се упативме кон Винени, а од таму пребегавме во Албанија. По поразот на ДАГ Македонците од Егејска Македонија беа избркани од страна на Грците, а Титова Југославија не ни дозволи да дојдеме кај нашите браќа од Вардарска Македонија. Јас се најдов во Ташкент, СССР, татко ми во Бугарија, мајка ми во Полска, а двете сестри во Романија и тоа во различни места. Откако се изнајдовме преку Црвениот крст, мајка ми отиде во Бугарија кај татко ми, потоа им се придружив и јас. Во 1978 година бугарските власти ме затворија зашто не сакав да бидам Бугарин. Сакаа да ме судат за шпионажа, бидејќи работев како возач во 'Балкан турист', а по турата која ја имав во Скопје и во Охрид ме нарекоа македонски шпион. Ме осудија на 3 години затвор и на 9 години условно. Затворот го лежев во Стара Загора. Откако излегов од затвор не можев да најдам работа. Штом ќе ја видеа мојата биографија ми ја затвораа вратата. По тешки маки и вербални борби со бугарската корупција успеав да се иселам во Македонија”, потенцира Петровски.

Од книгата Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните

Жаклина Митевска
Ташко Јованов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.