|
|
Госпоѓата Харлеј, сестра на вице-кралот од Индија, загина во Битола |
„Госпоѓата Харлеј, сестра на вице-кралот од Индија, загина во Битола, од бугарска граната, додека ги негуваше (македонските – н.з) жени и деца.“ – стои на насловната страна на белградскиот „Илустриран лист“ од 1920 година (бр. 2, 25.I - 10. II. 1920). Марија Кетрин Харли (Eng;. Katherine Mary Harley Ripl, Велика Британија, 1855 - Битола, Кралството на Србија, 1917), беше британската хуманитарка кој како главен администратор на шкотскиот воени единици од Франција пристигна во Србија. Катарина Харли е роден на 3 мај 1855 во Ripley, во округот Кент, Велика Британија. Во Солун пристигна во 1915 година, каде што отвори мала болница која првично припаѓа на француската војска, но со доаѓањето на српската војска на Солунскиот фронт (Македонски фронт), таа му се приклучува на српскиот санитет. За дотогашните услуги на француската Источна армија и беше доделен Крст на Легијата на честа, кој лично и го дал генерал Сарај. Поради согледување на важноста на транспортот на повредените од фронтот, таа се врати и поведе пропаганда во Велика Британија и САД, со цел собирање средства за опремување на мобилната клиника. Нејзините големи напори создале можност за формирање и опстојување транспортната амбулантна служба. Мобилната брза помош и припаѓала на болницата во Острово, на дел од фронтот на Првата српска армија. По битката на Црна Река на 26 октомври 1916 бугарските војски полека почнуваат да ги губат своите сили и почнуваат да се повлекуваат преку Ивени, Тепавци се до Битола и да се стационираат на падините на Баба Планина и на месноста Црн Врв од каде што во една крајно безизлезна состојба ќе го започнат тешкото бомбардирање на Битола. Во пролетта 1917 година започнува најтешкиот и најкрвавиот период за Битола во историјата. Во текот на истата година извршени се серија бомбардирања со бојни отрови и разурнувачки гранати при што се загинати и осакатени бројни битолчани, а градот е разурнат. Многумина Битолчани умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови. По ослободувањето на Битола, Харлеј ја пресели амбулантата во градот, за да биде поблиску до фронтот и да му помогне на Битолчани. Меѓутоа, таа загина за време на бомбардирањата на градот на 7 март 1917 година. Таа беше погребана со највисоки воени почасти на српските воени гробишта во Зејтинлик, Солун, англискиот дел од воени гробишта. Марија Кетрин Харли приѓаше на „Друштвото на шкотските жени“ кои во текот на Првата светска војна дојдоа на Балканот за да му помогнат на народот, како за време на војната, така и подоцна кога требаше да се возобноват рушевините и да се даде итна помош на сите страни. Основач на ова друштво била др. Елси Инглис (Elsie Maud Inglis). Нивната работа била особено значајна за сузбивање на тифусот, откако еден лекар и три болничарки им подлегнаа на болеста. После повлекувањето еден дел од овие храбри, издржливи и вредни жени, продолжуваат со работа во Солун, други на Корзика, а третиот заедно со мис Инглис останува во Крушевац и му помага на народот. Повлекувајќи се со српските војници мис Инглис подлегнала на напорите и починала на 26 ноември 1917 година. Санитетската мисија на Шкотските жени имале и своји автомобилски секции И во лето и во зима, низ невреме и теренски непријатности, овие жени како шофери одеа секаде каде било потребно. По пробивањето на Македонскиот фронт Друштвото се движело на север (Острово – Врање - Белград). Нивните финански средства доаѓаа од прилозите од сите делови на Велика Британија, Индија, Австралија и Америка. Вкупната сума на нивната помош надминала над еден милион долари. Двете големи добротворки: г-ѓа Харлеј, која загина во Битола и г-ѓа Хаферфилд која почина од напор во Баина Башта, биле ревносни членови на Друштвото на шкотските жени. Кетрин Харли беше извонредна жена од добро семејство. Нејзината сестра беше Шарлот Деспард, истакнат борец за женските права, а нејзин брат беше фелдмаршал Сер Џон Френч кој одигра една од главна улога во Првата светска војна. Тој беше командант на британските сили во Франција и Белгија во периодот од 1914 – 1915 година, а бил и вице-крал на Ирска од 1918 до 1921 година, што е спротивно на насловот на текстот објавен во белградскиот „Илустриран лист“ од 1920 година. Сепак, Кетрин Харли која загина при бомбардирањето на Битола, била сестра на вицекрал. Интересно е што во ова списание кое започна да излегува по Првата светска војна се користат термините, Македонија, Македонски фронт и т.н. Македонска нација
|