Среда, 18 Јануари 2017   
Името Македонија е толку старо, колку и името на Македонците (2)

Map-alexander-empire

Во продолжение на статијата „Македонија, име и граници“, бугарскиот географ Анастас Иширков тврди дека долго време по формирањето на темата “Бугарија“ на поголем дел од територијата на Македонија од страна на Василиј II Бугароубиец, се задржало името Бугари за Македонците. Но, сепак во средината на XIX век, и покрај сите обиди на Византијците и Турците, да го избришат славното име Македонија од меморијата на населението, тоа ќе излезе повторно на површината и ќе го завземе своето место. Следејќи ја бугарската пропаганда, за да ги прикаже Македонија како бугарска земја, а Македонците како Бугари тој ќе напише:

„Професор Григорович кој го посетил во 1845 година битолскиот митрополит Герасим, расправа дека стариот титулар на пелагонискиит митрополит бил ἔξαρχος πάσης ἄνω Βουλγαρίας, но во негово време името Бугарија било заменето со Македонија.

Името Бугарија за областа Македонија се задржува до доцно време, дури до денес, благодарение на огромното бугарско население во таа област и на титулата прво на охридскиот архиепископ и потоа на македонските митрополити, кои буделе секогаш сеќавања за бугарско владеење во минатото во таа покраина...

... Бугарите се држеле најмногу за името Македонија, затоа што знаеле дека таа област заедно со Тракија и Мизија или вистинска Бугарија се составни делови од една земја, од бугарската земја, од Бугарија. Бугарите се држат особено силно за името Македонија од времето на црковно борба, кога во Цариград се издаваше весникот Македонија. Само во деведесеттите години кај неколкумина Бугари патриоти им дошло на ум да издаваат весник "Југозападна Бугарија", кој се занимаваше со македонските работи и сакаше да го популаризира тоа име наместо Македонија.

Одново се зајакне името Македонија кај нас во врска со Македонската револуционерна организација, која патем ги утврди и границите на таа област.“ – вели Иширков.

Меѓутоа, враќањето на Македонците на политичката сцена и нивната борба за национално ослободување, ќе ја предизвика пропагандата на соседните народи, кои заради своите аспирации кон територијата на македонскиот народ се обидуваат повторно да го избришат името Македонија. Бугарскиот научник во однос на неуспешните пропаганди на Турците и соседните народи да се забориви македонското име ќе напише:

„Во врска со политичкото српско владеење на одделни македонски области и на цела Македонија во времето на цар Душан, во врска со српската Печка патријаршија (1537-1766), под чија власт стоеја долго време северно-македонските области, сретнуваме често за Македонија и нејзини делови имињата сербскіе земља, сръбскіе землы и сербскую землю, во туѓата литература Servia. Проф. Вас. Ђерић во својата книга “О србском именување кај Старој Србији и кај Маћедонији", Београд 1904, стр. 9-31, соопштува многу цитати извлечени од различни дела, каде се спомнуваат имињата Срби и српска земја во Македонија и Стара Србија. Толкувањата, а често пати и цитатите, треба да се земаат со голема претпазливост...

Мојот осврт би бил нецелосен, ако не се каже дека Македонија како дел на Европска Турција се викала Pумелија, име со кое долго време се означувала земјата, во која Турците ги покориле православните христијани, потчинети на цариградскиот грчки (рум) патријарх. Еден од извонредните иследувачи на Македонија во првата половина на минатиот век, д-р Гризебах, даде наслов на своето дело Reise durch Rumelien und nach Brussa im Jahre 1839. Göttingen 1840, во два тома. Тоа означување за Македонија, а некогаш за неа и Тракија, се среќава во многу карти од времето на турското ропство.

Ако ги прегледаме старите мапи и стари дела, ќе видиме дека делови од Македонија не еден пат се нарекувани со имињата на соседните земји или области кои влегувале во неа, како Илирија, Епир, Тесалија, Елада, Дарданија, Пеонија и други, но сепак пак најпопуларно си остана името Македонија.

Од првата дел на мојата статија се гледа јасно дека со името Македонија во текот на вековите се спомнувало различно голема област во средниот дел на Балканскиот полуостров, и името Македонија не носи до Крит, во областа на Одрин и го преминува Дунав во Бесарабија. Допрва во првата половина на XIX век кога целата редица даровити патешественици почнаа да изучуваат Европска Турција, се појави потреба да се установат границите на различните покраини, при што се користат за тоа сета дотогашна историска и географска литерагура, старите мапи, месна номенклатура и етнографските и орохидрографски односи. И всушност, уште во средината на минатиот век географската наука зазеде определени граници на Македонија, кои се поддржува од мнозинството и до денес.

Поради фактот дека токму во природните граници на Македонија... се засили народнота борба ... за духовно, а потоа и за политичко ослободување, Турците го забранија името Македонија, Грците побараа да ограничи оваа област на север до средината, Србите да го присоединат нејзината северна половина кон Стара-Србија, а Албанците го пренесоа името Албанија врз голем дел од западна Македонија. Само Бугарите кои имаа јака верба во бугарштината на македонските Славјани и во нивната бројчана превласт во таа област, ги поддржуваа установените преку науката граници на Македонија.

Кога акција на европските големи сили беше насочена со реформи да создаде од Македонија една област со самостојно управување, книжевната борба за границите на Македонија го достигна својот најголем размер. Особено остра беше препирка за северната граница на Македонија помеѓу српските и бугарските научници. Додека сите Бугари ја признаваа Шар-планина за северна граница на Македонија, кај Србите секој предлагаше истовремено друга граница. Ст. Новаковић во своите многубројни трудови ја прифаќаше Шар-планина и Црна Гора за северна граница на Македонија и го нарекуваше Скопје "средиште Северне Македоније".  Неодавна починатиот проф. Цвијич го шири името "Стара-Србија" прво на Скопско и Тетовско, а отпосле и врз земјата на југ до Плачковица, Бабуна и Баба-планина. Ив. Иванић ја постави северната македонска граница на југ од градовите Велес, Прилеп, Битола, и Охрид. Други ја ширеа областа Стара-Србија на Македонија до јужните граници на средневековното српско царство, додека пак во мапата на србските земји од П. М. Никетић (1908 год.) Македонија исчезна сосем, за да се прошири Стара-Србија до Солун.

Кога поголемиот дел на Македонија помина по сојузничката војна (1913 година) под власта на Србите, тие го заборавија името Стара-Србија, што на времето го создадоа со агитациска цел, и официјално ја нарекоа јужна Србија. Тие го одбегнуваат сега името Македонија, како што едно време тоа го вршеа Турците.“

Со оглед на бугарските аспирации кон тероторијата Македонија, Иширков се обидува да ги дефинира нејзините граници. За да може подобро да ги идентификува вистинските граници на Македонија, бугрскиот научник смета дека треба како основа да ги разгледа прво најстарите известувања за Македонија кои отпосле послужија за литературен извор, и потоа да ги посочи нови сфаќања за нив. Врз основа на она што научниците го создадоа како споредување на старите известувања со новите научни барања на географијата, традицијата и дури етнографијата, Иширков за северната граница го забележува следното:

„Да се ориентира човек во старата географска литература е премногу тешко, бидејќи самите автори не секогаш добро ги познавале работите за кои пишуваат, и освен тоа, бидејќи користеле постари дела од различни периоди, внеле во своите раскази многу контроверзи и анахронизми.

Во 1924 година српскиот научник Никола Вулиќ го печати во Bulićev Zbornik, написот "Северна граница античке Македоније" стр. 237-247, без оглед на претходните спорови за таа граница. Вулич не го смета Страбоновото одредување на Македонската северна граница за сосема сигурно. Тој наоѓа дека од старите извори попрецизно се изразува за неа Птоломеј. Последниот вели (II 16, 1 и III 9) не само дека Македонија допира до планината Скард (Шар), но и ја посочува и нејзината географска ширина (41 ° 41 ') и географска должина (47 °). Вулиќ признава дека и преставувањето на Шар-планина во Атласот е верно предадена во однос на ширината и градовите Леш и Скадар, но тој се плаши од фактот дека Птоломеј го поставил и изворот на Вардар во Шар-планина. (Ptol. III 12, 15). Вулиќ погрешно мисли дека изворот на Вардар се наоѓа југозападно од Шар. И денес, како и порано, народот го смета за извор на Вардар големиот карстни извор до село Вруток (Гостиварско) во подножјето на Шар-планина и го нарекува глава, почеток на Вардар (Вардар-баши). И ова не се однесува само за Вардар, но и за многу други реки во Европа и во други материци. Големите извори правеле секогаш силен впечаток на населението и тоа ги земала за глава на реката, иако одделни нејзини притоки да се подолги. Истото е и со Дунав. Големиот карстен извор при Donau-Eschwingen обично се смета за почеток на Дунав, и покрај неговите подолги притоки Бригах и Бреге. Вулиќ неправедно мисли дека Птоломеј слабо ја познавал хидрографијата на Шарскиот крај...

Во 19 векот Шар-планина се утврди како северна граница на Македонија од цела редица непристрасни патешественици и научници. И тоа се изврши врз основа на многу стара традиција, врз основа на орохидрографска, јазична и етнографска, црковно и политичка. Шар-планина претставува личен дел во главниот вододелен синџир помеѓу Дунав и Бело Море. Тој  јасно го дели српскиот од бугарскиот (македонскиот н.з.) народ, и ако се среќаваат малку србизми во јазикот на северните Македонци, уште повеќе има бугаризми (македонизми – н.з.) во јазикот на призренци и приштинци. Кога се основа автономната бугарска црква (Егзархијата – н.з.) во 70-тите години во Македонија, нејзината северна граница беше Шар-планина. Оваа планина беше северна граница на проектираната автономна Бугарија од Цариградската конференција на претставниците на големите сили (1876-77), на Сан-Стефанскиот Бугарија (1878) и на спорната зона во српско-бугарскиот договор од 1912 г.

Источно од Шар во старо време северната граница се простирала до Јадранското Море, но откако се создаде и зајакна прво областното име Илирија, а отпосле Албанија за земјата каде што сега живеат Албанци, таа оди само до Црни Дрим, северно од денешниот град Дебар .
 
Источно од Шар северната граница на Македонија се утврдува различно од Страбон и Птоломеј. Додека Првиот пишува дека кон север Македонија се оградува од замислена права линија, кој поминува низ планините Бертикс (Североалбанските Алпи) Скард, Орбел, Родопи и Хем, Птоломеј, опишувајќи границата на Горна Мизија, вели дека од запад таа е опкружена од една линија која го соединува устието на р. Сава дури до планината Скард; од југ - со дел од Македонија, и тоа по линијата од тамо (Скард) кон планинага Орбел до гранична точка, на која географската положба е 49 ° - 42 ° 20 '. Врз основа на Страбон можеме да прифатиме дека Орбел одговара на денешната Осоговските Планини, по која на Исток врви Рила (Родопи) Ихтиманска Средна-Гора и Стара-планина (Хем).

X. Киперт ги смета Осоговските Планини за Орбел и според текстот на Птоломеј, бидејќи географската должина на Орбел, Скупи, Стоби и Пауталија се споени близу една до друга. Исто така е отбележан Орбел и на Птоломеевата карта издадена во Рим (1490 година).

Но, ако се прифати Осоговските Планини за стариот Орбел, тогаш треба да прифатиме дека  постои, како добро забележува Вулич, уште еден Орбел, за кој јасно зборува Херодот (V, 16) и Аријан во Ἀνάβασις Ἀλεξάνδρου I 1 и кој треба да се споредува со Пирин-планина, како што го сторија тоа професорите Иречек, Кацаров и Дечев. Последните споредувана и Страбоновиот Орбел со Пирин-Планина, тешко се погодува со желбата на Страбон да ја ограничи Македонија од север со оваа планина. Неодамна ... П. Делирадев се обиде врз основа на детална анализа на познатите известувања за Орбел да го разреши прашањето за старото име на оваа планина и дојде до заклучок дека ова име се однесува подеднакво за Осоговската-планина и Пирин, штом се претпоставува дека со името Орбел се подразбира група од соседните планини, како што е случај со името Хем.

Во долгото турско владеење над земјите во Балканскиот полуостров до Берлинскиот договор кој политички ја раздели турската империја, северните граници на северните македонски епархии Скопска, Самоковска и Ќустендилската ја формираа северната граница на Македонија. Во неа влегуваа Врање, Самоков, Рилскиот манастир, Дупница  и Ќустендил. И проф. Јор. Иванов уместно ја наслови својата книга за Ќустендил и Ќустендилската епархија со името "Северна Македонија".

Според Берлинскиот договор се измени северната граница на Македонија, откако се протурка таа на запад по сливот на Вардар и Морава, истото се случи и на исток меѓу Искар и Места, a по средината областа на горна Струма заедно со градовите Ќустендил, Дупница и Радомир остана под бугарска власт.

Букурещкиит мировен договор (1913 година) ја подели Македонија на три дела и додека јужна Македонија помина исцело под власта на Грците, северната и средниот нејзин дел беше поделен меѓу Србија и Бугарија: Вардарска базен и големата дел од Струмичкиот отидоа кон Србија, а останатиот Струмски и Местиниот - кон втората. Со тоа се избрише северната граница на Македонија во политички односи, но таа останува да сущтествува како историски и географски предел на географскатата област Македонија.“ – пишува Иширков.

(продолжува)

 (извор: Проф. А. Иширков: “Име и граници на Македонија“,Македонски Прегледъ Година III, книга 1, София, 1927)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.