Среда, 18 Јануари 2017   
Научно-патеписна книга „Македонија“ од германскиот природонаучник Франц Дофлајн

Doflajn-1

„Македонска реч“  ја објави обемната научно-патеписна книга „Македонија“ од германскиот природонаучник проф. д-р Франц Теодор Дофлајн (1873-1924), еден од најголемите германски зоолози во почетокот на 20 век, кој во 1917 и 1918 година ја истражувал Македонија и за неа оставил извонредна патеписна, научно описна и документарна книга.

Книгата е прв научен труд за македонската флора и фауна. Во неа првпат е регистириран, проучен или откриен речиси сиот позначаен биодиверзитет на територијата на Република Македонија. Содржи и 296 фотографии, цртежи и други графички прилози, во најголем дел снимени и изработени од авторот. Изданието од германски јазик го преведоа Маријана Стеваноска-Чочевска и Сашо Андреевски.

- Трудот е меѓу најобемните, најбогатите со фактографија и најубавите трудови напишани од странски автор за Македонија. Првпат е објавен во 1921 година во Германија, а во Македонија сега е првпат публикуван и досега беше непознат за пошироката читателска, па дури и за научната јавност, соопшти издавачот.

Во Првата светска војна Дофлајн бил меѓу најзначајните членови на т.н. Македонска земска комисија, составена од 30 Германци и шестмина Бугари, кои имале задача за време на војната да ја истражуваат и проучуваат Македонија, која за Германија, па и за Европа, дотогаш била најмалку позната европска територија. Комисијата била составена од научници од различни области – археолози, географи, геолози, етнолози итн. Формирана била по налог на германското министерство за надворешни работи и било планирано од собраните материјали да се публикува енциклопедија. Таа не била објавена поради поразот на Германија, но е добиен овој извонреден историски, научен и патописен труд.

Овој исклучително интересен историографски труд за Македонија е придружен и со предговор на проф. д-р Волф Ошлис кој, меѓу другото, пишува: Дали Македонците сега знаат какви орли тогаш летале на македонското небо? Какви риби имало во македонските реки и езера? Какви жаби, инсекти, цвеќиња, дрвја, растенија? Колку беше „шарено“ населението во Македонија? Како изгледаа македонските села и градови, какви беа нивните имиња во тоа време? Ако не знаат, но сакаат да дознаат – нека го прочитаат преводот на Дофлајновата книга!

- Дофлајн постојано патуваше ваму-таму низ Македонија, истовремено како истражувач и како вљубеник на земјата. ...Беше и мошне даровит уметник: тој пишуваше раскази, црташе, сликаше, ги фотографираше своите откритија... И сите негови дарби се видливо присутни во неговата книга „Македонија – доживувања и набљудувања на еден природонаучник во придружба на германската војска“. Една книга што несомнено спаѓа меѓу најубавите, најзанимливите книги за Македонија. Книгата е уникатна документација за Македонија и за македонското секојдневје во Првата светска војна, пишува во предговорот на Ошлис.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.