|
|
Македонците имале цар пред Самуил!? |
Македонска нација Комитопулот Давид (? – 976) бил најстар син на комитот Никола. Со помладите браќа (Мојсеј, Арон и Самуил) се побуниле против бугарската (969) и византиската власт (976), по што владееле независно. Тој ја имал врховната власт. Се смета дека набргу бил несреќно убиен од Власи сточари во месноста Убави Дабови, меѓу Костур и Преспа. Самуил го спомнува во епитафот (992/993) напишан на плоча најдена во црквата во Преспанското село Герман на која стои: „ Во име Оца и Сина и Светиот Дух, јас Самоил, раб божји, полагам помен на татко ми, мајка ми и брат ми на овој крст. Тоа се имињата на покојните. Раб божји Никола, (Рипсимија и) Давид. Се напиша во годината од создавањето на светот 6501 (992/993) индикт. Комитопулот Давид е еден од водачите на востанието на Комитопулите против византиската власт. Тој е син на Рипсимија и комитот Никола кој се побунил против бугарската (969) и византиската власт (976). Давид бил настариот син од четворицата браќа (Давид, Мојсеј Арон и Самуил). За животниот пат на Давид малку се знае. Досега единствени сигурни информации се сметаа податоците за неговите родители, годината на неговата смрт и дека бил несреќно убиен од Власи сточари во месноста Убави Дабови, меѓу Костур и Преспа. Меѓутоа, поновите сознанија даваат сосема друго светло врз животот и делото на Самолуиловиот брат Давид. Проф д-р Милан Бошковски, во својот историско-уметнички преглед „Комитопулот Давид, цар Давид, св Давид цар [УДК. 929.731(497.7)“09/10“ 7,04“17/18“(497.7)] за братот на македонскиот цар Самуил го вели следното: „Во византилогијата познато е дека синовите на комесот Никола, Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, попознати како Комитопули, во 969 година биле водачи на востанието во Македонија против бугарската власт. Последниот од браќата цар Самоил, бил творец на моќно Македонско Царство со центар во Преспа и Охрид, кое половина век успешно му пркосело на византискиот цар Василиј II (976-1025). Кулминацијата на антибугарското расположение во Македонија по смртта на бугарскиот цар Петар 969-та прераснало во востание .., настан кога за прв пат е споменат комитопулот Давид. Имало мислења дека тој од 969 до 976, односно 986 година како најстар од браќата владеел како цар, по што исчезнал од политичката сцена (се замонашил). Поведени од податоците на византискиот историчар Јован Скилица, во чие дело ги прикажува настаните без детали, но и со грешки, историчарите прифатиле дека царот Давид загинал во 976 година, а подоцна од политичката сцена исчезнале и неговите браќа Мојсеј и Арон. В. Н. Златарски сметал дека Комитопулите владееле според принципот - тетрархија, но тезата наишла на сериозни критики. Изворни податоци од доцносредновековниот период, а и некои историчари укажувале дека најстариот од комитопулите Давид, не само што извесен период владеел со новата држава во Македонија, која се отцепила од Бугарското Царство, како цар, туку во фрескосликарството и бакрорезите на XVIII и XIX век се појавува како македонски светец. Неговиот лик е сигниран во Стематографијата на Х. Жефаровиќ, а е присутен и кај сликарите од Преродбата.“ Со оглед дека за комитопулот Давид, најстариот брат на цар Самоил податоците во изворите се доста скудни, се јави потреба од одговори на отворените прашања. Проф. Бошковски пополнуваќи ги празнините на нашата избришана историја во својата критичка анализа за овој темен период на македонската историја вели: „Византискиот историчар Јован Скилица и хроничарот Јован Зонара, знаат дека комитопулот Давид и неговите браќа Мојсеј, Арон и Самоил биле синови на Никола, кој како провинциски администратор – комес (comes) на Бугарското Царство, во средината на X век управувал со Комитатот на склавинија Берзитија во Македонија. Со сигурност се знае дека од браќата најстар бил Давид... Од изворите за востанието во 969 година, како најважна причина за брзото враќање на синовите на бугарскиот цар, Борис и Роман од Константинопол, каде се наоѓале како заложници, е наведено преземањето на татковото Царство и намерата да ги спречат Комитопулите во Македонија, меѓу кои бил и Давид, во нивното понатамошно напредување. Со нивната „апостасиа“ било загрозено доаѓањето на престолот на легитимниот претставник царот Борис II (969-971). Cтапувањето на царот Борис II на престолот се совпаѓа со заострувањето на византиско-рускиот конфликт и амбициите на кнезот Свјатослав (958-971). Доаѓањето на царот Јован Цимискиј (969-976) на византискиот трон завршува со двоен успех. Пролетта 971 година тој ги истиснува Русите од Тракија и напредува кон Преслав. Кнезот е принуден да се повлече од Балканот, а византискиот цар според зборовите на Л. Ѓакон „им ја вратил Мизија на Ромеите“. Во Константинопол царот Јован Цимискиј како плен го довел и бугарскиот цар. По неговата абдикацијата и детронизација, која e прикажана во минијатурите Илустрираната историја на Ј. Скилица - Мадридски ракопис, го удостоил со дворска титулaтa магистер7 На освоената територија од источниот дел на Бугарското Царство, воспоставил византиски административен систем. Во меѓупериодот од 969-976 година територијата на Комитопулите во Македонија, на југозапад од Сердика, јужно од Скопска Црна Гора, источно од византиските теми Драч и Никопол, областите северно од темите Стримон, Нов Стримон и Тесалоника, со малите теми на северозапад од него: Драгувитија, Верија -, како и тие северно од Костур, биле изземени од византискиот административен систем. Во изворите, првенствено византиските, нема податоци за тоа кој управувал со новата држава во Македонија. Комесот Никола кој долго време ја извршувал должноста, на своите синови им овозможил солидно образование, за време на востанието веројатно веќе бил покоен. Раздвижувањето на Комитопулите против бугарската власт, се толкува како нова политика кон Источното Римско Царство, а согласно тоа и кон Бугарија. Овој став го наметнува прашањето, дека во периодот на интерегрумот, од почетокот на востанието до доаѓањето Борис II (969-971) на бугарскиот престол, водството на востанието и државата во Македонија, според принципот на примогенитура, го презел комитопулот Давид како најстар од браќата. В. Н. Златарски, се залагал дека комитопулите владееле на принципот тетрархија - или врз федеративен принцип, а според местото на загинувањето ја определувал територијата со која владееле.... Комитопулите како синови на провинцискиот администратор комесот Никола биле во крвно сродство и случајно биле четворица, но сепак мора да се признае дека овој принцип на владеење е непознат во средниот век каде постои само монархија, затоа неговата теза наишла на критики. Во јужнословенските средновековни држави по примерот на Бугарија, Рашка (Србија), Дукља (Зета), Босна, Хрватска, Киевска Русија и др., покрај владетелот (хан, бан, кнез, велики кнез, велики жупан, крал, цар), неговите најблиски роднини – браќа имале титули (кнез, жупан, млад крал, цар - совладетел) и одредена територија на управа во државата, но секаде ја признавале неговата врховна власт. Зафатеноста на бугарскиот цар во војната со Русите и инволвирањето на византискиот цар Цимискиј во конфликтот, само им одело во прилог на Комитопулите во Македонија. Тие, на слободната теритотија под раководство на „царот Давид“ ја прифатиле новата реалност: византиска врховна власт, ликвидирано Бугарско Царство и византиски админитративен систем во неговиот источен дел. Во постарата историографија, на управувањето на Давид со државата во Македонија, му се придавал царски артибут. И. Дујчев во однос на царската титула на Давид истакнал дека таа имала општо значење. Неа ја носел не само царот евнух Роман, братот на детронираниот цар Борис II, туку и некој од комитопулите. Засега најран извор, кој комитопулот Давид го нарекува цар, е Зографскиот поменик од 1502 година. Во историското памтење на поменикот покрај цар Давид, како македонски цареви се споменуваат цар Самоил, цар Гаврил Радомир, цар Јован Владислав и царицата Марија сопругата на Владислав.“ – пишува проф. Милан Бошковски. Во науката е укажувано дека според принципот на правото на првородениот син со политичка заедница во Македонија раководел најстариот брат Давид, кој формално-правно по анектирањето на Бугарското Царство, есента 971 година, бил нарекуван цар. Во новите политички околности, лидерот на комитопулите „царот Давид“ ја прифатил византиската врховна власт на Јован I Цимискиј, а Црковната реалност во анектираниот дел на Бугарското Царство му одела во прилог на „царот Давид“. Бугарскиот патријарх Дамјан кој бил „симнат од Јован Цимискиј“ се повлекол во Македонија, со што се создаваат услови за заокружување на световната и духовната власт на Давид во Македонија. Продолжува [извор: проф д-р М. Бошковски, „Комитопулот Давид, цар Давид, св Давид цар“, УДК. 929.731(497.7)“09/10“ 7,04“17/18“(497.7)] |