Среда, 15 Февруари 2017   
Софија и Рилскиот манастир биле дел од територијата на Македонија!?

Македонска нација

Македонците имале цар пред Самуил!? (3)

car-samoil

Изворните податоци и поновата литература упатуваат дека со македонската државата управувал царот Давид кој бил жив сè до средината на 986 година, а политичкото и црковното седиште се наоѓало во Тријадица (Софија – н.з). Во доцниот среден век под поимот Македонија се подразбирале покрај областите западно од Софија – Сердика, самата Софија и Родопската област. Бугарскиот историчар и палеограф Иван Дујчев (1907 - 1986), чија специјалност се бугарската и византиската средновековна историја го бележи писмото до рускиот цар од 7 декември 1627 година, во кое монашкото братство од Рилскиот манастир запишало дека писмото е пушувано од Македонија.

Проф д-р Милан Бошковски во својот осврт за „Комитопулот Давид, цар Давид, св Давид цар“ во фуснота ќе забележи дека Нил Диксопатрид прочуен Цариграѓанин во XII век за потеклото на Охридската архиепископија пишува: „Бугарија е слично на Кипар, автокефална и непотчинета на ниеден од најголемите престоли како самостојна управувана и водена од сопствени епископи. Таа во минатото не се викала Бугарија, но откако била освоена од Бугарите, наречена е Бугарија“.  Укажувајќи дека името Македонија не исчезнато, тој вели: „во 1566 година некој Јаков од Македонија во Венеција печател часослов. Во него запишал „... излегов од Македонија, мојата татковина... во подножјето на големата планина Осоговица близу до Колосискиот град (Ќустендил) од местото Камена река (Каменица)“. Во псалтирот кој бил печатаен во Венеција, од истиот автор запишал: „...Јас Јаков од македонските области од местото наречено Софија...“. Во 1570 година Јаков печател требник и се потпишал: „... Јас Јаков од областите македонски од местото наречено Софија“.  Во писмото до рускиот цар од 7 декември 1627 година, монашкото братство од Рилскиот манастир запишало дека писмото е пушувано од Македонија (cf.: ДУЙЧЕВ, Рилският светец и неговата обител, 323-324).

Терминот Македонско Царство, како што ќе забележи во фуснота проф. Бошковски прв го употребил српскиот историчар Боривоје Прикич (.,Постанак једне словенске царевине у Маћедонији у X веку, Глас СКА, LXXVI, Београд, 1908,), а подоцна го презеле и други.  Опишувајќи го “преносот“ на световната и духовната власт во Македонија, авторот бележи:

„Во студијата за „Рилскиот светец и неговата обител“ објавена 1947, а преиздадена 1990 година, бугарскиот медиевист И. Дујчев пишува дека според податоците на Житието на Св. Јован Рилски, моштите на Светиот биле пренесени од планината Рила, во епископската црква Св. Георги во Софија, „кога царската власт преминала во рацете на двородниот“ или според Германскиот препис на истото житие, за време на владеењето на „брадестиот“. Настанот се случил помеѓу 969 и 972 година, а во нивното пренесување гледа личност од семејството на Комитопулите во Македонија, кое имало потреба од засилувањето на култот на св. Јован Рилски. Поаѓајќи од политичкиот момент на царот Борис II, кој бил ангажиран во сложената состојба околу опстанокот на Царството, по што есента 971 ја изгубил државата и круната, а Тријадица влегувала во „политичка автономија“ на „царот Давид“, И. Дујчев помислувал на инволвираност на Арон. Но, ако се има во предвид фактот дека врховен владетел на „политичка автономија“ во Македонија, бил „царот Давид“, како најстар од комитопулите, претпоставката за Арон отпаѓа. И. Дујчев помислувал дека засилувањето на култот на св. Јован Рилски во дадениот политички момент му одговарал на некој „български първенец и на българския патриарх“. Политичкиот првенец во тој момент бил „царот Давид“, а црковниот поглавар симнатиот бугарски патријарх Дамјан. Пренесувањето на моштите на светител од локално значење, како св. Јован Рилски влијаело врз популаризирањето на светоста на Црквата и маркирање на политичката заедница во Македонија која тукушто се создавала. Заслугата за таа дејност, на „царот Давид“ можела да се сочува во легендарна форма, и да има одраз во доцниот среден век (XVII век), во монашките кругови на Света Гора. Затоа, св. Давид цар ќе го заземе почесното место на јужнославјанските светители. Во науката одамна е истакнувано дека Св. Јован Рилски им припаѓа на најстарите локални Јужнославјански пустиножители од првата половина на X век и вообичаено се поврзува со северномакедонските локални пустиножители од XI век: Св. Прохор Пчински, Св. Гаврил Лесновски и Св. Јоаким Осоговски. Така е во усната и книжевната традицијата и во ликовните претстави во манастирите Св. Јован Рилски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Гаврил Лесновски, Св. Прохор Пчински и други. Познатата четворка на пустиножители во средниот, доцниот среден век, па и новиот век, била популарна и често живописувана во југоисточниот дел на Србија, областа околу Софија, по горниот тек на реката Струма и во Северна Македонија.

Од Историјата на Јован Скилица се стекнува впечаток дека сите тројца негови браќа загинале во 976 година, но дополнувањата на епископот Михаил Деволски, новопронајдените ракописни, епиграфските споменици натписот од Герман, Битолскиот натпис на царот Јован Владислав, натписот од Михајловце) и други источни извори даваат поинаква слика за историјата на комитопулите. Проф. М. Бошковски врз анализиријќи ги досегашните сознанија дава свое видување за политичкото дејствување на комитопулите во кое вели:

„Во современата византологија вообичаено се прифаќа 976 како датум на смртта на Давид, но

мислењата се поделени. Францускиот византолог Г. Шлумберже, смета дека „цар Давид“ управувал со државата сосема веројатно до 977 или 979 како краен датум, затоа што веќе околу 980 година, или нешто подоцна 986, кога како единствен владетел кој го наследил Давида го гледаме Самоил. За 986, како година на загинувањето на Мојсеј под Серез се залагале К. Јиречек и Г. Шлуберже. По Битката кај Трајановата Врата, следната 987 година на 14 јуни дошло до политичка пресметка помеѓу браќата Самоил и Арон, при што амбициозниот и воинствен Самоил го презел водството во државата. Во однос на смртта на Давид, професорката А. Лероа Молинген, белгиски византолог, го прифаќа мислењето на Н. Адонц дека тој останал да управува со државата на Комитопулите сè до 986 година.

Ако ја прифатиме хронологијата на ваквото политичко дејствување на Kомитопулите која ја предлагаат истакнатите византолози, можеме да извршиме поинаква реконструкција на редоследот на нивното политичкото дејствување. Во прилог на тоа оди препрочитување на Ј. Зонара. Имено единствено тој наведува дека по 10 јануари 976 година, смртта на царот Јован Цимискиј во Македонија дошло до второ востание. Тој известува дека „власта им била предадена“ на четворицата комитопули, (Давид, Мојсеј, Арон и Самоил) затоа што биле синови на еден од нивните угледни благородници поради што се нарекувале комити... Учениот Ј. Зонара кој за периодот од македонската историја (969-1019 година) го користи Ј. Скилица, ги разјаснува недоследностите во неговата историја. Тој ќе констатира дека потомците на бугарскиот царски род изумреле (мислејќи детронираниот цар Борис II кому му била доделена дворската титула магистер) а останал уште само Роман кој бил евнух. Овој текст алудира на „бегството“ на синовите на бугарскиот цар Петар, браќата Борис и Роман од Константинопол и обидот на Византија да внесе раздор меѓу Комитопулите. Од понатамошниот текст на Ј. Зонара, не може да се сфати кога и што се случило на македонско-византиската граница, а хронологијата за убиството на магистерот Борис, кај Скилица е нејасна, а кај Ј. Зонара според логичкиот след на настаните можен е покасен датум.  Во разрешување на проблемот од голема корист е хрониката на Јахја Антиохијски, современик на настаните. Од него дознаваме дека Борис и Роман во пролетта 986 година, пред Битката кај Трајановата врата, се упатиле кон Македонија. На границата, македонските граничари го убиле Бориса кој одел прв, а на вториот и помлад брат Роман, кој кажал кој е, му го поштедиле животот и го прогласиле за свој цар.

И по прашањето на редоследот на загинувањето на комитопулите, за разлика од Ј. Скилица кој е нејасен,  кај Ј. Зонара иако нема прецизна хронологија има нивен логички след. Тој пишува: „Од четворицата комитопули најрано умре Давид“ при што сметал дека е небитно наведувањето на годината и местото каде се случил настанот, за да додаде „ Мојсеј за време на опсадата на Серез бил погоден од камен и веднаш умрел“, додека за третиот комитопул пишува: „Арона пак со целото негово семејство го лиши од животот Самоил или затоа што за себе ја приграбувал власта, или поради желбата да се домогне до власта, оти се зборувало и едното и другото“58.

Ако од Кратката историја на Скилица, бегството на магистерот Борис и Роман е непрецизно датирано, и може да се сфати дека се однесува на 976 и на 986 година, кај Антиохијскиот хроничар Јахја од крајот на X век, нивното повторно заминување (бегство) од Царскиот град е датирано под 986 година. Поаѓајќи од овој податок, можеме да ги коментираме преостанатите вести на Ј. Зонара кои би требало да се однесуваат на настаните по 986 година. Имено, тој во својата „Хроника“ пишува: од четворицата браќа за време на византиска контраофанзива на Балканот под водство на царот Василиј II, од Комитопулите „најрано умре Давид“, што би требало да значи дека тоа се случило во 986 година, како што прецизно известува Јахја Антиохијски. Истата година, се случил и обидот на Мојсеј да го освои Серез, при што загинал и вториот комитопул. Во приближно истиот период состојбата дополнително се усложнила со доаѓањето магистерот Борис и Роман во Македонија, веројатно со знаење на Константинопол. Откакако првиот, како законски наследник на престолот, бил елиминиран уште на македонско-византиската граница61 (по налог на Самоил), состојбата добила поволен тек за најамбициозниот од комитопулите, поточно за Самоил. По смртта на „царот Давид“ кај „Убави Дабови“ во 986-та, за време на првата византиската контраофанзива на Балканот предводена од Василиј II, истата година кај Серез загинал и Мојсеј, вториот по возраст од браќата, престолот формално-правно го презел евнухот Роман како титуларен цар. По ликвидирањето на Арон, поради неговата провизантиска настроеност во 987 година, со државата de facto како монарх управувал Самоил. Tитуларно владеење на царот – евнух Роман е потврдено каj Јахја Антиохијски, Стефан Таронски – Асолик и во неколку доцносредновековни словенски извори - поменици. 62 Единствениот ранословенски извор во кој се споменува Давид како брат на Самоил „раб божји“, е кирилскиот натпис од с. Герман Преспанско од 993 година. Натписот е откриен во 1888 година а веќе следната 1889 го објавиле тројца врвни филолози. Натписот има меморијален карактер. Го подигнал Самоил, во чест на родителите, татко му Никола, мајка му Рипсимија и брат му Давид. Мојсеј не е споменат бидејќи моштите му се наоѓале на византиска територија, Арон бил убиен по налог на меморантот, па од разбирливи причини не е споменат ниту погребан во семејната гробница. Во вакви услови на развој на настаните, кога по доаѓањето на евнухот цар Роман во Македонија (986), формално-правно го зазел престолот, управувал со градот Скопје, а наскоро 991 бил заробен и затворен во Константинопол. По неговата смрт 998-та, Самоил немал никаква пречка да се прогласи за цар, народната традицијата гестот на Давид, го овековечила како човекољубие, побожност и замонашување, со што ја заслужил честа да биде прогласен за светец.“

Од кирилскиот напис од с. Герман Преспанско од 993 па се до 1502 година, доцниот среден век, во изворите нема никакви податоци за Давид, по што следат податоци кои му придаваат високо световно и духовно значење како македонски владетел и светител.

Продолжува

[извор: проф д-р М. Бошковски, „Комитопулот Давид, цар Давид, св Давид цар“, УДК. 929.731(497.7)“09/10“ 7,04“17/18“(497.7)]

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.