|
|
Скриениот Попис: сите тетовски жртви 1941-1945 |
За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви на ‘фашистичкиот терор’. За прв пат и целосна анализа на податоците од официјалниот статистички попис на жртвите кој претходно не бил објавуван намерно. За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви од старата Тетовска Општина на ‘фашистичкиот терор’. За прв пат и целосна анализа на податоците (по села, етнички состав, причини за погибијата и година на истата) од официјалниот статистички попис на жртвите кој претходно не бил објавуван намерно ! НАЈДОЛУ: Целокупната листа од Тетовско за секоја населба - со Име и Презиме на секоја жртва, раѓање, погинување... Погледни ја листата најдолу, можеби меѓу некои од овие имиња, се кријат и твоите предци Досегашната наука за овој период е или пристрасна во анализите или дава само паушални броеви и претпоставки... незнаејќи за постоењето на Официјален Попис на жртвите спроведен во 1964/65, а кој никогаш претходно не бил објавен од политички причини. Сега овде, за прв пат пред тетовската јавност ги објавувам податоците за Тетово, (достојни можеби и за цела една научна книга објавена со ваков наслов) а со детална моја анализа и статистика, за конечно да се даде научна потврда за жртвите од овој период. Имаме во предвид дека конечните факти за секоја жртва никогаш можеби нема да биде утврдена и конечна. Но до ден-денешен оваа листа составена врз онова на официјалниот попис 1964-65, е најкомплетната, официјална, научно верификувана листа за жртвите на војната 1941-1945 кога и да е објавена... пред очите на јавноста по цели 50 години ! Скриениот официјален попис на Жртвите од Војната 1941-45 Сојузниот Извршен Совет на СФРЈ, на 10.јуни 1964 одлучува да се изврши попис на воените жртви од 1941-1945. Врз основа на тоа на 17.јуни формирана е Сојузна Пописна Комисија а обработката на податоците е доверен на Сојузниот Завод за Статистика. Организацијата на пописот по Републики требало да го спроведат републичките комисии. Според одлуката требало да се попишат сите жители на Југославија кои биле ’жртви на фашистичкиот терор’ во периодот од 06.април 1941 до 15.мај 1945. Во методологијата било јасно наведено дека треба да се попишат сите цивилни жртви по разни основи, како и сите припадници на партизаните (припадници на НОВ и ПОЈ). За пописот биле ангажирани повеќе од 25.000 попишувачи и уште 5000 кои се занимавале со помошни работи. Пописот е спроведен во Ноември 1964, а потоа продолжен до Април 1965. Зошто пописот не бил објавен? Бројките во резултатите биле помалку од очекуваните !... имено, со овој попис излегло дека во цела Југославија има точно 597.323 жртви на војната, што било далеку под дотогаш прокламирани и проценувани 1.706.000! Затоа, Сојузниот Извршен Совет го прогласува пописот за неквалитетен, па донесена е одлука за ставање на забрана за користење на пописот. Целокупниот материјал е предаден на Архивот на Југославија каде и денес во оргинал се чува, притоа никогаш да не биде објавен. Дури во март 1992 Извршниот Совет на новата Сојузна Република Југославија конечно ја трга забраната (го декласифицира) за користење на податоците од овој попис, при што биле објавени во едиција од 16 дела, која била достапна само на мал број институции на користење. Во 1995 година во Белград институционално се формира Музеј на Жртвите на Геноцидот, која за примарна задача го превзема токму анализа и ревизија на списокот од овој попис. Го дополнува и ревидира 1995-98 и повторно 2002-2008 за конечно резулатите да ги стави достапни за јавност, поделени по Републики при што е и целокупната листа за Македонија од каде јас ги вадев податоците за Тетово. Точно 546 жртви од Тетовско Според анализата на листата од Тетовско најдолу (под што се подразбира старата Општина Тетово), овој крај дал точно 546 регистрирани жртви на ‘фашистичкиот терор’.
Најмлада жртва: роден 1942 - бебе убиено во директен терор на само 1 година во 1943, - Цветановски Трајанче од Тетово, македонец. По националност:Интересно е да се види, за разлика од стереотипот и претпоставките - дека гледано по националност водат скоро еднакво жртвите Македонци (44,63%) и Албанци (42,96%). Најголемиот дел од Албанците погинале во 1945 на воиштата на Сремски Фронт и низ Југославија. Ова е опомена за сите оние кои следен пат ќе го чкртаат ‘Споменикот на Победата’ во центарот на Тетово, дека чкртаат графити - над коските и на МОИ но и на СВОИ предци кои животот го дале под слоганот ’Смрт на Фашизмот - Слобода на Народот’! Остатокот од националности го чинат: Срби (8,33%), Турци (2,04%) и Останати (2,04%) а последниве се состојат од по 2 Хрвати, Муслимани и Црногорци и по 1 Словенец, Евреин и ‘непознато’. Изјавите за националност ги давале роднини на жртвите при пописот 1964.
По години на погибија:По анализа на сите 546 жртви, броени по години кога биле убиени се гледа уште еден фрапантен податок: Дури 50,18% или над Половина се убиени 1945 година (и тоа првите месеци, зошто војната завршува 15.мај 1945). Ако се знае дека Тетово е ослободено на 19.ноември 1944 година, ова би значело дека повеќе Тетовчани се убиени ПО ослободувањето на Тетово, него ЗА ВРЕМЕ на окупацијата. По број на жртви следи 1944 година (26,92%), потоа 1943 (12,09%). Најмалку жртви се забележани во 1942 (4,21%), а првата година од војната 1941 биле 6,59% од жртвите.
По причини за погибија:Според методологија на пописот од 1964/65, биле наведени точни категории за околностите под кои некој бил убиен од 1941-1945. Видна е поделбата на Цивилни Жртви: при борби или бомбардирање за време на т.н. Априлска Војна 1941 (кога Германија ја напаѓа Југославија); во Директен терор од фашистите, или при борби и бомбардирање за време на останатиот период од војната. Се двојат и воените жртви на т.н. Партизани (или членови на НОБ и ПОЈ) кои загинале како борци или пак биле заробени во затворитите на фашистите и таму починале. Јас ги анализирав и човек по човек и местата каде погинале борците на НОБ: Најбрутален е показателот дека дури 53,30% од сите жртви од Тетовско погинале на боишта НАДВОР од Македонија (Сремски Фронт, Дубровник, Истра, Загреб...), т.е. за туѓа кауза и цел ослободување на северните делови на Југославија. Само 10,07% умреле како борци при битка внатре ВО Македонија. 20,15% од жртвите се цивили кои настрадале во Директен Терор од Фашистите. Останатите, по проценти во графиконот подолу
ДОКУМЕНТ: Целата листа на сите жртви во Тетовско 1941-1945Целата листа е објавена на српски јазик (латинично писмо). Од целокупниот том од 270 страни кој се однесува на Македонија, подолу е преставен делот за Тетовско (Општина Тетово) кој е во наредните 9 страници: Документот и: ОВДЕ. Тетово - Жртви на Војната 1941-1945
|