Среда, 01 Март 2017   
Втората балканска војна во мемоарите на еден српски офицер (1)

pavle-bazaricПотпишувањето на мирот со Османската империја во Лондон не ги реши проблемите поради кои започна Првата балканска војна. Противречностите околу владеењето на освоените територии и особено на Македонија не само што не биле решени, туку тие уште повеќе се заостриле. Така, за жал, мирот не трае долго. Само еден месец подоцна продолжија воените операции, овој пат меѓу сојузниците во претходниот конфликт. Втората балканска војна ја предизвика Бугарија, под влијание на Австро-Унгарија, без објава на војна.

Два дена по Лондонскиот мировен договор, потпишан на 30 мај 2013 година, Србија и Грција склучиле таен договор против Бугарија, а бугарскиот цар Фердинанд Kобуршки, врховен командант на војските, издава заповед број 234 и директива број 22 за забрзано преместување на бугарската војска на западниот фронт во Македонија. На 28 јуни неговиот заменик, генерал Михаил Савов, на командантот на 4. армија му издава наредба најенергично да ги нападне српските сили и да се утврди на Kриволак и на десниот брег од Брегалница. Главниот пробој на српските линии требало да се изврши по текот на Злетовска Река и Брегалница кај Штип.

На демаркационата линија од Царев Врв до Удово Бугарија ја распоредила 4. армија, со која командувал генерал Стилијан Kовачев. Бугарите во состав на 4. армија ги имале Македонско-одринското ополчение. Во бугарската армија вкупната бројна состојба на Македонско-одринската доброволна формација во пролетта 1913 година изнесувала 14.670 души, од кои 12.000 биле Македонци.

Под влијание на пропагандите, верувајќи во своите христијански браќа, во Првата балканска војна, Македонците масовно учествувале во ослободувањето на Македонија вклучени во редовите на српската и бугарската армија. Пред почетокот на Втората балканска војна, Србија и Бугарија ги зајакнале позициите и во првите борбени линии ги концентрирале Македонци, кои најдобро го познавале теренот, населението и имале логистички ресурси. Така за интересите на Србија и Бугарија, Македонците се бореле меѓу себе.

Во состав на српската војска имало бројни македонски чети уште од Првата балканска војна. Повеќе одреди, како Осоговскиот и Вардарскиот, биле насила мобилизирани пред Втората балканска војна. Од мобилизираните Македонци била формирана Доброволечката бригада, во чиј состав биле околу 8.000 души

На 29 јуни 1913 година, Бугарија со ноќен напад на српската војска, се обиде со молневит напад да го порази противникот. Настапил период на кратка, но вонредно жестока војна. Војната била брзо завршена. Наоѓајќи се под притисок на српските и грчките војски, кон кои се приклучиле романските и турските, бугарската влада побарала мир.

Борбите меѓу српските и бугарските војски кои се воделе на фронтот од Китка на Осоговската планина, долж течението на Злетовска река, Брегалница, Крива Лакавица па се до железничката станица Удово, во воена историја се познати како Брегалничка битка. Српската Врховна команда на 2 јули 1913 година во 6.00 часот и’ наредила на Трета армија да настапува и таа до 13 часот избила на Брегалница од Штип до Крупиште. Наредбата била третата. армија да изврши напад кај Штип, а првата. армија кај Рајчанскиот Рид точно во 13.00 часот. Нападот бил одложен поради силната одбрана на бугарските сили. Бугарската Врховна команда извршила засилувања на четвртата. армија со еден полк од петтата. армија. Србите ја засилиле третата. армија со Доброволната бригада на десното крило а со првата коњаничка дивизија и со Црногорската бригада на централниот дел. Во наредните неколку денови се развила жестока борба на целиот фронт. На српската војска и’ пристигнала нова помош со оглед на тоа дека во јули била извршена нова мобилизација и биле собрани 30.000 регрути, кои главно биле од Македонија и биле испратени на фронт без каква и да е обука. До 7 јули, битката на Брегалница се водела со наизменични напади и успеси. Вечерта на 7 јули 1913 година, српската Врховна команда и’ издала наредба на третата. армија на 8 јули во раните утрински часови да изврши напад на целиот фронт кај Штип со сите сили и средства, а Првата армија, односно Моравската дивизија да изврши напад кај Кочани.

Меѓутоа, бугарските единици веќе биле повлечени, со оглед на опасноста од грчките сили што настапувале кон север за да им ја пресечат отстапницата кон Бугарија. Со тоа битката на Брегалница била решена. Од воено-стратегиски аспект, српските сили во битката на Брегалница ја промашиле својата цел, поради тоа што бугарските сили уште на 6 јули се повлекле за да не паднат во стапица на грчките сили. На тој начин, српската трета. армија што настапувала на фронтот од Криволак до Зрновци во должина од 50 километри, покажала со класичен пример како не треба да се војува.

Интересни податоци, за овие борби и за учеството на македонското население во Втората балканска војна даваат мемоарите на српскиот офицер Павле Блажарич (1878 - 1947). Во трудот кој се базира на мемоарите на полковникот П. Блажарич, дадени на околу 20 страници за Втората балканска војна, овој офицер на српската армија од позициите на учесник на една од страните во конфликтот ги покажа воените операции и ангажирање на Доброволната бригада, единицата со која командува, но исто така и приликите во други единици со кој тој доаѓал во контакт или заедно водел борба. Исто така, интересни се податоците кои Блажарич ги дава за расположението на српската и бугарската војска, за командантите, за војниците на завојуваните страни, како и за населението на тариторијата зафатени со воени дејства. Обратувајќи го овие мемоари, српските историчари ќе забележат:

„За време на Втората балканска војна Блажарич бил назначен за командант на Третиот баталјон на Доброволната бригадата. Во неговиот баталјон беа доброволни војници од Прилеп, Битола, Струга, Косово, Нови Пазар, Призрен и Гњилане. Доброволците од различни градови носеа свои знамиња и имаа свои музички инструменти – тапани и зурли. Доброволната бригада "кампувала" подолу од Скопје, во близина на реката Вардар. Блажарич добил наредба со баталјонот веднаш се качи на воз за Криволак, а таму требало да му се јави на командантот на Тимочката дивизија. Командантот тргнал на чело на Третиот баталјон "низ средината на Скопје", покрај Вардар кон главната железничка станица. На Блажарич му се врежал во паметот тој марш: " цело Скопје одекнуваше од моите тапани, зурли и песни, како да маршира низ Скопје цела дивизија". Кога единицата пристигнала на железничката станица и војници почнаа да се качуваат на возот, наишол првиот воз со ранети од Овче Поле од кој се слушаше "офкање, лелеци и барања за помош." Во овој момент, војниците на Блажарич сфатија дека одат во војна од каде ќе се вратат со рани или можеби нема да се вратат. Тие реагираа така што престана да се веселат и се стрча во насока на тоалетите, барајќи во нив спас. Командантот немал време да се промислува, па веднаш отишол да ги качи војниците на воз со помош на стап: "Јас носев дебел стап како рака, по кога наидов на проблемот, почнав да ги бркам сите војници и почнав да удирам со стапот ". Сам себе си изгледал на див бик, но ја постигнал целта - војниците се качија во возот...

Третиот баталјон на Доброволната дивизија со воз од Скопје пристигна во Криволак. Капетанот Блажарич му телефонирал на командантот на Тимочката дивизија која се била на караулата Шоби за да го извести дека тој пристигнал со својата единица. Командантот му издал наредбата со сите луѓе да се префрли на левиот брег на реката Вардар кај селото Пепелиште и да се воспостави врска со командантот на XIV полк, втор повик, полковникот Стојан Павловиќ.

Блажарич веднаш почна да ја извршува задачата. Со помош на скеле и чамци војниците биле брзо префрлени на левиот брег на реката Вардар и ги зазеле позициите на гробиштата во близина на селото Пепелиште. Потоа го најде полковник Павловиќ, кој бил на позициите ", на набљудувалницата кај едно дрво." Полковникот му нареди на Блажарич до следната наредба да остане на позицијата на Пепелишкото гробје. Полковник Стојан Павловиќ не му оставил добар впечаток на Блажариќ. Тој бил премногу арогантен, неумерен и критички расположен. Како што војната напредуваше, веќе следниот ден, ни најмалку не се покажа како храбар. Напротив! Тој ја напуштил борбената позиција и ги загрозил животите на војниците под негова команда. Полковник Павловиќ, во попладневните часови му издал наредба на Блажариќ да со својот баталјон го нападне селото Војшанци кое се наоѓа покрај Вардар. Блажариќ го направил следниот распоред на четите: "Го развив баталјон во првиот ред 3 чети и 2 чети оставив за резерва. Двете митралески одделениа ги поставив на крилата на првиот борбен ред. Во овој поредок настапував полека, преку Пепелишкото поле. Бугарите ги чуваа запоседнатите стрмнини на запад и на север од селото Војашница".

Во нападот на бугарските позиции кои набрзо следеше, биле убиени или ранети речиси сите команданти на чети, па Блажарич го прекинал нападот. Српските вооружени сили имале големи загуби. Капетанот до паѓањето на ноќта стигнал до потокот што го одделувал атарот на двете села, Пепелиште и Војшанци. Потоа испратил патрола за му пренесе наредба на водот кој се префрлил преку потокот за да ги зафати позициите на падините на една стрмнина, да се повлечат на линијата на која командантот нареди да се задржи баталјонот. Кога после неколку минути патролата се вратила, го известила Блажерич дека на стрмнината лежат убиени војници,"сите мртви, ги дофатил еден митралески сноп и ги убил сите до еден онака како што се движеле". По толку многу мртви свои соборци, Блажараич ги собраал сите чети. За команданти на четите ги одредил поднаредниците бидејќи сите офицери биле убиени. Околу 21 часот Блажарич слушнал кога бугарските војници извршија јуриш на височината над Пепелиште, каде бил распореден еден артилериски вод. Борбата се расжестувала. На височинката се слушале офкања и врисоци на ранетите. Потоа, лево од од неговата позиција настанала мртва тишина. На Третиот баталјон бугарската војска напаѓала со несмалена жестина. Доброволците не се прославиле со својот хероизам: "Бугарите тргнуваат напред, а доброволците трчаат назад. Ги оставам едно стотина метри да остапат, па ќе командувам да легнат, лежи и запри ги, и така преку целата ноќ."

И покрај тоа што во голема мера настапила ноќта, Блажароќ тргнал во извидување Пепелишкиот рид за да види што се случило таму. На левата страна на реката Вардар се сретнал со мајорот Душан Секулиќ и неговата единица. Исто така ги сретнал и двете чети од XIV полк. Нивниот командант, полковник Стојан Павловиќ, по белешките на Блажарич, остапил, односно ја напуштил позицијата. Со глава завиткана во завои се преселил на десниот брег на Вардар и не запрел се до Скопје. Во воената болница ми ги извадиле завоите од главата на полковникот и заклучиле дека тоа е гребнатини. Блажариќ не бил изненаден од постапките на Павлович. Од првиот момент полковникот не му се допаднал поради неговиот однос кон неговите подредени, ароганцијата и суетата. Тој беше силен на зборови, но во борбата се однесувал така како што не доликува на еден офицер...

Блажариќ одлучи да се пресели на десниот брег на реката Вардар и да воспостави врска со единиците кои се распоредени таму. Во 11 часот го пронашол Вториот баталјон и се јавил на командантот: "Ме поздравија сите, се израдуваа кога видоа дека сум жив и здрав, бидејќи веруваа дека загинав". Тука доби нови наредби, со баталјонот да премине од левиот на десниот брег на Вардар и да ги заземаат позиции над железничката станица Криволак. Еден час подоцна, капетанот се врати со единицата на десната страна на реката Вардар и се распореди на утврдените позиции. Околу 16 часот дојдоа до позицијата и другите баталјони на Доброволната дивизија. Четири часа подоцна Блажарич доби наредба да заедно со своите војници и четата на Александар Благојевиќ која е ставена под негова команда, го обезбедува понтонски мост од нападите на бугарските војници од островот во Вардар, за да може српската војска повторно да се врати преку мостот на левиот брег Вардар.

Во судирите, која траеа два дена, српската војска беше во целосна дефанзива. Бугарската војска на оваа територијата на дејствување, биле побројни, поорганизирани и поборбени. Може да се забележи дека ги има и на левиот и на десниот брег на Вардар. Српската армија настапуваше доста конфузно, неповрзано и често ја губеше врската помеѓу поедини единици. Се случуваше одредени единици да бидат оставени на својата судбина и никој не доаѓаше на помош како засилувања. Така беше на позицијата Орла Баир, важно стратешко место, каде дојде до повлекувањето на српската војска пред побројните Бугари. Кога во осум часот наутро "падна" Орла Баир, српските сили мораа да се повлечат. Во хаотичното отстапување, подобро кажано бегање на војската, некој од непријатеската страна испука неколку куршуми во правец на Павле Блажарич. За среќа, помина без повреди.“

Во текот на Брегалничката битка избувнале повеќе бунтови во 4. бугарска армија, а во српската Трета армија имало масовни дезертерства. На некои делови на фронтовската линија биле забележани братимења меѓу српската и бугарската војска. Се работи за Македонци што се познавале од порано и кои ги сфатиле целите на војната, па не сакале да учествуваат во борба за распарчување на сопствената татковина. Во овој период избувнува и Тиквешкото востание, со што се покажува расположението на населението.

(Продолжува)

( извор - Божица Б. Младеновић, Мирослав Д. Пешић, Други Балкански рат у мемоарима Павла Блажарича“ Филозофски факултет Ниш, 2014 г. стр. 9-19)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.