Среда, 08 Март 2017   
Втората балканска војна во мемоарите на еден српски офицер (2)

pavle-bazaric

"Цел Кавадарци, жени, мажи, деца бегаа по ридот, не сакав да ги гаѓам, кога видоа дека ги палам куќите, остатоците на бугарските четници до 13 часот го напуштија Кавадарци, до 13 часот се бореа по градот од 7 часот утро... Кога се приближив со баталјонот блиску до селото, ме дочекаа и овие идеални селани со оган од своите домови. Го убија одличниот  поднаредник Комнениќ Милован...“ – пишува српскиот офицер Павле Блажарич во своите мемоари за Втората балканска војна.

Тиквешко востание преставува прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупира Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година и траело седум дена. Востанието е дело на население во Тиквешијата, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Македонската револуционерна организација, учесници во Илинденското востание.

Во мемоарите на српскиот офицер, меѓудругото се зборува за безглавото повлекување на српската војска на почетокот на Втората балканска војна,  како и за борбите со населението и четите на ВМРО во Тиквешијата, Со објавувањето на сеќавањата на П. Блажарич, авторите овозможуваат јавноста да се запознае за овие настани погледнати низ очите на еден офицер на една од армиите вклучени во конфликтот од Втората балканска војна. За повлекувањето на српската војска и борбите во Тиквешијата авторите ќе го забележат следното:

„Повлекувањето на српската војска продолжило. Од време на време, тоа беше толпа која безглаво бегаше пред непријателот. Блажарич сликовито го опиша: "Кај Вардар Чифлик се обидов да ги запрам овие маси да не остапуваат, но кога видов дека ќе удрат на Вардар, каде ќе се удават, ги пуштив да одат понатаму. Отстапивме до Градско и тука сите се собравме". Во тој момент тој ја провери состојбата на баталјон, и наместо 742 војници, колку што беа воведени во борба баталјонот сега броеше 430 војници. Загубите во луѓе беа ужасни - повеќе од 300 војници. По добиеното засилување, од еден баталјон на Втората полк и вод на коњаница, Доброволниот баталјон се упати кон Криволак.

Во Криволак се задржаа кратко време. Во 20 часот истиот ден дошла наредба Блажарич преку ноќта да замине за Кавадарци за да се "расчисти" ситуацијата, бидејќи таму се стационирале некои бугарски единици (мисли на четите на МРО – н.з.). Единицата продолжи да се движи кон Кавадарци во 22 часа. Кога наутро следниот ден пристигна во Кавадарци, капетенот видел ископани ровови на работ на градот, каде Кавадарчани цела ноќ чувале стража. Од градот, населението и “бугарските“ (македонски – н.з.) комити даваа силен отпор на српската војска. По шест часа на жестоки борби, српската војска влегла во градот. [Блажарич се сеќава: "Цел Кавадарци, жени, мажи, деца бегаа по ридот, не сакав да ги гаѓам, кога видоа дека ги палам куќите остатоците на бугарските четници до 13 часот го напуштија Кавадарци, се бореа по градот од 7 часот утро до 13 часот "(мемоари, 182-183)]. Утредента војската продолжи кон селото Конче. И населението на ова село ги дочекале со оган од пушки, но биле брзо совладани. Во престрелката имало убиени и српски војници.   [Блажарич  ќе напише: "Кога се приближив со баталјонот блиску до селото, ме дочекаа и овие идеални селани со оган од своите домови. Го убија одличниот  поднаредник Комнениќ Милован" (мемоари, 184).]

Баталјон продолжил своето настапување и прогонување на комитските “банди“ преку Крива Лакавица. Понекогаш со војската одеа и турските бегалци, па капетанот напишал дека неговиот баталјон од време навреме се шири, час се собира како  хармоника. По три дена тој пристигна во Радовиште, каде се сместија за да се одморат. Како што командантот забележа „Го сместив баталјон да кампува над градот, покрај другите баталјони на бригадата, кои веќе пристигнале пред мене". Одморот во Радовиште траеше седум дена.

Потоа дојде нова наредба - движење за Плачковица и Голак, за да се воспостави врска со грчката војска во насока на Пехчево и Владимирово. [Како што Блажарич напишал: "Во 15 часа ме повика командантот и издаде наредба утре во 9 часот наутро да тргнам за Плачковица, Голак, и да фатам врска со грчката војска во насока на Пехчево и Владимирова" (мемоари, 184).] Меѓутоа, како на  сите наведени позиции се наоѓаше бугарската војска, командантот на баталјонот бил принуден да го продолжи тридневниот марш до Пекљанската коса, најблиска позиција која ја држеа српските сили. Бугарите, исто така се утврдиле на важната стратешка позиција Чавка. Преку Чавка и Голак префрлале единици према десното крило на српската војска и грчките војници. Српските сили беа недоволни за напад на бугарските позиции, а грчка армија била страшно поразена кај Бејаз Тепе. Српската Врховна команда ја испрати на Плачковица бригада на Шумадиската дивизија, која го зајакна деснато крило и се наклонила кон позициите на грчката армија, која се повлекла. Ова беше проследено од српската страна со неуспешен обид за освојување на граничниот премин Обозна. Склучувањето на примирјето ja затекна бригадата на позициите во близина на селото Пеклање.

Српскиот офицер во своите мемоари дава интересни забелешки и за другите учесници во Втората балканска војна. Авторите на трудот за мемоарите на Блажарич во тој контекст пишуваат:

„По војната, Блажарич  бил одреден да со еден бугарски офицер ја одреди демаркационата линија меѓу српската и бугарската војска до склучување на мирот. Капетенот забележа: "Се состанав со еден бугарски мајор и ја договоривме демаркационата линија. Овој Бугарин како и сите други Бугари се жалеше на бугарскиот крал, го псуеше што ги раскара за да се пролее братска крв, а тука се сите најдобри слуги на Фердинанд. Србите и Грците заедно, едвај можеа да се справат со Бугарите, па мораше да влезе и Романија против нив, за да можат Бугарите да се принудат да склучат мир ". По потпишувањето на примирјето, бригадата се вратила преку Радовиште, Штип, Свети Николе во Скопје каде е демоболизирана.

Во судирите што траеја околу еден месец, единицата на Блажарич во неколку наврати се најде во позиција да се води војна против бугарските војници. Капетенот на повеќе места во своите белешки, пишува дека бугарските војници биле достојни противници. Тие биле одлично мотивирани, настапуваа храбро, енергично и континуирано. Тие беа добри воини, но според мислењето на Павле Блажарич многу лошо ги третираа затворениците...

„За сојузниците, за грчката и црногорската армија, исто така, забележал свои впечатоци. Црногорците се споменуваат во една реченица, бидејќи тие не се сретнале на бојното поле. За грчките војници пишува дека постојано се повлекувале и дека немаа сила да се спротивстават на Бугарите. За разлика од однесувањето во војна, кога тие не придонеле многу за победата, по конфликтот, тие се обидоа да извлечат што поголем дел од територијата за себе. Капетенот оставил белешка како Грците се однесувале во утврдување на граничната линија меѓу Србија и Грција. Грчки офицери се опишани како себични, алчни, без офицерска чест и достоинство.

Драгоцени се податоците за однесувањето, активностите и расположението на населението кое живеело во областа опфатена со борбените операции. Блажарич истакнува дека жителите биле пробугарски ориентирани и дека на разни начини  ги  помогаа дејствијата на бугарската војска. Тој како поранешен герилец приметил дека овчарите палат оган и се приближуваат на линијата на фронтот заради извидување. Поради тоа тој применил казнени мерки – ги горел колибите каде што овчарите чуваат главно кози и овци, а во помала мера говеда. Колибите биле полни со експлозив, што беше знак за соработка меѓу сточарите и бугарските војници. Детонации одекнуваа додека колибите гореле. [Блажарич напишал: "Кога вечерта моите патроли ги запалија сите колиби, се осветли велиот Голак, како колиби да беа складиште за муниција, па истата почна да експлодира како да се водат најтешките борби, а бомбите станаа чести како да се одбива напад" (мемоари, 187).]

Во близина на селото Конче српски војници заробиле вооружен бугарски (македонски – н.з) комита кој невнимателно излегол на патот. Селаните се кренаа на оружје да се спротивстават на српската војска. Исто така, како што веќе беше нагласено, населението на Кавадарци активно ги помагаше бугарските војници и комити во обид да го одбранат градот од нападите од страна на српските сили. Голем број цивили се повлекле заедно со војската и комитите, кога по шест часа на жестоки борби се поразени. Капетанот го казнувал пробугарски ориентирани население, особено кога му гинеа војниците. Имаше неколку осуден на смртна казна, по завршувањето на сослушувањето и одлуката на судот.

Мемоарите, како посебен вид на историските извори, може да послужи како додаток историските извори од прв ред кои постојат за битките и други настани во Втората балканска војна. На овој начин ние сме во можност да ги продлабочиме нашето знаење за овој историски настан. Во овој труд, врз основа на мемоарите на полковник Павле Блажарич, е прикажана Втората балканска војна. Конфликтот, кој траеше еден месец, во текот на летото на 1913 година, беше многу покрвав од претходната Прва балканска војна. Офицерот на српската војска пишувал за воените операции на единицата со која командувал. Многу детално ги прикажал акциите на своите соборци, како и сите активности, кој тој сам ги извршувал во војната. Драгоцените се податоците кои Блажарич ни ги дава за расположението на српската и бугарската војска, за командантите на поединечни единици, за војниците од завојуваните страни. Исто така, податоците за сојузници – за грчката војска и население кои живее во областа вклучена во воени операции.“ – пишуваат авторите на трудот за Втората балканска војна во мемоарите на Павла Блажарича

Мировната конференција меѓу петте победнички сили - Србија, Црна Гора, Грција, Османската империја и Романија и победена Бугарија - се одржала од 28 јули до 10 август 1913 година во Букурешт. Букурешкиот мир имал катастрофални последици за Македонија. Таа е поделена меѓу трите претенденти: Србија, Грција и Бугарија. Најголемиот, егејскиот дел и припадна на Грција, вардарскиот на Србија, пиринскиот со Струмичка околија на Бугарија. Со Букурешкиот мир е разбиена геополитичката, етничката и економската целина на македонскиот народ, а потоа безмилосно е прогонувана секоја активност за независност на Македонија. Со оглед на тоа што борбите се воделе на територијата на Македонија, последиците од нив паднале исклучиво врз грбот на македонскиот народ. Речиси да не постои народ кој можел да преживее такво разорувањe.

( извор - Божица Б. Младеновић, Мирослав Д. Пешић, Други Балкански рат у мемоарима Павла Блажарича“ Филозофски факултет Ниш, 2014 г. стр. 9-19)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.