|
|
Фирмата основана во 1856 г. од охриѓанецот Кецкаров постои и денес во Германија |
Сотир Христов Кецкаров (гер.: Sotir Johann Keskari) е борец за возобновување на Охридската архиепископија во Македонија и голем македонски трговец од XIX век. Поради својата верска и политичка активност е заточен во Света Гора од каде бега во Саксонија. Во 1856 година станува граѓанин на Лајпциг, а истата година отвора фирма која егзистира до денес. Сотир потекнува од старо кожарско семејство во Охрид, од охридскиот род Кецкарови. Се оженил со Деспина Робева од големиот охридски род Робеви, ќерка на Анастас Робев. На крајот на 1853 година, поради својата верска и полтичка активност бил прогонет од Цариградската патријаршија. По барањето на патријаршиските власти поради демонстрациите против митрополит Дионисиј Охридски, Сотир Кецкаров бил заточен во Света Гора заедно со Димитар Паунчев и двајца од Ресен Меѓутоа, црковната задана не го задржала Сотир долго време. Тој успеал да избега од Света Гора откако скокнал од прозорецот на затворот. Потоа заминал за Саксонија, каде управува со филијалата на Робевата фирма во Лајпциг. Во 1856 година Сотир Кецкаров станува граѓанин на Лајпциг, а следната година станал и саксонски поданик. Со добивањето на саксонското државјанство Сотир го променил своето презиме во Каскари. Во тоа време Лајпциг бил еден од ведечките меѓународни центри за крзно, кое го сметале за „меко злато“. Сотир се занимава со обработка на кожи кои добива од Македонија и ги продава на различни европски пазари. Тој се истакнува на саемот во Лајпциг и станува еден водечките трговци со крзно. Во 1856 година, не така далеку од т.н. „Светски пат на крзното“, во Брил отворил продавница. Тоа беше почетокот на компанијата Кескари, која потоа со своите производи направи меѓународно име. Неговите наследници, исто така, продолжуваат со фамилијарниот бизнис. Користејќи ја традиционалната изработка и иновативниот развој на производството фирмата успешно егзистира до денес. Фирмата Кескари, основана од Сотир Кецкаров, постои и денес со седиште во германскиот град Келкхајм Логото на Кескари (извор: http://keskari.de/) |