Среда, 12 Јули 2017   
Заедничка борба на одредите „Даме Груев“ и „Вичо“ против Итало-Германските окупатори за нивно истеруване од реонот Леринско-Костурски

Bitoljsko-prespanski partizanski odred

Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ формиран е на 6 јули 1942 година кај селото Златари на планината Бигла, во ресенскиот крај. Наскоро по формирањето борците на овој одред ја извршиле првата успешна акција. Тие ја уништија општинската зграда и на 2 август 1942 година оддржаа митинг во селото Смилево, редното место на Даме Груев. Потоа одредот продолжува со нападите на Кажани (18 август), Златари (21 август), Сопотско (21 октомври) и други места. После тоа поделен во две групи се префрлил на територијата околу Ресен, која е под италијанска окупација.

По влегувањето во состав на одредот „Даме Груев“ на Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“, одредот на почетокот на 1943 година се префра во Егејскиот дел на Македонија и дејствува во Леринско-Костурскиот крај. Заедно со Леринскиот одред „Вичо“ во април и мај истата година учествува во разбивањето на локалните контрачети.

Јосиф Јосифовски – Свештарот, политичкиот комесар на II оперативна зона, во извештајот до Главниот Штаб на НОВ и ПО на Македонија од 20 август 1943 година, за дејствивањето на одредот „Даме Груев“ во Леринско-Костурскиот крај во периодот од април до јуни ќе напише:

„Бугарската фашистичка власт, имајки намереније да окупира Леринско и Костурско, праи големи услуги на Гестапо како би могла слободно да се спроводи богарофилската пропаганда. За прво време успева да искористи мржњата на македонскиот народ према старите грчки правителства (Метаксас Јанис, завел фашистичка диктатура во Грција), која са ги много тормозили и да је пренесе мржњата и на грчкио народ. Поред друѓите лаги богарската фашистичка пропаганда служи се и со то да грчките народно-ослободителни партизани се борат да поништат македонскио народ, да им запалат домовите, за то македонскиот народ требало се дигне противу грчките партизани, да си ги наоружат селата.

Како се је слабо политички работело успеват лагите да продрат длабоко во масите македонски, почнуват селата да се организират да се бранат: „од нападите на бандитите-андарите" и паролата која је вешто убацила фашистичката богарска пропаганда успева готово во сите села во Костурско.

Од друга страна, италијанската окупаторска власт имајки доста работа со грчките народно-О.В. и П.О., осекајки се доста слаба да се одупре од нападите партизански, искористува го то незадовољство на македонскијот народ према грчките партизани, поред то задава им страх те се наоружават сељаните нарочито во Костурско. Грчките партизани покушават да влизат во тој реон неколко пати и биват одбивени од самите сељани. Од другата половина 42. год. формиран је бил некој одред во тој реон кој се бил растурил...

Partizanski odred Dame Gruev 1942

Ето таква ситуација је нашал македонски одред „Дамјан Грујев" кога влезе во Костурско, од прилике средина месец март 1943 година. Ситуацијата може да се опише со еден карактеристичен пример. Влизаме на 17. III. во село Безсвиње денски. Приметени сме од сељаните и сите се дават во бегство, селото останва празно и тува не навогаме никого освен една баба која не успеала да избега и ни се молеше да не ја стрељаме. Виждаме во каква се ситуација налазиме почнавме да им викаме на селаните низ ридиштата да се сваљуват да не се плашат од нас да сме македонци нивни брајка. Само жените слезуват од планината и то со неповерење одржавме со ним митинг и им препоручивме да им кажат на својте мажи и на комшиските села да сме македонци, објаснихме Н.О. Борба и им изнесохме у колку се тува појават грчки партизани да нивната борба неје уперена противу нас. Така утре во непосредна близина во село Рула веке добро бевне примени од целото село чак и старци со нас пеја и играја. Врвиме така низ неколку села: Буковник, ОРОВНИК, Рудари и др. и биваме се по арно и по арно примени, чак се извесни села љуте кај што ги прескакаме. Прејдуваме во Леринско, околу 10 април да се ставиме со нашата патрола која је од битољско ни донесе нови партизани и тува слушнавме за некој грчки одред ( партизанскиот одред „Вичо", составен претежно од Македонци.). Решихме да се ставиме во врска со него и ако је вазможно да заједнички вршиме акцији. После два-до три дена преговори со нивното руководство разбрахме се и створихме споразум кој се на кусо састоји во ово:

1) Секој одред си останва като посебна формација, и оставне си под команда на својте штабови.

2)  Заједнички ке се бориме против Итало-Германските окупатори за нивното истеруване од реонот Леринско-Костурски.

3) Уништуење богарската-фашистичка пропаганда во тој реон

4)  Разоружање на контра четите во тој реон, македонски

5) Стварање братство мегу грчкијот и македонскијот народ, во тој смисал говорите на политичкиве митинзи ке се изнесуват и на македонски и на грчки јазик.

6)  Ради постигнуење задачата двата одреда ке имат једна команда до дека вршат заједнички акци.

Околу 20-1V-43 година почнавме наште заједнички акцији со Лерински одред „Вичо" со кој бевме заједно до 11 јуни 1943 год и сетне није си појдовме на друг терен.

За то време извршихме овије акцији: политички митинзи: во селата Горно и Долно Клештино, Буф, Опсирино, Кладоради, Ермени, Турије, Трсје, Горна и Долна Штатица, Неред, Лаген, Бел Камен, Елево, Горно и Долно Котори, Невеска, Ајтус, Прекопана, Вишени, Црновиште, Поздивиште и други.

Разоружање 7 села во Костурско кој има контра чети саставени од самите селани, запленето преку 130 пушки, једен пушкомитраљез, неколку леворвера, бомби и неколку хиљади фишеци.

Во једно село кај што најдовме спахиско жито660 разделихме 30 товари. (Се работи за жито собрано од селаните според заведениот систем од италијанскиот окупатор, 10% од производите наречен спахилак- н.з).

На митинзите се говореше и на грчки и на македонски јазик, во говорите се манифестираше братство мегу двата народи и повикува се населенијето заједнички против заједничкио непријател. Секогаш имаше по једен говорник кој говореше за мегународната политичка ситуација, једен за братството, за живото на селанецот под окупаторот. Пеја се револуционарни песми на двата народа. Во многу села кој што се задржававме денски приредувахме разни културни манифестации: скечеви „четири руса", како му се на селанецот земе житото и други малки работи који ги селаните многу добро примаја. Можиме да кажиме слободно да таљанец не видовме низ селата кој беја сите забаркадирани во Костур и да ја расклатихме на големо богарската фашистичка пропаганда. Народот беше не добро примил, чак извесни разоружани контраши кој са били прашани од италијанските власти изражаваха се многу поволно за нас па чак и од власта беја тепани од истата власт која им беше преди неколку дена дала оружје да се борат противу нас, пример со војводата од Вишени, Бабшур и други села.

Меѓу партизаните створихме голема блискост развихме другарство одржавахме заједнички војнички и политички часови чак издадохме једен број заједнички новини кој се вика „Партизан" и у натре имаше писано чланци на грчки и на македонски јазик и кога се расделихме ни беше жал и на једните и на другите.

Заједно није вршехме акцији од 20 април до 11 јуни 43 год. на територија Леринска и Костурска.’ (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 480-482, АМ. Ф. II оперативна зона. К. 17, арх. бр. 516).

По завршувањето на акциите на територијата во Леринско-Костурскиот крај одредот „Даме Груев“ се врати во Битолскиот крај, каде им се приклучуваат нови борци. Во јули 1943 година, поголем дел од борците на овој одред поминаа на територијата на Дебарца, каде се извршени неколку диверзанстки акции, а потоа влегоа во новоформираниот батаљон „Мирче Ацев“. Дел од одредот кој останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, заедно со битолскиот одред „Гоце Делчев“, кој во голем дел е составен од старите борци на „Даме Груев“, на 12 септември 1943 година разоружа 200 италијански војници кај селото Љубојно. После тоа овој дел од одред во ноември 1943 г. влегува во  состав на Битолскиот батаљон „Стив Наумов“

Повеќе борци од одредот „Даме Груев“ се прогласени за народни херои: Петар Божиновски, Овадија Естреја Мара, Илија Јовановски Цветан, Јосиф Јосифовски Свештарот - политички комесар, Вангел Нечевски.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.