Четврток, 03 Август 2017   
Милојевиќ: Податоци за потеклото на поедини семејства во Меглен и солунско, Егејска Македонија

Српскиот географ Боривоје Ж. Милојевиќ (22 XII 1885 - 22 X 1967) кој во своите истражувања за време на Првата светска војна ги разгледува особини на населението, меѓусебните односи, како и времето на доаѓање на поедини групи во јужна Македонија, во својот труд ни дава значајни податоци за преселбите на македонските семејства во текот на 18, 19 и почетокот на 20 век.

Во продолжение на својот труд каде говори за потеклото на македонски семејства, Милојевиќ ни ги дава следните податоци за населени места во Мегленско и Солунско:

е) Маглен

1. Полјани – Од „ветско време“ се сите седум соеви: Лабуд (Лабудовци) 3 куќи; Грде (Грдевци) 3 куќи; Бошијак (Бошњаковци) 1 куќа (презимето го добил по тоа што служел војска во Босна); Чинче (Чинчевци) 3 куќи; Донбе (Донбевци) 3 куќи; Бајрамчевци 5 куќи и Исин-аговци 4 куќи.

2. Суботско – Од „ветко време“ се овие „големи бези“, оние четири соја: Дурзиевци, Ибрахим-аговци, Козоваци и Колдејчовци. Доселеници се Исенбеговци. Нивниот прадедо се доселил на почетокот на 19 век од Фуштани. Од Воден се доселиле како трговци овие Славјани (христијани): Шивен околу 1878 година, Свеќар околу 1888 година, Гацо и Измирлија околу 1893 година, Циронка околу 1898 година и Минче околу 1914 година. По 1913 година, околу 15 семејства (исламизирани Славјани) „од мака“ се иселиле во Турција.

3. Гостољуби – Ибрахим-аговци 3 куќи се староседелци.

4. Капињани – Староседелци се овие седум соеви: Лимко (Лимковци) 10 куќи; Бобочари (Бобочаровци); Болошанче (Болошанчевци) 2 куќи; Висбеговци 6 куќи; Арнаути (Арнаутовци) 3 куќи; Чипчаковци 3 куќи; и Каралани (Каралановци) 4 куќи. Доселеници се Костурјабче (Костурјанчевци) 3 куќи. Нивниот дедо се доселил од Костурена  

ж) Солунска област (западно од долен Вардар)

1. Горно Капаново – Шепка (Шепковци) 4 куќи се староседелци. Доселеници се: Карабатаковци 1 куќа од Превртанца околу 1877 година; и Митковци 1 куќа од Зборско околу 1902 година. Митко зборува дека комитите му го убиле синот. Кога ги тужел тие му се заканиле и тогаш морал да побегне.

2. Монопиште – Доселеници се: Аврам од Пожарско околу 1862 година; Дине Миле од Прибодишта околу 1867 година како „домазет“; Јован Маренец 1 куќа од марена околу 1887 година и Кукче (прекар: „пиле од кукавица“) од Свети Илија околу 1897 година. Таму се „лоши бези“.

3. Негуш – Ристо Јачо 1 куќа. Неговиот предок се доселил од Перишор после 1821 година.

4. Гулишани – Доселени се: Трпче Демишар 1 куќа од Црмориново околу 1897 година; Дреновче 1 куќа од Дреново околу 1900 година; и Петре Раде 1 куќа од Воденска Вештица 1914 година. Таму немал зграда за „добиток“ (стока).

5. Ново Село – Доселени се: Шиљек 1 куќа (прекар:  шиљег или шиљеже) од Саракиново после 1912 година. Тој овде купил куќа од еден Турчин, кој се одселил во Воден; и Снегар 1 куќа, од Кронцелево, после 1912 година. И тој купил овде земја и куќа од еден Турчин кој се одселил во Воден. Неговиот татко го добил презимето по тоа што цел век продавал снег од Кајмакчалан.

6. Владово – Староседелци се овие три соја: Калејевци и Буровци, 10 куќи. Слават Голема Богородица; Панчевци 20 куќи. Славата им е Св. Димитрија; и Бакарчевци 6 куќи. Славата им е Св. Атанас и Св. Димитрија. Бакарчевци презимето го добиле по тоа што нивниот дедо го викале „Бакар“. Од Бакарчевци се иселил во Србија на почетокот на 19 век Топал Насто. За него се зборува дека заминал за време на српското востание и се борел покрај Милош Обренивич. Прекарот „Топал“ го добил по тоа што топ му ја однел едната нога. Карта 10 куќи. Нивниот прадедо дошол кон крајот на 18 век од Пљаса (кај Корча) во Фурка, која била југозападно од Владово. На почетокот на 19 век неговиот дедо од таму се преселил во Владово. Тие го славеле Св. Никола. Од Фурка дошле на почетокот на 19 век, поради зулум на луѓето на Али Паша и овие соеви:  Далкалчевци 10 куќи. „Далкалч“ значи на турски гола сабја. Тие го слават Св. Никола; Куфиљчевци 8 куќи, и го слават Св. Никола; и Бошковци 2 куќи, Пашковци 3 куќи, Божиновци 4 куќи, Минговци 4 куќи, Стребровци 3 куќи, и Прдилковци 3 куќи, ... вкупно 19 куќи. Го слават Св. Никола. Поповци 5 куќи, доселени од Пожарско околу 1867 година поради турскиот зулум. Панагир им е Св. Јован (7 јануар). Торлак се доселил од Бешишта (во Мариово) околу 1897 година поради турскиот зулум, како „малечко козарче“.  

6. Воден – во местото староседелци се овие шест соеви: Бушеловци. Тие го слават Св. Никола; Салабашевци; Хаџи-поповци (од кои нема мажи); Баласовци; Кара-хаџиевци. Панагир им бил Св. Никола; и Папа-паришевци. Тие го слават Арх. Михаил. – На почетокот на 19 век се доселиле овие три соеви: Иван-Ташковци од Црковен. Тие го славеле Св. Јован; Нојчевци од Техово. Го славеле Св. Атанас; и Папа-Ристевци од Црковен. Слава – Пречиста. – Околу средината на 19 век се доселиле: Калинчанче од Калиница. Панагир им вила Св. Јован; Поповец, терзија, од Бизово; и Росуленчовци од Русилово.    

Во Нова Маала староседелци се овие два соја: Куфојевци, кои го славеле Св. Димитрија; и Нушковци: На почетокот на 19 век се доселени овие три соја од Мисмер: Самарџиевци, кои го славеле Арх. Михаил; Гацовци; и Ѓанешевци. Во исто време дошле и овие три соја: Хаџи-Анѓеловци од Црковен и го славеле Арх. Михаил; Баба-Роцовци од Долно Граматиково; и Хаџи-Лазовци од Драгомаце. – Околу средината на 19 век доселени од Тахово се: Утовци. „Ут“ значи оној кој „загледан“. Панагир им бил Водици (Богојавление); и Мирковци. Панагир им бил Св. Никола. Во исто време дошле од Бизово: Пецовци, Бизовци и Ќосевци. Сите тие го имаа како панагир Св. Никола; од Мисмер: Владиче (панагир им бил Голема Богородица); и од Влкојаново: Печенаровци (панагир им бил Св. Никола) и Папајевци. Кон крајот на 19 век се доселиле: Кара – Никола од Техово. Панагир му бил Св. Никола; и Катраничен од Катраница.

Во Теховска Маала се доселиле кон крајот на 19 век од Техово овие три соја: Ѓонде (панагир му бил Пречиста), Павлевци (панагир им бил Св. Никола) и Туре. На почетокот на 20 век од Техово се доселил Сариџол. Панагир му бил Св. Никола.   

Во Турска Мала се доселиле околу 1867 година овие бегови: Дирзиевци од Суботско; и Селим беговци и Кел Амет од Бизово. На почетокот на 20 век се доселил од Ново Село Дренка, трговец.

8. Техово – Староседелци се: Бакаровци 3 куќи. Го слават Св. Ефтимие; и Стафидовци 4 куќи. Тие го слават Св. Атанас (18 јануар). Гацовци 6 куќи, Барабар 1 куќа, Тура 1 куќа, Бина 1 куќа, Вадаз 1 куќа, Јорго 1 куќа, Лазо 1 куќа, Пејовци 2 куќи, Ѓорѓи 1 куќа и Божар 1 куќа, - вкупно 16 куќи – прават еден сој. Панагир им е Пречиста (21 ноември). Нивниот прадедовци, пет браќа, се доселиле од преспанското село Герман на почетокот на 18 век. Кога на почетокот на 19 век Гегите почнале да прават зулуми, нивните дедовци пребегнале во Кронцељево, па потоа се повратиле во Техово.  Димитрија Стојан 1 куќа, го слави Св. Ѓорѓи (3 ноември). Неговиот предок дошол од Горно Родиво на почетокот на 18 век. Јаковци 2 куќи, Шаламановци 2 куќи, Буковаловци 1 куќа, Јеновци 1 куќа, и Танчевци 1 куќа – вкупно 7 куќи – го слават Св. Лука. Претците им се доселиле на почетокот на 18 век од село Турица (кое било во близина на Патечина). Фудуловци 2 куќи, Кара Јанковци 2 куќи, Цветковци 2 куќи, Аповци 1 куќа и Топал(овци), Шиндивци 2 и Дајко 1 куќа – вкупно 11 куќи – чинат еден сој, или меѓу себе се земаат. Нивните претци дошле Ранѓел, кој бил над Техово, на почетокот на 18 век; побегнале од зулумот на Гегите.. Мице(вци) 1 куќа, Мишаковци 3 куќи, Ѓеловци 2 куќи, Бирозовци 2 куќи, Чан(овци) 1 куќа, Фоте(вци)  1 куќа и Доневци 2 куќи – вкупно 12 куќи – го слават Св. Димитрија. Нивните претци дошле на почетокот на 19 век од село Костен, кој бил под Техово. И тие побегнале од арамии.

9. Вртокоп – Староседелец Вангел Чауш. Димитрија Гоце по потекло е од Јанина. Неговиот прадедо се доселил во втората половина на 18 век поради зулум. Таше Мице е од Луковица. Неговата мајка се премажила околу 1872 година и го донела како дете. Димитрија Кара-Јован е од Оризари. Неговиот татко се доселил од Св. Илија во Оризари. Тука жувеел некое време и потоа дошол во Вртокоп околу 1887 година. Ѓорѓи Димитрија се доселил од Пископија околу 1892 година. Трпче Јован се доселил од Калинце околу 1897 година.  Вангел Рисаф се доселил од Каменик околу 1907 година. Трпо Гропало се доселил од Гропин околу 1912 година.

10. Св Илија – Ѓорѓи Ристо 1 куќа се доселил од Дреново околу 1872 година.

11. Бабајани – Вампировци 1 куќа, се „ветки“. Ристо Костадино 1 куќа и Ѓорѓи Миндо 1 куќа. Тие се еден сој и доселени се од Спирилитово на почетокот на 19 век.

12. Св. Ѓорѓи – Ристо Чолакот 1 куќа, се доселил од Тополчани (кај Битола) околу 1892 година поради „крв“. Чилак на турски значи сакат во раката.

13. Вадришта – Мело 1 куќа. Се доселил од Карјотица во 1908 година. Таму живеел во задруга со братот. Бидејќи жените им се карале, тој се преселил во Вадришта на беговски имот. Во Карјотица сите ја слават Голема Богородица, а во Вадришта Св. Атанас. И Мело го сменил панагирот кога се доселил.

14. Карјотица – Мељо Ристо 1 куќа, е староседелец. Крушарџија 1 куќа е доселен од Киркалово околу 1888 година. Ристо Трајко 1 куќа доселен е од Киркалово околу 1878 година. Швирка 1 куќа, е доселен од Врастија околу 1888 година

15 Крушоаре – Царцараки 6 куќи се „ветки“. Попчевци 6 куќи. Нивните дедовци дошле од Корнишор. Куртеловци 5 куќи исто така се од Корнишор.

16. Пазар – Доселени се: Бојчевци 2 куќи градинари од Корнишор околу 1857 година; Паришевци 1 куќа, чевлар, од Кадино Село околу 1862 година; Пејовци 2 куќи, лимари, од Ошен (на Пајик) околу 1867 година; Аризановци 2 куќи, терзии, од Литовој околу 1877 година; Манговци 2 куќи, бакал и трговец, од Ѓупчево околу 1880 година; Ташовци 2 куќи, земјоделец и арабаџија, од Корнишор, околу 1882 година; Делевут 1 куќа,бакал, од Трифунчево околу 1887 година; Манговот 1 куќа, чевлар, од Куфалово околу 1892 година; Божин Дуковут 1 куќа,  трговец со жито, од Карјотица околу 1904 година; Колешник 1 куќа, ќумурџија, од Хасарбегово околу 1905 година; Шалдевут 1 куќа, ѕидар, од Гуменџе, околу 1906 година, како домазет; Кукувут 1 куќа, лебар, од Гуменџе околу 1907 година, како домазет во куќата на Куковци; и Ремели 1 куќа, асурџија, од Постол околу 1907 година.

17. Постол – Ремели 1 куќа. Неговиот дедо се доселил од Ремел околу 1832 година.

18. Габрово – Блаче 3 куќи. Неговиот прадедо се доселил од Влах-Блаца на почетокот на 19 век поради зулумот на луѓето на Али Паша.

19. Сарачево – Станболија 8 куќи, се „ветки“ од пред „пет стотини години“. Нивниот дедо терал овци за Станбол и затоа бил наречен Станболија.

Источно од Вардар

1. Карасули – Керечли 1 куќа. Неговиот татко се доселил од (соседното) Кречово околу 1868 година.

2. Топчиево – Стефановци 4 куќи и Балукчиевци 2 куќи – вкупно 6 куќи. Тие се стари доселеници од непознато потекло. Маноли 2 куќи. Неговиот дедо дошол од Гиде како „воловарче“ на почетокот на 19 век и зборувал славјански. Гучаци 4 куќи (во Турска Мала) се доселени од Ватилак околу 1898 година.

3. Текели – Дино Мило 1 куќа, се доселил од Мали Нишел околу 1888 година и говорел славјански . Неговиот татко како дете побегнал со своите родители во средината на 19 век од Тиквеш поради турски зулум. Ѓорѓи Делиџак 1 куќа се доселил од Колопанци во 1909 година.

4. Градобор – Коританец 1 куќа, се доселил од Коритен околу 1888 година како домазет.

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.