|
|
Милојевиќ: Промените во населбите на јужна Македонија поради Балканските војни во 1912 и 1913 г. |
Во своите истражувања за време на Првата светска војна, српскиот географ Б. Ж. Милојевиќ меѓудругото ги разгледува и промените кои настанале во населбите на територијата на Егејска Македонија, предизвикани од Балканските војни во 1912 и 1913 година. Во својот труд српскиот географ, за промените во македонските населби во Егејска Македонија кои настанале за време на Првата (1912) и Втората Балканска војна (1913) го бележи следното: „За време на Првата балканска војна во 1912 година, верските, општествените и нородносните спротивности помеѓу христијаните од една страна и муслиманите од друга страна избувнаа со цела своја жестина. Христијаните и муслиманите во тие настани едни на други си ги палеле куќите, а често меѓусебно се убивале. Во Маврово (на брегот на Костурското Езеро) имало пред војната 120 христијански (славјански – македонски –н.з) куќи и 120 муслимански (турски) куќи. Веднаш по почетокот на војната муслиманите уништиле и запалиле околу 70 христијански куќи, а христијаните кога пристигнала грчката војска ги запалиле сите турски куќи. Тогаш Турците од Маврово побегнале во Костур и Рупиште. Тие таму и денес живеат со своите семејства, а доаѓаат во селото за да го обработуваат имотот. – Во Личиште (до Маврово) христијаните (Славјани - македонци – н.з.) уништело во текот на оваа војна 81 турска куќа. Од тие куќи денес стојат само голи ѕидови. – Сите христијани (Славјани - македонци – н.з.) од Дупјак на почетокот на војната во 1912 година избегале во Сачишта. Турците тогаш ги запалиле речиси сите Дупјачки куќи. – Во Жерви имало 80 куќи на исламизирани (Славјани - македонци – н.з). За време на војната во 1912 година сите жервенски муслимани со своите семејства побегнале во Костур, Лерин и Негован. Жервен тогаш бил разрушен. После војната некои од исламизираните (македонци – н.з) се вратиле во селото, и денес во Жервен има околу 40 куќи. Во Арменор (во јужниот дел на битолската котлина) имало до 1912 година 30 турски куќи. После војната останале пет. Во Пешошница (Песочница ?) до споменатата година исто така имало 30 куќи, а после тоа шест. Во Секулево имало 15 куќи на Турци, кои побегнале во Лерин. Во Ортоби до 1912 година имало 60 куќу на Турци. Таа година Ортоба била уништена, а Турците се засолниле во Лерин. Ортобските Турци одат во селото за да ја обработуваат земјата, но семејствата постојано живеат во градот. Во Овчарани до 1912 година имало 200 куќи на Турци. Истата година било уништено повеќе од 180 куќи, а денес ги има околу 20. Горно Врбени (во островската околина) е запалено од околните Турци и од турската војска. После овој настан останале околу 70 неугледни згради. И денес се гледаат многу урнатини. – Спротивно, сите турски куќи во Спанци ги запалиле околните христијани и грчката војска, која пристигнала од Солун. Меѓутоа особено во многубројните села источно од долен Вардар и во сливот на Галик, за време на Балканските војни се извршени големи промени. Прво, за време на војната во 1912 година, Турците слушајќи како напредуваат грчката, српската и бугарската војска и стравувајќи дека било која ова војска кога ќе дојде во нивното село ќе праву зулуми – избегаа со своите семејства во Солун, а потоа во Цариград и Азија. Така многу турски села останаа празни, додека во некои останаа по некое семејство. И исламизираните Цигани (Роми – н.з) се однесуваа како Турците. Многу турски села и турски куќи – така празни – ги запалиле соседните христијани, охрабрени со доаѓањето на грчката војска. Населението тврди дека грчката војска учествувала во ова палење. Потоа во 1913 година, за време на војната помеѓу Грција и Бугарија, преку селата источно од долен Вардар се одвиваа воените операции. Во долината на Галик на пример, во почетокот на војната 1913 година, бојното поле било јужно од Јајџилара и Саламанлија. Славјанското (македонско-н.з) население источно од Вардар, бегајќи пред огнената линија, се повлекувало на север, во заднината на бугарската војска. Грчката војска која наоѓала празни славјански (македонски – н.з) села ги палела. Грците сметале дека избеганото славјанско (македонско – н.з.) насление кога ќе слушне дека селата веќе им се уништени, нема да се враќаат на своите огништа. Избеганите Славјани (Македонци – н.з.) од кукушките села во најголем дел се населиле во струмичката и дојранската околина, и таму чекаат да се вратат во своите села. За време на Балканските војни од 1912 и 1913 година, на селата источно од Вардар се случиле тројни промени: 1) едни села кои пред војната егзистирале, денес не постојат; 2) други села се многу помали отколку пред војната и 3) трети села после војната многу се зголемиле. Села кои не постојат после војните 1912 и 1913 година
Села кои после војните во 1912 и 1913 година многу се намалиле. Во оваа група на села, од кои за време на војните не избегало населението, има села во кои останало нешто од поранешното население. Од другите села меѓутоа во текот на војните избегале сите дотогажни жители. Во нив, потоа се сместени доселеници, најмногу Грци од Тракија и нешто малку Славјани од струмичката околија. Тракиските Грци за време на војната насилно биле избркани од своите огништа од страна на Турците и Бугарите. Тие таму ги оставиле куќите и имотите, а тука живеат во голема сиромаштија. Поради тоа едвај чекаат во Тракија да се создадат подносливи услови, за да можат таму да се вратат.
Села кои после војните во 1912 и 1913 година се многу поголеми Најпосле има села кои после војните се населени со многу повеќе тракиски Грци, отколку порано што имало славјанско и турско население. Во такви села денес има многу повеќе семејства отколку што ги имало порано. Овие села се пренаселени и пренатрупани.
(продолжува) Македонска нација
|