Среда, 13 Септември 2017   
„Славянский Век“ за македонското научно-литературно друштво 28 февруари 1903 г.

Makedonski GlasНа 28 октомври 1902 година во Санкт Петрбург, Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Константинович, Милан Стоилов и други, вкупно 19 потписници, го основаат Македонското научно-литературно другарство (МНЛД). При основањето фруштвото го носи патронатот на свети Климент Охридски, а со „Уставот” од 1903 година на Кирил и Методиј. Веќе во април 1903 година членството достигнало 25 души и со прекини суштествува од 1902 до 1917 година.

Прв привремен претседател на Македонското научно-литературно другарство бил Дијамандија Мишајков, кој заедно со Стефан Јакимов Дедов бил прогонет од Србија поради промакедонски активности, а потоа на почетокот на 1903 година на тоа место доаѓа Димитрија Чуповски.

Друштвото веднаш по основањето започнува со своите активности. На 12 ноември 1902 година до Руската влада и до Советот на Санкт Петербуршкото славјанско благотворно братство, Македонското научно – литературно другарство испратило Меморандум, во кој се претставува првата национална програма, а во која се бара признавање на Македонците како посебна нација и народ, со посебен македонски јазик и култура, со своја црква, во границите на Турција.

И покрај противењето на другите балкански друштва во Русија сепак, Советот на Санкт Петербуршкото славјанско благотворно братство го признало Македонското научно – литературно другарство, како рамноправен член на Советот. Советот му дал простории на МНЛД во кои другарството можело да одржува состаноци, а истовремено од руските организации добива константна помош Во Русија се печателе книги, брошури, летоци, кои ја објаснувале улогата, задачата и целта на МНЛД.

Ваквиот однос на руските друштва му овозможува на Македонското научно-литературно студентско другарство, да дејствувала доста активно и надвор од границите на Русија, особено иа страниците на списание „Славянский Век", кое излегува од 1902 до 1905  година во Виена. Раководството на Македонското друштво, а посебно К.П. Мисирков, било во тесен контакт со редакторот на списанието - Дмитриј Вергун.

Списанието „Славянский Век" меѓу првите објавува опширни вести за создавањето и целта на ова македонско друштво. Во својот февруарски број (1903 г.) редакцијата објавила и една дописка под наслов „Македонско друштво во С. - Петроград", која во контекст на посебоста на македонскиот идентитет, особено на македонскиот јазик, овде во целост се објавува:

„Под покровителство на Слав(јанското) Бл(аготворително) Друштво во С. - Петербург студентите-Македонци создале кружок п(од) наз(ив) „Македонско научно-литературно студентско друштво", во кое сега се запишани 20 членови. Целта на друштвото е: духовно обединување и единство на татковината, изучување на Македонија од историска и етнографска страна, запознавање на руското општество со вистинската положба на Македонците во минатото и сега. Членовите на кружокот зборуваат помеѓу себе само на македонски наречја, а не по бугарски и по српски, како што беше досега, по местото на воспитанието. Некои членови од овој кружок го издавале во пролетта на минатата година во Белград весникот „Балкански гласник", на српски и француски јазик. Во него се изнесувало гледиштето дека поделбата на христијанското население на три непријателски страни, бугарска, српска и грчка (чорбаџии, гркомани-Славјани), потоа странските пропаганди го сопираат обединувањето и дека поради тоа е потребно да се издигне еден од 4-те главни македонски дијалекти (1. планинскиот: Скопје, Куманово. 2. Мијачко-брсјачкиот, во Пелагониската рамница: Битола-Охрид, Прилеп. 3. Ениџевардарскиот, Воден. 4. Неврокопскиот; при што критериум за поделбата е промената на самогласките и топографските котлини) на степен на општ македонски литературен јазик. За таков на сите им изгледа најпогоден југозападното, мијачко-брсјачкото наречје. Фактот дека српската пропаганда не се ограничува на Скопје и дека српски училишта има и во Битола, Воден, Солун, Еницевардар и Кукуш, а до неодамна српско училиште постоело дури во Сер, како и фактот дека бугарската пропаганда се шири исто во цела Македонија, најубаво го докажува единството на македонскиот јазик, народните обичаи, наравите, преданијата и се што влегува во кругот на сфаќањето на народноста.

Остварувањето на оваа идеја: „Македонија за Македонците" со создавањето на македонскиот јазик, по мислењето на овие автономисти, ќе се покаже прифатлива 1. за Бугарите поради тоа што тие ќе можат да се надеваат дека со враќањето на македонската емиграција, воспитана во бугарски дух, земјата би добила бугарски карактер; 2. за Србите поради тоа што би се прекратила бугарската пропаганда и опасноста да имаат на југ силна бугарска држава; 3. за Романците поради тоа што би имале работа на југ со моќната Бугарија; 4. за Русија поради тоа што со создавањето на автокефалната македонска црква можно е да ослабне значењето на панеленистичкиот патријарх и да се принуди да дозволи изборно начело на вселенскиот патријаршиски престол, со што би се создале шанси за избор на рускиот кандидат на вселенската катедра; 5. за Австрија поради тоа што со создавањето на македонскиот јазик таа ќе може да стекне симпатии кај населението и да ја подготви окупацијата; 6. за Сеславјаните поради тоа што би се прекратил антагонизмот меѓу Бугарите и Србите (панбугарска и пансрпска идеја) и ќе биде возможио обединување на Србија и Црна Гора со излез на Србите на Јадранско Море и што во Сеславјанскиот Сојуз малите држави би имале потреба од поддршка на Русија; 7. за Турците, зашто тоа би повлекло по себе прекин на сите денешни политички и верски пропаганди; 8. за Грците поради тоа што би оживела мечтата за тоа да му се вратат на патријархот поранешните права на црквите и училиштата.

При создавањето на српскиот и бугарскиот литературен јазик беа испуштени од предвид областите од Источна Србија, Западна Бугарија и цела Македонија, и кога овој пат би се издигнал овој јазик на повисок степен на образованост би можел да се јави како обединувачка алка за целиот Балкански Полуостров.

Програмата на овие поборници на „етнографека", а не географска Македонија, страда само од тоа дека се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години.“ („Славянскии Век" Виена, № 62, (15-го (28-го) февраля. 1903), стр, 431 – 432)

Кон крајот на 1905 год. Македонското научно-литературно другарство е неутрализирано, а од 1912 г. се појавува под ново име, но не успева да добие официјално признание од надлежните руски власти. Со Октомвриската револуција во Русија во 1917 година, дејноста на Македонското научно-литературно друштво завршува.

(Извор; Документи, том први, Скопје, 1981, стр. 446 – 447,)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.