Среда, 20 Септември 2017   
„Пеколен план на Младотурците“ за убиство на народните првенци и војводи во Македонија

micko-vojvodaМицко Крстиќ (1855 - 26. X 1909) е поречки војвода. По судирот со качачкиот водач Џемо на сопствената свадба, првин работел како самарџија во Скопје, а потоа во Турну Северин (Романија, април 1876). Таму стапил во малата чета на Стеван Петрески-Угриноски и по враќањето го ликвидирале зулумџијата Џемо (летото на 1878). Подоцна оформил своја чета, но во една борба бил заробен (1882) и осуден на 20 години робија. По излегувањето од затвор (1902) пак оформил чета, но по Илинденското востание Мицко војвода се приклонил кон српската оружена пропаганда. По Младотурската револуција се обидел да се легализира за мудур во Самоков, но бил убиен од заседа по наредба на кичевскиот кајмакам.

Мицко Крстев Павлоски е роден во 1840 година во Кичевското село Латово. По судирот со качачкиот водач Џемо на сопствената свадба, првин работел како самарџија во Скопје, а потоа во Турну Северин (Романија). Во 1876 година, по започнувањето на првата Српско-турска војна (1876-1877), Мицко како и многумина македонски печалбари во Раманија, заминал како доброволец да се бори против Турците. Учествувал во повеќе борби и станал командир на чета.

По завршувањето на војната, Мицко се приклучува на иницијативата на македонската емиграција во Турн – Северин за помош на македонските востаници (Македонското востание 1878 -1879). Тој и група Поречени се групираат околу Стефан Петревски и во неколку групи се враќаат во Македонија за да ја продолжат борбата против Турците. Учествува во таканаречената Брсјачка буна во југозападна Македонија во 1881 година, кога се создава и легендата за Мицко. Во 1882 година тој бил уапсен од Турците и осуден на 101 година.

Додека лежи во затворот во Битола, како поранешен командир на чета во Србско-турската војна, тој лесно потпаѓа под влијание на српската пропаганда. Во 1901 година, додека заедно ја отслужуваат затворската казна со Даме Груев,  последниот успева да го придобие Мицко на страната на ТМОРО. Меѓутоа, по интервенција на српскиот конзул Ч. Мијатовиќ во Цариград, истата  година Мицко бил ослободен. Издржуван од српскиот конзулат во Битола, која не смее да ја напушти, тој повторно е во рацете на српската пропаганда.

Со помош на конзулатот Мицко ја напуштил Битола во 1904 година и во Поречијето ја формирал првата српска вооружена чета, која успева да го зароби Даме Груев. По еден месец го ослободил Груев, но се нашол во немилост на српските власти, кои набргу испраќаат нови српски чети во Македонија чии војводи го заменуваат и го испраќаат во интернација во Србија.

По Младотурската револуција во 1908 година и објавувањето на амнестијата за сите бунтовници, Мицко станува легален и се враќа во Македонија. Во 1909 година стапил на сила Законот за сузбивање на четничките акции во Румелиските вилаети, кој им давал широки овластувања на турската војска и полицијата. Во суштина идејата на овој закон била да се уапсат или ликвидираат сите христијански првенци и некогашни војводи.

На 13 октомври 1909 година во селото Ижица бил убиен војводата Мицко во заседа. Според истрагата на турските власти неговото убиство било извршено од страна на војводата Блаже Биринчето, кој поради недостаток на докази истрагата била прекината. Всушност Мицко војвода бил убиен во заседа од Младотурците.

На 1 ноември 1909 година, белградска „Политика“ ќе објави текст под наслов „Еден пеколен план“ кој говори за убиството на Мицко војвода. Во текстот испратен на 26 октомври 1909 година, кој говори за планот за истребување на првенците и некогашните војводи, постојаниот дописник на белградска „Политика“ од Битола ќе напише:

„Убиството на војводата Мицко е расветлено целосно. Никој повеќе не се сомнева дека тоа е дело на Младотурскиот комитет и дека Мицко е прва жртва на онаа познато решение на Младотурскиот комитет во Солун.

Со Мицко се почна, за полесно да се убијат останатите српски и бугарски војводи и првенци, бидејќи се знаело дека тој им бил наклонет на младотурците и верувал во нивните искрени намери. Се сметаше, тоа  недело да им се подметне на бугарашите, за потоа Турците да можат наизменично да ги убиваат српските и бугарските првенци, а да на нив никој не се посомнева. На тој начин Младоурците би ги истребиле сите народни првенци, а ние покрај тоа би виделе на бесилка уште многу свои истакнати луѓе, кои би биле осудени како „поттикнувачи на меѓусебно истребување“ и „предизвикувачи на нереди“ во Уставна Турција! Меѓутоа, Турците како да се измамиле.

Сега веќе се знае на сите страни дека со убиството на војводата Мицко раководел Халил (?) ефендија, жандармериски поручник, претседател на младотурскиот извршен комитет во Кичево. Во заседата во која е убиен нашиот војвода беа овие Турци: Али Дедо, Рашид Данго (?), Исмаил Козо (?), двајца од Пласница, еден од Дворец, Хамид од Шутово, Јамуз од Стрегомишта, Бајрам поранешен жандарм од Строгомиште, Шехар (?) од Србјани и уште еден Кичевец чие име се крие (некои од имињата се под знак на прашалник поради неможност одредени букви да  се прочитаат – н.з.). 

Овие разбојници ги предводеше Риза-ефендија, таксидар (собирач на вересија-н.з) и еден од најинтимните пријатели на покојниот војвода Мицко. И за да ги припреми убиците и заседата уште во неделата вечерта, значи два дена пред убиството на Мицко, заминал од Кичево и една ноќ преноќил во Ижиште, а другата ноќ заедно со убијците во Пласница.

За тоа време комесарот на полиција Халил ефендија и државниот инжинер од Кичево, кои го преставуваат Младотурскиот комитет во Кичево го подготвуваа сето друго што е потребно за да се изведе убиството. Однесувањето на овој вториот према војводата Мицко било такво што тој им се пожалил на пријателите, но сепак Мицко не верувал дека Турците ќе го убиат, особено не во оваа прилика кога требало да патува со командантот на жандармерија и тоа во комисијата која треба да ги испитува зулумите на разбојниците.

Меѓутоа се измами и плати со животот од злобниците со кои патувал заедно за да ги истражат злосторствата. Интересно е комисијата во која Мицко е член, но која го остава во Кичево и не само што не го води со себе, туку сама оди право во манастирот Света Богородица Поречка. Тука во манастирот комисијата извршила претрес, ја запечатила собата на Мицко во кој живеел, па дури потоа го продолжила патот за Самоков. Кој тука да не поверува, дека и самата комисија била вмешана во Мицковото убиство, инаку како може поинаку да се толкува тоа што си дозволила да влезе во манастирот и да врши претрес во собата на еден свој член!

Меѓутоа, Турците сето ова го извршија така невешто, такашто не само што се искомпромитираа, туку и ги спасија животите на многу други народни првенци кои од сега ќе знаат да се чуваат. Жалосно е само што сигналот, дека главите на нашите првенци се во опасност, беше даден на еден така крвав начин: со смрт на храбриот војвода Мицко.

Српскиот клуб вложил енергичен протест поради овој дивјачки злочин, а како што сме известени направен е таков протест и од другата страна. Протестирал и рускиот конзул Кал (?). Меѓутоа, Турците на сето тоа се прават наудрени и уште постојано тврдат дека војводата Мицко го убиле Бугарите.

И додека тие безумно зборуваат, убијците на војводата Мицко  слободно го носат оделото кое го свлекле од мртвото тело, како и други работи кои му ги ограбиле. Со револверот на Мицко јавно се гордее кичевскиот инжинер и го покажува на Турците по кафеаните, а Адем ага од Пласница бил толку безобразен да неодамна по кичевскиот пазар шетал во чизмите на Мицко.

По убиството на Мицко во Кичево и околината завладеа таква несигурност така да христијаните ретко се осмелуваат да излезат подалеку од куќата. Овие дена веќе загинаа двајца селани, еден од Рбетино и другиот од Сланско. Турците, а особено прочуените арамии од кичевската каза, сега отворено им се закануваат на христијаните и извикуваат: „Ви дојде крајот и сите под нож како јагниња“.

Така започна извршувањето на еден пеколен план  по кој оние кои управуваат со Турција убиваат народни првенци, а обичните разбојници обичните селани. Сите по рангот!“

Иако, текстот на битолскиот дописник е напишан во рамките на тогашната српска пропаганда која се води во Македонија, сепак тој ја расфетлува смртта и ги посочува Младотурците како убијци на Мицко војвода.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.