Историја

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

krvava-zelenicka-svadba

krvava-zelenicka-svadbaНа 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 113 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. И денес од македонскиот народ се бара промена на име, идентитет, историја…!?

Појавата на грчките чети во Македонија датира од пред Илинденското востание во 1903 година, но не со таква систематичност како во постилинденскиот период. Под непосредно раководство на грчката влада, биле здружени усилбите на дипломатијата, црквата, просветата и оружјето. Во овој период грчката вооружена акција, богато финансирана од средствата на државниот буџет, се одликувала со масовност и настапувала со особена жестина во јужните делови на Македонија. 

Целта на Атина била да се наложи грчката доминација во Македонија. Вооружената интервенција, насочена кон Македонската револуционерна организација, произлегувала од познатата Мегали идеја, која предвидувала проширување на грчката држава кон територии во кои немало грчко население или доколку го имало, тоа било во минимални бројки. По островот Крит, Тесалија и Епир, територијални аспирации на грчката држава биле насочени кон Македонија.

Германос Каравангелис (1866 – 1935) кој е патријаршиски митрополит во Костур (1900–1907), бил особено активен во борбата против Македонската револуционерна организација. Одржувал блиски врски со османлиските власти и бил еден од организаторите на првите грчки чети за оружено дејствување во Македонија.

Од 1904 до 1908 година, користејќи ги добрите односи на Грција со Турција, црковно-просветната пропаганда се надополнува со уште поинтензивно испраќање вооружени чети што вршеле пустош по македонските села, принудувајќи го населението што ја напуштило Грчката црква пак да се врати под нејзина власт и да се декларира како грчко.

Наидувајќи на отпор кај македонско христијанско населението, како и на четите на Македонската револуционерна организација, грчката вооружена прпаганда добива геноциден карактер кон дел од етничкото македонско население. Имено секој кој не сакал да биде припадник на грчката патријаршија, односно не се декларира како Грк, бил цел на тортура и подложен на етничко чистење без разлика дали е тоа Македонец, Влав или Албанец.

Вусшност, Грција настојувала со помошта на оружјето да ги врати Македонците во рамките на Патријаршијата, со што ќе се покажел грчкиот карактер на Македонија. За да се вратат сите оние кои пристапиле кон Егзархијата, каде се изведувало богослужба на славјански јазик,  грчката вооружена пропаганда покрај измачувањата, теророт, вршела убиства врз оние кои не се декларираат како Грци – патријаршисти.

Првите поголеми напади на грчките вооружени чети врз Македонците, со крајен резултат – убиство на недолжно македонско население, се случиле уште во есента 1904 година. Тоа е добропознатиит напад на село Зеленич (Леринско) или попзнат како Крвава зеленичка свадба,

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Како причина се наведува одмаздата за поразот на одредот на основачот на движењето андаертското движење Павлос Мелас, кој се самоубил опколен од турскиот аскер. Имено Грците се одлучиле за одмазда, сметајќи дека Македонците ги измамиле Турците, наведувајќе дека тоа била четата на Митре Влаот.

Предлогот за да се нападне на селото Зелениче бил од капетанот Евтимиос Каудис, а бил поддржан од заменик Георгиос Катехакис (капетан Рувас), кој имал одред од 60 лица со кои влегле во Македонија на 20 октомври 1904 година и се сместиле во селото Лехово. Од таму, на 13 ноември, се упатиле кон селото Зелениче, каде што жител на селото Суљо со турско потекло им ја покажал куќата каде се оддржувала свадбата, во која трговецот Стефан Гатев го женел својот син. На самата свадба присуствувале голем број роднини, пријатели и локални Турци.

Андартите нападнале вечерта во 22:30 и почнале да пукаат по сите луѓе во куќата. Во исто време, дел од четата пукале  по оние луѓе кои случајно успеале да избегаат надвор. Вечерта грчките андарти убиле 13 луѓе. Меѓу 13 – те жртви биле: 1. Стефан Готев – 44 години – татко на младоженецот; 2. Григор Готев – 19 години – младоженец; 3. Доси Стојнов – 38 години; 4. Владимир Стојнов – 13 години; 5. Михаил Пучов – 32 години; 6. Ламбро Стојков – 23 години; 7. Пандо Мечкаров – 35 години дееец на МРО; 8. Дори Алманов – 42 години; 9. Аргир Пандилов – Бабата – 45 години; 10. Марија Пандилова – 10 години; 11. Лазар Коставичин – 11 години;  12. Доста Лазова – 50 години и 13. Хусеин Абдулах Керим – 50 години

Елена Готева од Зелениче подоцна ќе раскажува: “Оваа свадба беше народна свадба. На свадбата немаше комити, ниту еден комита. Сите беа мирни селани. Во нашето село немаше ниту еден Грк. Имаше само пат гркомански куќи, кои добиваа пари од грчкиот епископ Германос Каравангелис од Костур. Грчките андарти не убиваа за да се уплашиме и да кажеме дека сме Грци…“

Во тоа време членот на Македонската револуционерна организација Георги Поп Христов бил во Екши Су и дознал за нападот врз селото Зелениче. Тој, заедно со други претставници на МРО, решиле да ги зајакнат селските милиции и им наредиле на сите села да бидат заштитени и да ги напаѓаат андартските чети ако ги видат.

Меѓутоа, бројот на грчките чети набрзо се зголемил, најмногу со наемници од Крит. Во текот на 1905 година, во Битолскиот вилает дејствувале од 800 до 1000 души, а нападите продолжиле да се зголемуваат во наредните години. Само во нападите на село Загоричани на 25 март 1905 год, како и за време на нападот на втората крвава свадба во село Неволјани во октомври 1905 год., биле убиени околу 110 Македонци. Потоа нападите се прошириле и во сите делови на јужна и централна Македонија, каде грчката вооружена пропаганда се однесувала се пожестоко и поагресивно кон мирното македонско селско население.

Односот на Грција кон македонското население никогаш не се променил. Со децении Македонците биле изложени од страна на Грција на закани, уцени, терор, протерувања и вршење на етнички геноцид, но никогаш не успеале да го скршат македонскиот народ.

Изминаа 113 години од крвавата свадба во леринското село Зеленич, а македонското прашање сеуште останува отворено. Како и во минатото, така и денес Атина бара македонскиот народ да го смени името, идентитет, историја… . Но дали мисли дека можат да се заборават имињата на жртвите на нивната геноцидна политика. Секако не! Се додека македонскиот народ не биде признат од Грците, тие вечно ќе бидат втиснати во нивната меморија без разлика колку и да се менуваат историските учебници, без разлика колку и да се уништуваат македонските споменици под диктат на актуелната политика.

Македонска нација

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top