Среда, 14 Февруари 2018   
Грчката вооружена пропаганда започнува пред Илинденското востание

Macedonian Greeks Bitola Mariovo Rakovo

„Идејата да се поддржи грчкото пропангандно дело во Македонија и преку вооружена сила се роди во Грција уште пред востанието. Во текот на 1901 година грчкиот политичар Карталис, пратеник од Волос и близок пријател на Д(имитриос). Калопотакис, виден новинар и главен редактор на весникот "Емброс", го обиколи Битолскиот вилает и изнесе во споменатиот весник впечатоци од посетената област. Во неговите записи се протурка мислата дека “бугарите“, покрај своите добро уредени училишта, развиват во Македонија и една "повозвишена родољубива дејност", која одговара на аспирациите и потребите на месното население и со која тие ги оставиле далеку зад себе Грците, посветени само на духовната и културна пропаганда. Во тоа време во Леринско дејствуваше како апостол-револуционер и организатор, Марко војвода. Карталис слушал од своите сонародници во Битола и Лерин за неверојатната харизма на овој поранешен бугарски подофицер меѓу месното население и за неговата фактичка власт. Пишувајќи за бугарскиот војвода, тој не ја криеше зависта и жалоста зашто направеното од Марко не е уште порано сторено од некој грчки офицер. -  пишува Христо Силјанов за почетоците на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“, македонскиот револуционер Христо Силјанов укажува дека грчката вооружена пропаганда започнала да дејствува во Македонија пред Илинденското востание во 1903 година. Идејата за да влезат грчки вооружени чети на територијата во Македонија, грчките националисти ја развиваат по затварањето на Критското прашање. Имено, по востанието во 1897 г., под влијание на големите сили, на островот Крит се формира независна критска република, која десет години потоа се присоединува со Грција. Христо Силјанов  укажувајќи на пишувањата на грчкиот новинар Калопотакис како на зародиш на идејата на територијата на Македонија да започне вооружена пропаганда вели:

„Тоа беа првите објективни осветлувања за дејноста на Револуционерната организација и поминаа речиси незабележано за пошироката грчка публика, навикната од пишувањата на печатот да гледа во македонските револуционери обични разбојници, испраќани од Софија исклучиво за да ги тероризираат и истребуваат грчките духовни и просветни дејци. Сепак, во весникот "Емброс", како и во други органи на атинскиот печат - "Акрополис", "Асти", "Скрип" и др. - откровенијата на Карталис беа следени од засилена кампања за заштита на елинизмот во Македонија. Со идејата за вооружени акција, организирана по примерот и како противтежа на ТМОРО, започнува да се занимаваат (елинистичките – н.з.) "македонските организации" во грчката престолнина - "Елинизмос", "Македоникос Силогос", разните емигрантски друштва и др. Со особено внимание и жар таа се разгледува во кружокот на поранешниот министер Стефанос Драгумис, познат државник, родум од Богоцко, грчко село на југо-исток од Костур. Јатката на кружот ја сочинуваат браќата, синовите и зетовите на Драгумис, луѓе со видна општествена положба.

Меѓутоа, самата грчка влада се однесува премногу резервирано за оваа идеја ограничувајќи се од време на време да испрати протестни ноти против "комитските насилства" над беспомошниот елинизам во Македонија. Сеуште во сеќавањето постоеше несреќниот случај со „Етники Етерија“ и се штитеше од авантури. Основана во 1894 година, со цел "да ги собере во една држава целото грчко племе", "Етерија" успеа за премногу кратко време да втурне земјата боса во војна против Турција за присоединување на Крит. По тесалискиот масакр во 1897 година, владата побрза да ја растури (по добивањето независност на Крит – н.з).

Сепак, поактивните членови на растурената организација, основаа друга, која под името "Стрелачко друштво" ("Скопевтики Етерија") се зафати да им даде борбена подготовка на младината, наградувајќи ги најдобрите стрелци со пофалби и други награди. Сред настанатото безнадежие во земјата, активистите од поранешната "Етники Етерија" и од "Стрелачкото друштво", како и некои од редот младите активни офицери, беа првите кои го кренаа гласот за будење на народниот дух. И бидејќи критското прашање беше веќе привремено ликвидирано со назначувањето на принцот Георги за управител на автономниот остров, пропагандистите на подемот ги насочија погледите кон Македонија.“

Оваа идеја на новинарот Калапотакис, како што пишува Силканов,  им станала блиска на богатиот банкар Сароглус, Јон Драгумис, офицерите Павлос Мелас, Кондулис, Г. Цонтос, Катехакис, К. Мазаракис и др.  Во1902 година Калапотакис застанал на чело на преобразениот "Македонски комитет", а кон крајот на истата година Јон Драгумис, син на стариот Стефанос Драгумис, заминал во Битола како секретар на тамошниот грчки конзулат.  Во тесна соработка со комитетските средини и со артилерискиот потпоручник Павлос Мелас кој е женет за неговата сестра, Јон Драгумис ја испитува ситуацијата во внатрешноста и ги положува основите на организацијата наречена "Одбрана" (Амина). Целта на организацијата е: "да ги штити грчките општини против секакви непријатели". Силјанов посочува  дека Јон Драгумис не е само првиот организатор на тајниот грчки комитет, но еден од првите идеолози на вооружената алција против Македонската револуционерна организација во Македонија.

Укажувајќи на основите водилки на андартската акција во Македонија, кои подоцна ќе остават крвав белег на територијата на Македонија, Силјанов ќе забележи:

„Во својата книга "Крв на маченици и на херои", напишана со живописен емотивен јазик, но инспирирана со нечовечка невистина кон (македонските револуционери), Јон Драгумис ја повикува смелоста на Василиј Бугароубиец и се поклонува пред неговата метода, но сака нејзината примена да биде на начин "похуман" и истовремено "попрактичен": "Василиј, наместо да ослепи толку луѓе, нешто варварско, ќе направеше подобро, ако ги убиеше сите. Така ем тие луѓе немаше да се измачуваат - живи ослепени, ем бројот на “бугарите“ во светот ќе беше одеднаш помал со 15.000 луѓе - нешто корисно", Македонија, класичната грчка земја населена "со Грци кои си го изгубиле јазикот", земја во која "градовите се грчки, т. е. цивилизацијата нејзина е грчка, историјата, земјата просторите нејзини и се грчки", има да се одвои не од Турците, туку од “бугарите“. - "Во минатото Грците ги имаа за непријатели Турците; а во идните години ќе ги имаат за непријатели “Бугарите“ ". "Почнува се одново и ќе продолжи во уште пострашна форма отколку некогаш, дивата војна од византиските времиња, и разни Василиевци ќе крстосуваат ... земјата и ќе ги бркаат “Бугарите“ по планините, пештерите, по селата и по горите и ќе ги прогонат или ќе ги убијат".

Но со крајната цел – освојувањето на Македонија, авторот гледа во проповеданиот крстоносен поход против “бугарите“ и средство за преродба на грчкиот национален дух, паднат и обезвреден после воениот погром од 1897 година: "Македонија ќе нè спаси од нечистотијата, во која тонеме, ќе нè спаси од просечноста и од мртвилото, ќе ни избави од срамнта поспаност, ќе нè ослободи. Ако успееме да ја спасиме, ние ќе бидеме спасените". А спасението е во вооружената борба: "Треба да формираат чети, инаку сме изгубени".

Подготовките и влегувањето на четите на грчката вооружена пропаганда во Македонија започнуваат уште пред почетокот на Востанието. Силјанов во своето дело ќе напише:

„Уште во пролетта на 1903 година П. Мелас, Г. Цонтос К. Мазаракис и др. регрутираат андарти во Грција. Тие испратија и неколку момчиња во Македонија. Еден од нив, Георгиос Перос, легално обиколува повеќе центри во Југозападна Македонија и ги пренесува писмените и усни препораки на Мелас до разни членови на "Одбраната", а потоа се враќа во Атина и му носи на Мелас многу писма од Македонија.

Во внатрешноста човекот кој не само што ги сподели разбирањата на младиот Драгумис, но и се погрижува уште од порано да се снабди со андартски чети, е костурскиот митрополит Германос Каравангелис. Тој има на располагање еден гркоман, на име Вангел, од село Сребрено, некогашен арамија кој е сега на служба кај Турците како потерџија. Вангел со една мала чета, составена од неколку негови роднини и соселани-гркомани, учествува, заедно со војската, во следењето на (македонските – н.з) чети, за што е и осуден од Организацијата на смрт. Костурскиот владика и Јон Драгумис бараат од Грција десет одбрани момчиња, за да ја засилат четата на Вангел. Во втората половина на јуни 1903 година бараните момчиња избрани и вооружени од Цонтос и од Мелас, се наоѓаат веќе во Костурско - во Чуриловския монастир "Св. Никола", од каде што Вангел го презема. Сите се од Крит. Меѓу нив е и Ефтимиос Каудис, кој подоцна стана андартски капетан.

Последователна дејност на оваа прва андартски чета е опишана од Стаматис Раптис, еден од многуте грчки автори, во чии дела ние ја следиме историјата на грчкото четничко движење во Македонија. Четата која засилена со други гркомани и потераџии стигнала до 24 лица, ги започнува веќе своите "казнени" акција против “бугарите“ и тоа во тесна соработка со Турците.

... Митрополитот Каравангелис се сретна слободно со андартската чета и тоа во присуството на турски војници. На 28 јуни (се наоѓаме сеуште пред востанието) митрополитот, придружен од 27 војници Арнаути, под предводени од чаушите Рустем-бег и Шефкет-ага, пристигнуваат во с. Елеово. Капетанот Вангел дознал и веднаш дошол со својата чета во истото село. Таму "Одмаздници" присуствуваат на литургијата што ја отслужи митрополитот. Митрополитот потоа ја продолжил обиколката "учејќи го и просветувајќи го своето патство во вистината". И во текот на летото за цело време на патувањето четата на Вангел го придружува "тајно", без да се оддели од него.

На 24 јули - востанието е веќе најавено - еден одред од 400 војници заминал кон Клисура за да нападне една комитска чета од 500 и повеќе (Македонци- н.з). "Елино-Македонците" потоа на извесно растојание ја следеа војската. Меѓу Маврово и Горници офицерите се спречкале меѓу себе и се вратиле назад. "Меѓутоа одмазниците, заедно со ним познатите од обиколката на Костурскиот митрополит Албанци-чауши Рустем и Шефкет, придружувани само од четири војници, продолжиле на патот кон Клисура". И тие стигнале на 300 чекори од позициите на (македонските револуционери – н.з). "Војниците штом видоа дека  (Македонците –н.з) се близу дваесет пати повеќе и сместени на силни позиции, побараа од чаушите да се повлечат од ова опасно место. Но, Рустем и Шефет не прифатија да остапат." Тие им рекоа на војниците: „Одете си вие, кукавици, а ние ќе останеме со паликарите, белки ќе направиме нешто“.

.. Истата чета на Вангел и критјаните го придружуваа кон крајот на востанието Костурскиот митрополит во неговите обиколки по опожарените села, за да ги убедува да поминат под Патријаршијата. После востанието Вангел останува со месните луѓе, а критјаните се вратиле во Грција.“

Од кажаното до тука, како што вели Силјанов, се утврдува на еден несомнен начин дека андартски акција е замислена, подготвена и почнала да се спроведува пред Илинденското востание.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.