|
|
Заборавени искуства, нови опасности! |
Во поново време бевме сведоци како во најголем дел со Соросови пари преку невладиниот сектор, медиумите и социјалните мрежи, се одвиваше пропагандата за сменување на една од најуспешните влади од осамостојување на Македонија, која ја зајакна економијата и ја намали за околу 20 % невработеноста во земјата. Парите како средство за остварување на цели не е нов изум. Овој метод се користи уште пред Илинденското востание и пред да започни вооружената пропаганда во Македонија. Во 19 и почетокот на 20 век, тешката состојба на Отоманската империја им овозможила продор и вкоренување на странските пропаганди на територијата на Македонија. Нивното дејствување во овој период било главна причина што Македонците последни создале своја држава. Во овој период на територијата на Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди како што се грчката, бугарската, српската и романската. Истовремено со нив дејствувале и верските пропаганди како што се католичката и протестанската. Освен верските, сите други имале асимилаторски карактер. Сите горенаведени држави не почитувајќи ја вољата на македонскиот не бираа и не жалеа средства за да ги остварат своите цели во Македонија, вклучувајќи ја и вооружената пропаганда која станува поизразита по Илинденското востание. Меѓу последните земји кои вклучиле да дејствуваат во Македонија била Романската пропаганда. Иако незначителна сепак таа станува пречка за аспирациите на другите претенденти кон македонската територија. Согледувајќи ја опасноста по интересите на Србија, српските медиуми отворено ќе реагираат по намерата Романија да отвори банка во Солун. Во текстот под наслов „Нова опасност“ објавен на 07.03.1905 година во белгрдска „Политика“, авторот се осврнува на политичкото значење за отворените Банки во Солун. Во овој текст непотпишаниот автор меѓудругото ќе напише: „Вчера соопштивме дека пред романскиот парламент се наоѓа законски предлог за основање на една повластена романска банка во Солун. На прв поглед тоа изгледа сосема невина работа, која нема значење за нас. Банки се формираат насекаде во светот, па и Романците нека основаат свои каде сакаат, во Солун или на друго место, тоа не се однесува на нас. Меѓутоа, тоа не е баш така. Формирањето на романска банка во Солун очигледно има политичко значење. Таа нема да биде банка исклучиво за работа која на акционерите ќе им носи добра дивидентата и ништо повеќе. Таа напротив има исклучиво посебна цел. Таа ќе се занимава со есконтовање на меници (краткорочен кредит до 3 месеци) за романските трговци и банкари во Македонија, давање на позајмици на земјоделски и индустриски производи, особено за волнената индустрија, која кај Куцовласите е силно развиена. Потоа ќе дава позајмици на поголеми сточари, ќе прима штедни влогови и ќе работи на развивање на трговските односи помеѓу Македонија и Романија, олеснувајќи и осигурувајќи ги бизнисите меѓу купувачите и продавачите во двете земји. Со еден збор министерот за финансии Јонеску, кој денес спаѓа во најмоќните луѓе и во најголемите патриоти, сака да ја помогне романската пропаганда во Македонија. Неговиот предлог бес сомневање ќе биде едногласно прифатен во парламентот – таму патриотските работи се решаваат едногласно – и така романската солунска банка за месец дена ќе почни да работи. Меѓутоа таа романска банка нема да биде единствена банка во Солун со национална задача. Грците многу одамна почнаа на тој начин да ја потпомагаат својата национална пропаганда. Митиленската банка, со седиште во Митилени, отвори уште пред неколку години своја филијала во Солун, а пред два месеци формирана е нова Грчко-Германска Банка, со капитал од 15 милиони динари. Но и тоа не е се. Од 1 јануари оваа година во Скопје е отворена филијала на „Будимпештанско анонимно трговско друштво“, која исто така е основана од чисто политички причини. За чии интереси таа ќе работи, нема потреба посебно да се истакнува. Како што се гледа Австрија, Грција и Романија формираат финансиски институции во Македонија за да на тој начин ја поддржат својата пропаганда во тие краеви. Бугарите уште не почнале да работат, но, тие и така многу и истрајно работат, да овој мирољубив начин не им е ни потребен. Важноста на овие финансиски институции е многу голема, бидејќи кај македонското население сега владее најголем недостаток на средства. Поради востанието и поради неродната година парите станаа ретки и скапи. Со двање на кредити на подолг рок на населението може најдобро да му се помогне да излезе од сиромаштијата. Очигледно е дека банките ќе им даваат кредити само на оние лица чии национални интереси сакаат да ги поддржуваат. Грчката банка ќе му даде на Гркот, Романската на Романците, австриската на сите кој ќе прифатат да им служат, а на Србите никој нема да им даде. Навистина и ние некогаш за тоа размислувавме, дури и нешто се обидувавме, но, ништо не направивме. Во 1898 година пок. Коста Таушановиќ, кој секогаш имал добри идеи, сакаше да формира во Солун филијала на „Белградската задруга“. Поради тоа тој замина во Солун, но не можеше да добие одобрување од турските власти. Потоа замина и во Истанбул, но и тука ништо не можеше да направи бидејќи не беше доволно поддржан од нашата влада. Така тој план беше напуштен и никој потоа не размислуваше за него. Првиот неуспех, а ние секаде имаме неуспеси, каде другите успеваат, направи подоцна ништо да не се презема во тој правец. Како сега добро би ни дошла една таква банка! Таа би била сега позната, работата би била организирана и разработена, а благотворното влијание веќе одамна би се чуствувало. Вака сега ништо не ни преостанува, туку да одиме по други туѓи чекори, како што веќе инаку работиме во Македонија. Ние секогаш стигаме подоцна, после сите други. Меѓутоа, подобро некогаш отколу никогаш. Ние во Белград имаме толку финансиски и силни заводи, па ќе се најде некој кој ќе може да отвори филијала во тамошните наши краеви. Тоа на прво место е должност на „Народна банка“ и „Белградската задруга“. А доколку турските власти повторно не им дозволат, тогаш таква филијала може да се отвори под фирма на некое приватно лице како што Грците веќе порано го направиле и како што и денес го работат.  Време не смее да се губи. Работата е многу итна.“ На ваквото пропагандно делување македонскиот народ одговори со задоцнување. Првата иницијатива за формирање на Македонска народна банка во Софија од страна на македонската емиграција била замислено уште пред 1908 година при создавањето на Сојузот на македонски конституциони клубови во Солун. Сепак идејата била реализирана пред 1929 година. Основниот капитал на банката изнесувал 32.000.000 лева распределени во 64.000 акции секоја по 500 лева, а веќе наредната 1930 година Македонската народна банка тој влог бил зголемен на 40.000,000 лева. Истата година таа отвори четири филијали во: Св. Врач (денес Сандански), Петрич, Неврокоп (денес Гоце Делчев) и Горна Џумаја (денес Благоевград). Претседател бил најпрвин, Иван Караџулов до 1930, а потоа Д-р.Петар Џидров, додека потпретседатели биле Крум Чепраников, Борис Антонов, Христо Станишев, Аврам Чаловски и др.. Сепак ваквиот развој беше задоцнет, зошто уште во 1913 година Македонија беше поделена. Ова се заборавени искуства, кои донесоа нови опасности. Доколку малку повеќе се внимаваше на делувањето на невладиниот сектор каде се сливаа големи суми на пари, Македонија немаше да биде доведена сега во состјба во која поединци вршат трговија со името, како да продаваат пиперки и патлиџани. Македонска нација |