|
|
Андартите ја преувеличуваат историјата на своето движење во Македонија! |
Лука Иванов (Панаѓуриште, 14.VII 1867 – Сборско, 25.VIII 1906) бил бугарски офицер и револуционер, воденски војвода на Македонската револуционерна организација. Привлечен од Организацијата тој учествувал во Илинденското востание во 1903 година и како воденски војвода учествувал во многу други битки со турскиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда по востанието. На 16 август 1906 година (ст.стил) кон неговата чета се приклучил американскиот новинар и публицист Алберт Сониксен, кој своите искуства ќе ги објави во својата книга „Исповед не еден македонски четник“. Војвода Иванов, кој верен кон Македонската револуционерна организацијата и моќен фактор за остварување на нејзиниот идеал, бил предаден и убиен од андартските чети во август 1906 година. Неговото убиство преставува уште „една типична епизода на огромната загуба на интелигентната македонска младина "(" Исповед ... ", стр. 146). Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов, во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“, повикувајќи на пишувањето на Сониксен и на други извори, за значењето на убиството на Иванов пишува: „По долгата обиколка низ западна Македонија, Сониксен се најде во месец септември повторно во Воденско. Тука го нашол својот омилен комита Тодор, секогаш весел и хумористично настроен другар на Лука, остарен од преживеаните маки и од тага: Тодор и воденските четници сè уште не го исплакаа својот загинат војвода. Американецот кој ги зачува најдобрите спомени од двомесечното другарување со Лука по планините и Блатото, братски ја сподели нивната тага. Во лицето на воденскиот војвода, тој беше навикнат да види совршен пример за добар човек и македонски револуционер. Воденско сега му изгледаше мрачно. Лука Иванов кој излегувал неповреден од многу битки, загинал во околности што не му дозволиле да ги покаже своите војнички квалитети како офицер и искусен војвода. Тој станал жртва на преголемата доверба во Каракачаните (зборуваат расипан грчкиот јазик, се занимаваат исклучиво со сточарството и се разликуваат од другите Куцовласи – з.з.), кои, поставени меѓу два огна, им служеле и на комитите и на андартите, но повеќе ги симпатизира вторите, прито искусно прикривајќи ги своите врски со нив. Откако договорил средба со Апостол во областа околу Сборско, Лука го известил кехајата Гулито дека ќе го посети во Баовските колиби. Каракачаните ја пречекаа четата пољубезно од било кој друг пат и ја нагостија богато со изобилство вино. Лука не се сомневал дека му е поставена стапица. Кон полноќ, по долга веселба и песни, четниците заминаа да спијат, распределени во три колиби. Неколку пати Каракачаните влегоа во колибата на војводата наводно за да надгледуваат огнот. Околу три часот по полноќ, една андартска група почека да задрема стражарот, по што ги нападна заспаните луѓе во колибата на војводата. Понатаму, еве што четникот на Лука - Вангел Д. Кацарски вели: "Од истрелите на пушките ние, четниците од другите колиби, се разбудивме и, со пушки во раце, се упативме кон колибата на војводата. Грците ги избркавме, но кога влеговме во колибата, ги најдовме сите наши другари убиени, а војводата беше тешко ранет. Откако го прибравме оружјето на нашите загинати другари и го зедовме на раце повредениот војвода, на излез од колибата, близу до една пољанка, забележавме како нешто се црнее. Јас извикав, кој е и бидејќи не се јави, испукав пет истрели и се упатив во тој правец. Се покажа дека е човечки труп. Јас го пребарав и му ја зедов пушката, револверот и чантата. Потоа од документи се покажа дека тоа бил трупот на војводата на андартската чета. Во торбата, освен разни документи, најдовме и 470 турски лири. Откако одевме неколку часа, останавме да денуваме близу до селото Сборско. До 11 часот попладне, војводата почина. Го повикавме селскиот раководител и заедно со претставници на селото ги погребавме останките на нашиот омилен војвода". Меѓу загинатите во колибата на војводата беше и храбриот подвојвода Караташо (Кара Ташо) кој често и сам предводеше чета во Воденско. Ударот врз Организацијата беше претежок. Загубата на Лука се покажа ненадомеслива за регионот на Воден. Во целата андартски акција таа беше, можеби, најкрупната грчка придобивка против вооружените (Македонци – н.з), иако беше платена со главата на андартскиот капетан. Фактот дека андартите се послужија со предавството на каракачаните за да ги фатат непријателот на сон, не го намалува значењето на нивната придобивка и на (македонската – н.з.) загуба. Убиството на Лука Иванов, андартите ќе го искористат за својата пропаганда, притоа величејќи ја андартската акција и својата лична улога во неа. Така некогашниот "капетан Акритас" подоцна генерал Кнстантинос Мазаракис во своето дело (стр. 51) "1903-1906" ( "Македонска борба", 1903-1908) - Атина 1937, дава спомени за организирањето на андартски акција, истакнувајќи ги главно сопствените подвизи и заслуги. Тој не се одликува со кромност, па вели: "моите чести инвазии и легендата која се создаде околу моето име "капетан Акритас", ја крена на нозе турската власт. Вонредни возови со војска пристигнуваа редовно во Воден, Негуш, Бер. Мојата глава е проценета на 1.000 лири. . . " (Стр. 51) и се така во овој стил. По повод пишувањето на генерал Кнстантинос Мазаракис и како Грците пишувале за убиството на Иванов , Силјанов во своето дело ќе забележи: „Сепак, не е неинтересно да се знае како Грците ја користеле несреќата во Баовските колиби за да ја украсат историјата на андартството со уште една друга херојска легенда. Убиениот андартски капетан, за кого зборува Кацарски, е Костас Гарефас. Познатиот капетан Акритас (тогаш поручник, а сега генерал К. Мазаракис Енион), претпоставен началник на убиениот Гарифис, го кажува за последниот и за нападот што го извршил следното: "Кога го испратив за началник, тој си постави за задача да ги гони и да го убие со свои раце, двајца од најголемите (македонски – н.з) војводи, Лука и Караташо. Тој тргна да ги брка до самото нивно скривалиште по високите врвови на Мариово. И успеа. Откако ги нашол, тој не им дал на другите да ја пожнеаат таа чест. Тој ги опколил каракачанските колиби, близу до Градешница (б. н.) влегол сам во колибите и ги убил со свои раце и двајцата (Македонци – н.з), со гигантски пропорции на телото. Еден куршум на мој соборец и предан пријател го погоди додека бегаше (Македонецот – н.з) во стомакот и издивна на место. Приказната на грчкиот генерал е фантастична и е спротивна на фактичките податоци. Од некомпететност или од други причини, нападната беше непосредно само војводската колиба, па Гарефис не можел да снова "сам" од колиба во колиба, за да ги отстрани со свои раце двете свои поставени жртви. "Џиновските тела" на двајцата (македонски – н.з) војводи не го возвеличува подвигот на Гарефис, зашто немало борба, туку тој застрела луѓе кои спокојно спиеја. Од куршумот на Гарефис или од некој друг андарт бил ранет – но не и убиен – Лука... Лука умрел од раните и преживеал многу часови по убиството на грчкиот капетан. Нападот траел премногу кратко, зашто андартите, уште при првите истрели на момчињата од нападнатите колиби, го напиштиле местото, без да го приберат трупот на претпоставениот..., или барем оружјето, чантата и лирите. Најпосле да додадам дека Лука и Караташо никогаш не бегале пред некаков Гарефис, туку спротивно, секогаш бараа средба со андарти. За тоа сведочи и Сониксен за однесувањето на Лука. Казната на Гулито и неговиот помошник за предавството не задоцни. Четниците на Лука и милицијата, предводени од десетарот Колиман, ги нападнаа живеалиштата Каракачаните и уништија се живо на кое наидоа.“ – пишува Силјанов. (продолжува) Подготвил Т. Каранфилов |