Среда, 02 Мај 2018   
Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност

Balkan federation

Д. Чуповски – „Балканската Федеративна Демократска Република“

„Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност, но таа предавнички, неправедно беше раскината од злосторниот шовинизам и од алчноста на крвавите династии на државите што ја опкружуваат. Резултатите од овој беспримерен грабеж во историјата предизвикаа не само заемно истребување на балканските народи, но потоа и досега невидената светска војна... Ние, Македонците, настрадани повеќе од кој и да е друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги заборавите минатите расправии, да се обедините и да се приклучите кон нашата општобалканска револуционерна програма за заедничка упорна борба и за создавање Балканска Федеративна Демократска Република. – се посочува во воведот на Програмата на Македонскиот револуционерен комитет од Петроград,

Во март 1917 година Македонското научно-литературно другарство во Петроград (Санкт Петербург) ќе премине во нова форма на својата работа. Од негова средина, по фебруарската револуција во Русија, беше формиран Македонскиот револуционерен комитет, на чело со Димитрија Чуповски. Меѓу дејците на Македонскиот револуционерен комитет, покрај Чуповски се наоѓаат имињата на Гаврил Константиновиќ (с. Смрдеш, Костурско), Глигор Угриновски (Кичевско), Антон Мирчев - Пешковски (с. Тресонче, Гостиварско) учесник во Октомвриската револуција и близок соработник В. И. Ленин и К. Раковски, и други.

Согледувајќи ги последиците на Балканските војни со која Македонија беше поделена на три дела, како и последиците од Првата светска војна, Македонскиот револуционерен комитет се залага за обединување на Македонија и за создавање на Балканската Федеративна Демократска Република (БФДР). Според програмата на Македонскиот комитет, во составот на Балканската федерација би влегле следниве републики: Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Тракија.

Димитрија Павле - Чуповски од името на Македонскиот револуционерен комитет ја составува програмата под наслов „Балканската Федеративна Демократска Република". Во оваа Програма од 18 јуни 1917 година, која ја објавуваме во целост стои:

„Балканот за балканските народи. Полно самоопределување на секоја нација.

Сегашнава светска војна на многу поробени народи им носи слобода и самоопределување. Македонија со векови се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независност, но таа предавнички, неправедно беше раскината од злосторниот шовинизам и од алчноста на крвавите династии на државите што ја опкружуваат. Резултатите од овој беспримерен грабеж во историјата предизвикаа не само заемно истребување на балканските народи, но потоа и досега невидената светска војна. Сега, кога големиот дел од Балканскиот Полуостров е во урнатини, а остатоците од неговите народи се наоѓаат под тешко австро-германско ропство, ние, Македонците, настрадани повеќе од кој и да е друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги заборавите минатите расправии, да се обедините и да се приклучите кон нашата општобалканска револуционерна програма за заедничка упорна борба и за создавање Балканска Федеративна Демократска Република.

Програмата на нашиот Револуционерен комитет се состои од следниве основни пунктови:

I.  Сите балкански народи се должни да ги урнат постојните династии и да воведат кај себе републикански начин на управување.

2.  Секоја балканска република во својот внатрешен живот треба да биде наполно самостојна.

3.  Сите балкански републики составуваат една општа Балканска Федеративна Демократска Република.

4.  Во составот на Балканската Федеративна Демократска Република влегуваат следниве републики: Македонската, Албанската, Црно-горската, Грчката, Српската, Бугарската, Хрватската, Босанско-Херцеговинската, Словенечката и Тракиската.

5.  Самостојни републики  на Балканот се признаваат не само едноплеменските држави, туку и оние области, со мешано население, чиишто животни интереси тесно се поврзани со географските, историските, политичките и културно-економските услови.

6.  Во републиките со мешано население можат да се образуваат автономни окрузи и општини, каде што секоја народност ќе има полна слобода на родниот јазик, верата и обичаите.

7.  Официјален јазик на секоја одделна република е јазикот на мнозинството.

8.  Секоја одделна република испраќа свои ополномоштени народни пратеници во општиот Сојузен парламент на Балканската Федеративна Демократска Република.

9.  Од составот на ополномоштените народни пратеници се формира Сојузна влада и Совет што го заменува претседателот на Федеративната Република.

10. Во составот на Сојузната влада и во Советот влегуваат еднаков број лица од секоја република-федерација.

I1.  Федеративната влада и Советот ги раководат сите општофедеративни внатрешни и надворешни меѓународни работи на Балканската Република.“

Програмата на Македонскиот револуционерен комитет од Петроград била спротивна на интересите на владеачките куќи во Србија, Бугарија и Грција. Иако оваа идеја не се спроведе, сепак на Балканот дојде до создавање на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Но, во оваа балканска држава создадена по Првата светска војна не влегоа Бугарија, Грција и Албанија, кои во 1913 година меѓусебе ја поделија територијата на Македонија. Со мировните договори по Првата светска војна беше потврдена поделбата на Македонија, а Македонците во сите окупирани делови останаа без никакви права.

Дури по Втората светска војна делумно беше остварена Програмата на Македонскиот револуционерен комитет од Петроград со создавањето на Југословенаката федерација. Дури по војната имаше големи изгледи кон ова федерација да се приклучат Албанија и Бугарија, Меѓутоа, користејќи ги поделеноста и различните интереси на балканските народи, големите европски сили, кои денес се обединети во ЕУ не дозволија создавање на Балканска федерација. Во овие игри повторно клучно место имаше Македонија, заради која се водеа Првата и Втората Балканска војна, но беше и една од главните причини за Првата светска војна.

Денес, дел од овие балкански држави се членки на ЕУ и НАТО, а дел се обидуваат да станат дел од тоа семејство. Меѓутоа, поради истите причини како во минатото, тие се разединети, раскарани и пиончиња во рацете на големите сили.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.