Среда, 23 Мај 2018   
Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата!

obligaciq 2

По Првата светска војна (1914 - 1918), со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија на 27 ноември 1919 година во Неј била во истото време склучена и Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малиинствата. За ова прашање дискутирал „Комитетот за нови држави" и се согласил да се донесе ваква Конвенција за реципрочна емиграција на населението помеѓу Грција и Бугарија. Таа е извршена за сметка на македонскиот народ во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

Оваа конвенција наречена „Конвенција меѓу Бугарија и Грција за замена и доброволна емиграција на малцинставата“ е објавена во тогашните владини весници на Грција и Бугарија., Од Конвенцијата, која била ратифицирана на 4 октомври 1920 година, ви пренесуваме изводи:

“Согласно со уредбата, предвидена во чл. 56, став 2, од Договорот за мир со Бугарија, склучен на 27 ноември 1919 година и усогласено со решението на Сојузените и Здружените Големи Сили од 27 ноември 1919 година, кое гласи:

„Со оглед на чл. 56, став 2 од Мировниот договор во Бугарија, Сојузените и Здружените Големи Сили сметаа за навремено дека заемната и доброволната емиграција на етничките малцинства по вера и јазик во Грција и Бугарија да биде установена со една конвенција, склучена помеѓу тие две Сили под услови установени на денешен ден."

Потпишаните полномошници на Грција, од една страна, и на Бугарија, од друга, откако ги разменија полномоштијата, се согласија за следниве уредби:

Член 1

Високите земји договорнички им го признаваат на своите поданици од етничките малцинства, по вера или јазик, правото да се иселат слободно во нивните соодветни територии.

Член2

Високите земји договорнички се задолжуваат да го применат правото предвидено во чл. 1 и да не пречат, ниту директно ниту индиректно, во слободата на иселувањето, и покрај противните закони или наредби, кои во тој однос ќе се сметаат за обессилени. Со примената на правото на иселување не ќе ги накрнуваат имотните права на преселениците, така што тие права постојат во моментот на иселувањето.

Член5

... Иселениците го губат поданството на земјата, што ја напуштаат, уште од моментот на отпатувањето и добиваат поданство на земјата, во која заминуваат, со самото пристигнување во оваа земја.

Член 16

... Во рок од една година по влегувањето во сила, кон оваа конвенција ќе можат да се присоединат државите кои имаат заедничка граница со една од земјите што ја потпишале оваа конвенција... (Б. Кесаков, Принос., стр. 84-87).

Конвенцијата содржи 16 члена и е потпишана од премиерот на Грција Елефтериос Венизелос и министерот за надворешни работи на Грција Николаос Политис, од една страна и премиерот на Бугарија и министер за надворешни работи, Александар Стамболиски од друга страна.

И покрај сите притисоци на грчката вооружена пропаганда и големите иселувања на Македонците од Егејска Македонија за време на балканските војни и поделбата на Македонија во 1913 година, по Првата светска војна македонскиот народ се уште бил доминантен во Егејска Македонија.

За да се ослободи од македонскиот народ кој беше доминантен во Егејскиот дел на Македонија, Грција во согласност на сојузниците, на поразената Бугарија и наметна Конвенција, која предвидуваше наводно „добоволнa“ размена на населенијата помеѓу Бугарија и Грција. Ова намерно наметнување имаше за цел да го озакони принудното иселување на Македонци од Егејска Македонија во Бугарија.

Од друга страна, и на победената Бугарија и одговараше ваквиот развој на настаните, бидејќи и самата сакаше на сметка на Македонци да се ослободи од грчкото население што живееше во тогашна Бугарија, посебно во Пловдив и околината, како и во црноморските градови и села.

За да се спроведе „доброволната“ размена на населението беше предвидена и гарантирана оштета за нивниот недвижен имот. Во септември 1920 година беше именувана специјална комисија именувана како Грчко-бугарска комисија на Советот на друштвото на народите.

Меѓутоа, оваа конвенција во пракса не даде резултати. Во текот на три години комисијата увиде дека ниту Македонците и Тракијците кои беа во рамките на грчката држава, ниту Грците кои биле во рамките на Бугарија, не сакаат доброволно да се иселат од своите домови. До 1923 година во двата правца едвај биле иселени 800 лица, од кои една третина биле Македонците.

До помасовно иселување доаѓа по Грчко-турската војна (1919 – 1922), во која Турција како победник го наметна Договорот од Лозана во 1923 година. Овој договор предвидуваше принудно иселување на христијаните од Турција во Грција, и на муслиманите од Грција во Турција. Исклучок беа само христијаните во Цариград и муслиманите во западниот дел на Тракија.

Протераните Грци од Турција беа населувани во Егејскиот дел на Македонија, додека македонскиот народ под принуда и терор беа протерувани од нивните домови.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојна и за национална држава, Скопје, 1981,  стр. 629)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.