|
|
Брат против брат на Македонскиот фронт за време на ПСВ |
Извадок од книгата „Крпен живот“ од Стале Попов …Дедот Петко Беренџев од Старавина имаше два сина. Едниот на 28, а другиот на 31 година. Токму момци навреме. Во 1914 година беа мобилизирани од Србите и двајцата отидоа на австрискиот фронт. Се бореа што се бореа, Митре ја помина Албанија, а Петрета го заробија Австријците и од Надмеѓар, како „б’лгарин от Македонија” го испратија во Бугарија и по смирувањето на Романија, се најде во II тракиска дивизија на Солунскиот фронт, во синорот на неговото село Старавина — Соколот. Митре, пак, го преброди Крф, излежа еден тифус и се приброја кон IV чета од 21 пешадиски полк на Југословенската дивизија. И каде ќе го пратат неговиот полк на позиција? Се разбира, на Соколот над Старавина. Митре служи во српската војска на Соколот, на доглед на својата куќа, на своето село, а ништо не знае за своите, а уште помалку дека брат му Петре стои против него, на дваесетина триесет метри во бугарските окопи. Секој ден ги гледа Митре познатите долишта и ридишта. нивите и ливадите. Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за евојата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде. А сега? Од сето тоа само сон! Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат. А жените? А децата? Што стана со нив? При оваа помисла на Митрета му идеше да летне од Соколот и да падне на сред село, барем нешто за нив да разбере. Но шумата беше непроодна. Непријателот здраво се зацврстил и немаше изглед дека бргу ќе го напушти овој Митрев свештен крај, неговите ниви, ливади и куќата. Така Митре протурка две години во неиздржлива желба за својата куќа, што ја гледа, а не може да влезе во неа, ниту пак може да разбере барем нешто за своите најмили. Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците. Но токму тие звуци сега му го параа срцето при помисла дека тоа време нема веќе да се врати. А најмногу, што не може ништо да разбере за своите најмили Неда и малиот Петка, кого го остави во лулката. Што стана со него? He знае. Тоа толку го притискаше, та иако имаше одвај триесет годиии, почна да белее. Но немаше каде. Војната траеше. Ниту напред, ниту назад. Барем малку да сакаше да се помрдне фронтот, Митре ќе дојдеше до своето село, до својата куќа. „Малку нашите да мрднат напред, непријателот ќе го напушчи селото и јас ќе си отида дома”, — си мислеше тој, гледајќи од височината во селото. — „Ќе удра секако на некоа трага, било некој селанец ќе затече в село, или од некој заробен војник ќе чуа нешчо”. — Имаше право Митре, бидејќи овие војници што беа спроти него не беа некои други ами неговите селани — мариовци, што ги дотераа Бугарите да се толчат еден спроти друг, како тие со брата си Петрета. Но фронтот не се местеше. Се зацврстиле едните, се зацврстиле другите, и никој своите тврдини не ги напушта. Рикаат топовите, трештат бомбите, но фронтот си стои на истото место. Митре си останува со своите соништа да ја чека општата катастрофа на противничката страна. Петре пак, пред самото влегување во окопите, помина преку своето село Старавина, го виде разурнатото дедово оганиште, упропастените лозја, ливади, исечените кории, та може да се замисли со каква омраза во душата отиде да се бори. И со кого? Co брата си Митрета, за кого веќе домашните дадоа и пченица за душа уште пред две години. Само едно Петре беше посреќен од Митрета, што патема за фронтот, преку Дуње и село Манастир, во Витолишча го најде татка си Петка со невестите и децата кај Илка Сукалов, кој го прибра „од гревот” да им помага на уште малите негови деца Толето и Нешка, оти сега сите Куковци, Дрманчевци, Ѓуровци, Пуцевци и други сиромаси исто така беа војници, та Сукала, Билјарот, Чолакот и другите чорбаџии не можеа да најдат момоци за триста гроша годишно и аргати за три гроша дневно. А нивите беа истите и требаше да се работат за да раѓаат уште повеќе пченица одошто во турско време, оти тогаш таа беше 55—60 гроша, половина лира килото, a сега стана осум па и десет лири, шеснаееет дваесет пати поскала. Од тој „грев” Рожденката го советува мажа си Илка да ги прибере овие погорелци да си прави „себап на душата”. А ќе се сместат во Трајковата, поправо во Нешкината куќа. Зошто пак таа да зее празна? И Илко ја послуша мудрата Дочка и го прибра дедот Петка, си направи „себап на душата”, ама и си осигури три аргати за цели две години. А за дедот Петка и ова добро дојде ота додека многу од истераните селани гладуваа, а некои дури од глад и изумреа, тој имаше барем леб за себе и за внучињата. На Змеица, баш под Соколот, окопите беа одвај на дваесет триесетина метра отстојание едни од други, бидејќи врвот на чуката доминираше на десетина дваесет километра околу, та не смееше ниеден од непријателите да му го пропушти на другиот. Двете војски ги делеше самиот врв — „цуцката” — тако што ја викаат селаните. Тука, на таа цуцка, оставаа Бугарите разни летоци со кои ги покануваа нападените Срби да се предадат и им ветуваа дека ќе ги пуштат да си ги видат невестите и децата. Србите пак разбраа дека Бугарите гладуваат и оставаа по дватри сомуна бел леб од три оки стари и на секој сомун закачуваа на дрвце по едно книжулче на кое пишување: „Со ова ќе победиме”, како едно време што му се сонувало на византискиот цар Костантин Великиот крст и под него исто овој натпис. Некои Бугари пишуваа долги писма и ги навредуваа Србите: како сега се вратиле од Србија и ги виделе нивните невести; со нив јаделе и пиеле, та дури и спиеле; како тие таму кркаат и беснат со Германците и со нив — Бугарите. Се знае ли што не ќе измисли војник во првите бојни редови, чекајќи ја смртта секој момент? Ho по едно време оваа цуцка се претвори во вистинска стапица за војниците од двете страни. Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго. Покрај сомуните, Србите почнаа на „стапицата” да оставаат: конзерви, шеќер, кафе, сапун и друго што имаа во изобилност со разни предизвикувања. Тоа им ја зголеми желбата на противниците, та овие често одеа да ги прибираат овие предмети и да протутнат по некој навистина крвав ден, сите во окопите. И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци” на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање” им се фрлија одзади. Двајцата Митреви другари го налегнаа едниот Гана, а Митре се одвалка со другиот низ стрмната клисура, преграбени преку гради еден со друг, и така како трупје удрија во една стена и застанаа Бугаринот здола, Србинот врз него. Промртка Бугаринот што промртка и кога виде дека овој го притиска изусти едно тажно стенкање на чист македонски говор: — Е, јади ме, де, јади ме, ти падна во рацете! — и ги олабави своите раце од Митревите гради, откажувајќи се од понамошна борба. Митре ги слушна зборовите од „Бугаринот”, го слушна и гласот и за миг се пренесе три години назад и се најде на колибата во Сува Река. Таму тој овој глас го имаше слушано цели дваесет години и еве сега овде. „Чиј беше тогаш тој глас?”, — се праша Митре и со молњевита брзина си одговори: .,Нa бацка Петрета”. И како што го стегаше сега безопасниот противник, и тој разлабави рацете и веднаш го праша со истиот старавински говор: — Откај си ти бре, вака шо зборуваш нашинцки? Кога го слушна и Петре Митревиот глас, ги ококори очите, ја отвори широко устата, му се загледа право во очите и почна да муцка одоздола: — Ми . . . Ми .. . Митре, брате Митре!! ? Ти ли си, или твоата сенка? На Митрета не му требаше повеќе. Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онвсвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот”, за кого веруваше дека загинал уште пред три години. Митре почна да го гали по главата, ги залепи своите испукани усни на негавиот образ, гушејќи се и тој во солзи. Тивко, тивко го расвести и бргу го поведе кои своите српоки окопи, каде што веќе другарите беа се загрижиле за него, ота и зората наближуваше. Го напоруча убаво, убаво, и Петре изјави желба да остане со брата си во првите редици и да се бори за ослободување на неговото село Старавина. На началството му се свиде оваа Пегрева постапка, ги остави браќата заедно и тие први влегоа во Старавина по пробојот на фронтот. Први дотрчаа и во Витолишча, каде што го најдоа татка си Петка и невестите со децата… |