|
|
ИЗЈАВИ НА МИНИСТРИТЕ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА АНГЛИЈА, АВСТРИЈА И ФРАНЦИЈА ВО ВРСКА СО САНСТЕФАНСКИОТ ДОГОВОР И МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ |
(Април-мај 1878 год.) "Лордот Солзбери, англискиот министер за надворешни работи, во инструкциите до својот амбасадор во Цариград, од 18 април 1878 год., во врска со Санстефанскиот прелиминарен договор пишувал: "без одлагање зацртаното бугарско кнежевство во Санстефанскиот мировен договор, не смее да остане во такви широки граници и да држи територии кои етнички не му припаѓаат". Австрискиот министер за надворешни работи, во инструкциите до својот амбасадор во Цариград, од 17 мај 1878 год., му пишувал: "Дајте му на знаење на Недилов, рускиот ам-басадор во Цариград, дека нашата влада никако нема да толерира едно широко бугарско кнежевство. Во Санстефанскиот прелиминарен мировен договор воопшто не е зачуван етничкиот принцип. Нам ни е познато, според статистичките податоци со кои располагаме, дека Бугарите и Србите ја населуваат земјата од Црното до Јадранското Море. Србите се протегаат на запад и на левиот брег на Дунав и Сава, додека Бугарите се протегаат од Дунав со стара Планина. Територијата на Македонија е на-селена со разновидно население, во кое преовладува словенскиот елемент. Меѓутоа, познато е дека во тамошното словенско население се јавува една силна струја, која настојува да трг-не по својот сопствен пат. Нашите интереси во поново време ни наложуваат да продреме во Македонија и да излеземе на Егејско-то Море, користејќи се со наклонетоста на словенското население во Македонија." Во телеграмата на францускиот министер за надворешни работи, испратена до својот амбасадор во Цариград, меѓу останатото, пишува: "Ние и натаму стоиме на гледиштето дека, освен бугарскиот, постојат и други народи на Балканскиот Полуостров, кои во догледно време трба да бидат ослободени. Словенското население во Македонија во ваквата ситуација лесно може да се приврзе кон Франција, со што нашите позиции во овој дел на светот би пораснале. Нашата влада остро му се сп-ротивставува на Санстефанскиот мировен договор..." (Хоф-унд Стааатсарцхив Њиен, " Политисцхес арцхив ЏЏЏИИИ Туркеѕ", Картон 129 - цит. сп. С. Димовски, Сведоштва и документи; Доцументс дипломатиљуе, .III бр. 432 од 15 мај 1878 - цит. сп. С. Димевски, Сведоштва и документи; -цит од кн. на Д. Ташковски За македонската нација). ИЗЈАВА НА РУСКИОТ ЦАР АЛЕКСАНДАР II ЗА САНСТЕФАНСКИОТ ДОГОВОР И ВЕЛИКОБУГАРСКИОТ ШОВИНИЗАМ "Рускиот цар Александар ИИ, нешто подоцна во една прилика изјави: “… Ги штитев интересите на Русија а, не етничката припадност на населението…За среќе валидноста на тој Договор, траеше само четири месеци и никогаш во сила не влезе…“Во една друга пригода рускиот цар рекол: “ ој договор претвори еден народ, без јасно народносно сознание, без сеопшти политички цели, без здраво навлезени во него идеи за национална слобода, во народ со голем процент на шовинисти. Ги посади во него бацилите на великобугаризмот. Тие кои…дадоа писмени изјави дека се задоволни од султанот, од турското владеење и дека не бараат слобода, сега, за кус период, ги прегрнаа идеите на великобугарскиот шовинизам. шовинистичките идеи треба да се маскираат со силатата на науката. Ако за внатрешните консу-мирања емоционалните изливи беа доволни, за надворешниот свет беа неопходни научни аргументи... Така до великогрчкиот и великосрпскиот ќе се доближи, не помалку опасниот за Македон-ците, великобугарски шовинизам.” Г. Радуле, Историја на Македонија, Софија 1997, стр 242; СКЛУЧУВАЊЕТО НА САНСТЕФАНСКИОТ ДОГОВОР ОД РУСКА СТРАНА БЕШЕ ГОЛЕМА ГРЕШКА (в. “Петербуршки ведомости”, Бр. 315 од 1900 г.) “Склучувањето на Санстефанскиот договор беше од руска страна голема грешка. Зашто тој Договор правеше од Македонија чисто бугарска земја. Таа е словенска, но не и бугарска…” Коста Георгиев, “ Филетизм или проклјатие”, Софија, 1995, стр 157 ИЗЈАВА НА ГРОФОТ ШУВАЛОВ: САНСТЕФАНСКИОТ МИР Е НЕСРЕЌА И НАЈГОЛЕМО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ЗА РУСИЈА "По силните притисоци на Австро-Унгарија и Англија врз така скроениот Санстефански договор, идејата за негова ревизија била прифатена и од владата на Русија. Кнезот Горчаков, по чија наредба руската делегација го потпишала договорот, нешто подоцна самиот напишал: “Санстефанскиот мир ни создаде големи потешкотии. Сега ние треба да отстапуваме, и без жртви, одвај ќе најдеме излез од положбата”. По тој настан реагирал и грофот шувалов, кој на австроунгарскиот министер Андраши му изјавил: “Санстефанскиот мир е несреќа за нас, а не за Австрија. Тоа е најголемото недоразбирање што можевме да го направиме. На крајот на краиштата, ние ќе бидеме принудени да отстапиме пред очите на цела Европа…” Ванчо Стојчев, Распаѓање на идејата за голема словенска држава на Балканот, Македонско време, бр.56, јуни 1999, стр. 33-34; |