Среда, 11 Јули 2018   
Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

sloboda-ili-smrt

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите стари омрази, инспирирани однадвор, и личните расправии за да се здружиме и да создадеме цврста јатка за единството и независноста на нашата земја. Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците. Македонија на Македонците!“ – се вели во Апелот за единство на Македонците во Швајцарија од 1918 горина

По Првата светска војна македонскиот народ остана потчинет и поделен на три дела. И во вакви услови воспоставувањето на целоста на Македонија и натаму остануваше негова примарна цел. За нив беше најзначајно воспоставување територијално единство на Македонија и од неа да се конституира автономна држава. Македонскиот народ полагаше огромни надежи дека состојбата ќе се промени на Мировната конференција во Париз. 

Овој стремеж преставувал камен темелник врз кој се базирала основната дејност на македонската емиграција во Бугарија и други земји во Европа, особено во Швајцарија. Во Бугарија доаѓа до обединување на прогресивните сили кои излегуваат со заеднички апел во кој уште еднаш го афирмираат барањето за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции и постојана неутралност. Исто така, и надвор од Бугарија, македонската емиграција својата дејност ја насочила кон осигурување на целоста и автономијата на Македонија. Во тој поглед посебно место има емиграцијата во Швајцарија, чии бројни друштва се обединуваат во Генерален совет во Женева.  

Со цел сите Македонци да се здружат за да создадат јатка за единството и независноста на Македонија, Комитетот во Швајцарија испрати Апел за единство на Македонците во Швајцарија во кој се вели:

Во моментот кога сите нации мислат да ги организираат основите на една федерација што води кон едно свето универзално единство, со уважување на националните разлики, ние штотуку формиравме едно македонско друштво за независноста на Македонија и нејзината преродба врз федеративна основа, во согласност со Друштвото на народите.

Истовремено ние имавме предвид да го известиме општественото мислење за македонското прашање, замаглено, oд една страна, од разни агенти однадвор кои, не познавајќи ја Македонија, придонесувале за изопачување на јавното мислење; од друга страна, од внатрешни поткупени агенти, заинтересирани Македонци.

Секој народ има право да живее, да биде слободен и да располага со себеси. Тоа е природно човечко право.

Македонија со својот народ претставува едно единство, несреќно расцепено од неправедните натпревари на соседите. Оние народи го кршат својот јарем кои ја докажуваат својата виталност со својот сопствен напор.

Ние сакаме да бидеме слободни!

Ние сакаме да ги уредуваме нашите работи сами, за нас самите!

Зошто да ги пуштаме амбициозните влади да расправаат за нашата судбина, која ни припаѓа само нам: да ја земеме енергично во свои раце!

Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите стари омрази, инспирирани однадвор, и личните расправии за да се здружиме и да создадеме цврста јатка за единството и независноста на нашата земја.

Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците. Македонија на Македонците!

Да живее независна Македонија!

Да живее Друштвото на народите!

КОМИТЕТОТ

N. В. Оние што сакаат да се вклучат се молат да ја испратат својата адреса до седиштето на Друштвото: Македонско друштво. Привремена адреса: фах 19552. Плен Пале. Женева.

Добредојдени ќе бидат исто така во нашето Друштво, како и за нашата борба за независноста на Македонија сите оние што ја симпатизираат нашата идеја, кои сакаат да не окуражат со своите совети и со својата помош.“ (ДА ДСИП - Париско посланство 1918. Фонд I, дос. 38.)

Апелот за здружување на сите Македонци што живееле во Швајцарија брзо се реализирал со создавањето на неколку македонски политички друштва кои се здружиле во една единствеиа организација - Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија. Се именува и како: Главен одбор на македонските друштва во Швајцарија. Овде го даваме и основачкиот акт на здружените друштва.

„Денес, 15 декември 1918 г., три македонски друштва, т.е. „Македонија", Друштво за заштита на правата на Македонците со седиште во Лозана; Македонското друштво за независна Македонија со седиште во Женева и Политичкото друштво „Македонија на Македонците" со седиште во Цирих, собрани на општо собрание во хотелот „Викторија" во Лозана, по сестрана дискусија конституираа Генерален совет од трите гореспомнати друштва под името „Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија" со привремено седиште во Лозана.

Неговата цел е да бара да се применат принципите на претседателот Вилсон и на силите на Антантата, т.е. да му се даде на македонското население право слободно да располага со својата судбина, како што тоа им е дадено на другите поробени народи.

Генералниот совет се одбра во следниов состав: Претседател - Ст. Тилков; потпретседатели: д-р А. Коцарев и д-р П. Здравев; секретари: А. Гиков и К. Стефанов; советници: д-р Дим. Не-сторов и Г. Николов, а за благајник К. Лешко.“

По формирањето, Генералниот совет развил жива активност во Европа и Америка за популаризација на оправданите барања на македонскиот народ, настојувајќи тие да бидат поткрепени од меѓународната јавност пред Мировната конференција.

Сепак, и покрај сите напори на македонскиот народ и неговата емиграција, поради  големиот број непријатели, Македонија по Мировната конференција во Париз останала поделена.

Денес, стотина години потоа, кога под притисок од надвор и од внатрешни поткупени агенти е доведено во прашање опстанокот на единствениот слободен дел на Македонија, повторно ни е потребно единство на Македонците, не само во земјата, туку и во странство. Само со заеднички сили македонскиот народ може да стави крај Македонија да биде монета за поткусурување. 

(извор: Историја на Македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 213 – 214; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 602 -604 )

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.