Среда, 10 Април 2019   
Њујорк тајмс:„Грците ги предадоа Македонците“

NEWT

ТЕКСТ ОД ПРЕД 100 ГОДИНИ АКТУЕЛЕН И ДЕНЕСКА

Угледниот весник во насловот зборува за Македонци уште пред повеќе од 100 години и за тоа како Грците ги накодошиле кај турските власти една година пред Илинденското востание.

Текстот со наслов "Грците ги предадоа Македонците" објавен во "Њујорк тајмс" пред повеќе од сто години е најинтересниот дел од неколку архивски материјали кои се однесуваат на Македонија, а што режисерот Милчо Манчевски реши да ги подари како факсимили на Архивот на Македонија и на Музеите на Македонија.

Ова се материјали кои Манчевски и неговиот тим соработници ги откриле додека истражувале по светските архиви за потребите на неговиот филм "Прашина" (кој се однесува на периодот околу Илинденското востание) и за потребите на неговиот иден проект, се уште без наслов.
Станува збор за новинарски извештаи од Македонија што се објавени во "Њујорк тајмс" во периодот пред и за време на Илинденското востание, од 1901 до 1903 година.
Од денешна преспектива фрапантна е актуелноста на текстот "Грците ги предадоа Македонците" од "Њујорк тајмс" на 31. март 1902.
" Одлични се насловите. Угледниот весник во насловот зборува за Македонци уште пред повеќе од 100 години и за тоа како Грците ги накодошиле кај турските власти една година пред Илинденското востание. Иако станува збор за сериозен весник, "Њујорк тајмс" не се воздржува да нагласи некои работи", вели Манчевски.
Новинарот на "Њујорк тајмс" во овој текст објаснува дека откако грчките власти дознале дека во Македонија се подготвува востание, тие ги накодошиле Македонците кај султанот. Фактот дека само осумдесетина години пред тоа и самите се бореле за слобода против таа иста Отоманска империја воопшто не ги спречил Грците да работат против македонската борба за слобода, а со цел во иднина да го шират своето влијание во Македонија и по можност да ја освојат.
Во текстот револуционерната организација се споредува со ирските националисти, а се верува (погрешно) дека таа "се уште (во 1902) работи под водства на Сарафов". Текстот понатаму наведува дека состојбата во Македонија нема да се подобри оти се "потребни реформи, но тие нема да се случат поради разединетоста на европските сили".
Да потсетиме, безмалку во ден, точно 106 години подоцна, на 3 април годинава, откако Грција стави вето за покана за Македонија во НАТО само затоа што не и се допаѓа името на земјава, "Њујорк тајмс" тоа го осуди со уводник под наслов "Срамота за Грција, се закача со Македонија".
Манчевски кој веќе подолго време е и професор на Универзитетот во Њујорк, обајснува како дошол до текстовите во "Њујорк тајмс" од пред сто години:
"Д-р Ирис Кронауер и д-р Ерик Тангерстад работат книга за моето творештво неодамна ме замолија да им дадам на увид документи од подготовките и од снимањето. Почнав во мојата архива да копам по купиштата материјали што ги имам насобрано додека истражував за моите филмови (само во "Прашина" имавме над 160 библиографски единици). Тогаш пак налетав на овие новински текстови од "Њујорк тајмс" кои се однесуваат на борбите во Македонија. Ги бев заборавил. Ги бевме откупиле од Њујоршката библиотека пред десетина години. Имам намера да им ги подарам на нашите музеи и на архивот", вели Манчевски.
(М. К.) 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.