Среда, 11 Септември 2024   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (3)

makedonija moj kopnez

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (3)

Јаковлевски испрашуван од БНД-Германската тајна служба

 Неуспешен обид за убиство на претседателот на Република Македонија Кири Глигоров беше извршен на 3 октомври 1995 година. Претседателот Глигоров го преживеа атентатот, а неговиот возач загина. По повод атентатот пвеќе лица беа опфатени во истрагата. Меѓу осумничените беа членови на ВМРО ДПМНЕ, кои неколку месеци пред тој настан имаа состанок во Галичник. Додека македонските безбедносни служби ги испрашуваа членовите на ВМРО ДПМНЕ во земјата, Мане Јаковлевски беше испрашуван за атентатот од Германската тајна служба. Во монографијата "Македонија, мој копнеж - Манојил Мане Јаковлески" во врска за испитувањето на Мане Јаковлевски од страна на агенти на БНД, авторот ќе забележи:

„Истовремено, од македонските тајни служби, беше осомничен и Манојил Мане Јаковлески, дека има вмешано прсти врз атентатот на Киро Глигоров. Поради тоа, агенти на германската разузнавачка служба, БНД, три дена го испрашувале и од разговорот бил составен записник, од над сто страници. Инспекторите биле коректни во испрашувањето. И покрај тоа што ним им било јасно, дека Јаковлески не е вмешан во атентатот, сепак морале да ги исполнат, вообичаените меѓународни процедури и да го информираат МВР на Република Македонија, кое го сомничело Манојил за атентатот. Кога инспекторите му соопштиле дека треба да го испрашуваат за атентатот на Глигоров, Манојил бил непријатно изненаден и веднаш ги отфрли обвинувањата како невистинити. Прифатил да оди во службените простории и да одговара на сите прашања, што ќе му ги постават. Еве што вели Манојил, за разговорите со германските инспектори:

-„Неможејќи да извлечат некакво„ признание“ од моите пријатели од Зубовце и од Гостивар, со кои бевме на еднодневниот излет во Галичник, дека јас сум организатор на атентатот на претседателот Киро Глигоров, во средината на октомври 1995 година, десетина дена по атентатот, се соочив со неочекувано изнуден, вештачки проблем. Во ресторанот „НовоСкопје“ во Берлин, дојдоа две лица и ми се претставија дека се од Владата на Германија. Вообичаено, службените лица ги препознавав по нарачката на пијалакот. Ако нарачаат вода и кафе се службено дојдени, ако нарачаат пиво или вино или друг алкохолен пијалок, значи се приватно. Гостите имаа нарачано две минерални води. Ме повикаа на масата на која седеа и ми понудија да се напијам вода. Им реков дека не сум расположен за вода и нарачав македонско црвено вино.

Почнавме да дискутираме за општи работи, за политиката во Македонија и тн. Во еден момент од разговорот, ме испровоцираа да го споменам името на претседателот Киро Глигоров. И двајцата веднаш реагираа: „ Кога веќе го споменавте г. Киро Глигоров, што мислите за атентатот, кој беше извршен врз него“, ме прашаа. Им одговорив: „ Господ ја чува Македонија и добро беше што атентатот не успеа. “Двајцата во еден глас, ми го поставија прашањето:„Што е добро, дека не е убиен г. Киро Глигоров?“„ Доколку целта на атентаторите им беше Македонија да остане во рамките на скратена Југославија, како што тогаш ја нарекувавме Србославија, ќе им се оствареше целта“, им одговорив. „Е, па добро г. Јаковлески, ние имаме други сознанија за Вас“, ми рекоа. Ги прашав какви сознанија имаат? Ми одговрија: „ Вие сте вмешани во атенатот. Ве молиме, утре да дојдете на разговор во нашата канцеларија, што се наоѓа во близина на аеродромот Темпелхоф“. Од поодамна знаев, дека таму се наоѓа седиштето на германската разурнувачка служба, БНД.

Наредниот ден, во 9 часот наутро, пристигнав во канцеларијата на двајцата инспектори, кои ме чекаа. Тука беше и една жена, која на машина за пишување го водеше записникот од разговорот. Испитувањето траеше три дена. Среќен ќе бев, да добиев копие од записникот, па ќе можев да напишам автобиографска книга. Германската полиција била инфомирана од тајните служби на Република Македонија, дека македонската миграција во Европа, мене ме вмешала во атентатот на г. Киро Глигоров и дека тој бил извршен по мој налог. Тоа категорички го негирав. На германските службеници им понудив да го погледнат пасошот и да се убедат дека во тој период, во тие денови немам патувања, ниту влез, ниту излез од Германија. Тие ми потврдија. - „Да г. Јаковлески, знаеме дека не сте биле во Македонија, кога бил извршен атентатот. Меѓутоа, безбедносните служби во Македонија ни посочија, дека Вие сте осомничен и ние мораме да реагираме“. По три дена разговори, ми го дадоа записникот да го потпишам,кој беше обемен, и содржеше неколку стотина страници. Им реков дека не можам да го потпишам, бидејќи за кратко време не можам да го прочитам и се надевам дека службеничката, што го запишуваше разговорот, нема ништо против мене и го има запишано тоа што го говорев. Слатко се насмеаја, а таа ми рече: „ Да, г. Јаковклески, првпат Ве гледам и ги пишував поставените прашања и одговори, онака како што беа кажани.“ „Добро,реков, на не прочитано ќе го потпишам записникот“. И го ставив мојот потпис.

Кога записничарката си замина, ги прашав инспекторите: „Дали по овој разговор, Вие откривте дека јас сум нарачателот или извршителот на атентатот врз  претседателотг. Киро Глигоров?“ „Г. Јаковлески, ние не се сомневавме и пред тоа, дека сте учествувале во атентатот по било која основа, но вашите безбедносни служби од Македонија, тоа го бараа“, ми одговорија. „Заклучивте дека не сум јас?“ – ги прашав. „ Да, да, не сте вие“, потврдија. Потоа, ги прашав, дали тие знаат кој е извршителот, односно нарачателот на атентатот? „Да, но ние Ве повикавме Вас да ве испрашуваме, а не Вие да ни поставувате прашања!“ Бев упорен: „ Вашата службеничка замина, останавме сами, сега разговараме приватно, не се снима, не се води записник. Кога влегував ми беше извршен детален претерес, немам оружје, ниту апарат за снимање, немам можност за тоа. Ме интересира лично, кои се Вашите сознанија за атентатот?“, ги прашав. Се погледнаа, а потоа кратко ми одговорија: „ Зад  атентатот на г. Киро Глигоров, стојат Бранко Црвенковски, Стојан Андов и Љубомир Фрчковски. Не се извршители, меѓутоа,се вмешани во него“. Им се заблагодарив и ја напуштив зградата на германската тајна полиција.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.