Среда, 29 Мај 2019   
Македонското Народно Движење (Македонски Народен Покрет) или МАНАПО

MANAPO TEXT

Македонското Народно Движење (Македонски Народен Покрет) или МАНАПО

Македонското Народно Движење (Македонски Народен Покрет) или МАНАПО било левичарско движење формирано во 1936 од страна на прогресивните македонски студенти кои студирале на универзитетите во Белград и Загреб во периодот помеѓу двете светски војни.

Паралелно со комунистичките движења, почнувајќи од 1935 година, започнала и широката политичка активност на македонските студенти во Загреб, Белград и Скопје. Тие во Загреб во 1935 година и наредната година во Белград формирале истоимени културно-просветни друштва Вардар, кои активно дејствувале до април 1937, но поради својата национално-културна дејност биле забранети од страна на властите во Кралството Југославија. Обидот такво друштво да се формира и во Скопје не наидел на одобрување од страна на факултетските власти во Скопје, поради што истиот завршил неуспешно.

Членовите на овие друштва, во 1936 година во Охрид одржале нелегален состанок на кој било формирано движењето на македонските студенти наречено Македонски Народен Покрет, или Македонско Народно Движење, скратено МАНАПО, со политичка декларација како програмски документ, потпишана од околу 200 македонски студенти.

На илегалниот состанок во Охрид, биле истакнати главните цели на МАНАПО:

  • будење на националната свест кај македонскиот народ и афирмација на македонскиот народен јазик;
  • борба за ликвидирање на монархофашистичката диктатура и големосрпската хегемонија и за демократизација на земјата;
  • борба за федеративно уредување на Југославија, во која вардарскиот дел на Македонија ќе стане одделна единка;
  • соработка со сите политички движења во Југославија кои што на македонскиот народ му го признаваат правото на слободен живот и економски развој;
  • воспоставување на дипломатски односи со СССР и борба против меѓународниот фашизам.

Движењето МАНАПО имало обележје на народен фронт и било во непосредна врска со македонските комунисти.

Движењето било укинато непосредно по почетокот на Втората светска војна, по што најголемиот дел од членовите и се придружиле на Комунистичката Партија на Југославија или КПЈ, во борбата против фашизмот, уште попозната како Народно-Ослободителната Војна или НОВ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.